Долга, виткава коса шишана на степен. Порано ја носев редовно пуштена, сега понекогаш ја собирам во репче.
Долга, виткана, светло-кафеава коса. Формата ми е слична како на сликава, но бојата ми е многу посветла.
Најчесто ја носам уредно собрана, или ако ја носам пуштена сакам да ми е виткана и тоа го паравам со големи витлери.
Косата ми е долга до половината и вака ја носам Ама најчесто ги собирам шишките нагоре Малку потемна ми е од оваа на сликатаа
Еве оваква... таа боја но малку поцрвенкаста [природна е],таа должина,тој стил но малку по виткана.И ја мразам. Планирам да се изфарбам "џиш" боја и по краток стил но ќе се витка,а мразам виткана коса -.- Еве овака сакам.
Пуштена, бушава, локнеста. Не ја пеглам. Не, не. Никако. Единствено ако ми текне некогаш шишките за полесно да ги соберам. Кога е собрана многу ретко е во високо опавче. Почесто пунџа и секогаш, ама секогаш имам венче. Ако имам време тогаш правам внатрешна плетенка и потоа ја собирам во пунџа, односно ја пикам во неа. Како на сликава. Доколку немам време а сакам таков изглед ја виткам косата вака: и добивам некои фејк плетенки.
секогаш различна. обожавам да менувам фризури, еве за вечерва си сплетив плетенка настрана и ја натапирав косата, мислам дека дојде предобра
Леле esperanca и јас ја имав фризурава иста само со шишките настрана, ама фризерката последен пат ме зезна демек ќе ми ја пушта и сега слободно можам да кажам дека носам фризура НИКАКВА, во репче ми е цело време, позади ми ја ишиша подолга, а напред пократка и после сама си ишишав тоа опашките и сега чекам да ми потпорасне за да направам форма, ама тоа е, коса расте BTW: Одлична ти е косата
Лима јас имав долга коса (не ептен долга) и решив да ја скратам.И кога фризерката ми ја скрати ми беше ептен кратка и грозна, многу се нервирав дури и заплакав од тага, и ми беше срам да ја носам таква кратка и 1 месец ја носев во репче и кога ми порасна млаку ја пуштив и си ја носев вака и сега секогаш ја носам вака и си ја сакам многу А и моиве шишки се настрана, ама тука ми се згастени и затоа изгледаат така