Јас имам виткана коса и најчесто ја носам пуштена,но знам и да ја соберам во репче,пунџа,плетенка и слично
Само што се ошишав, сега ми е неколку сантима под рамена и шишките . Напред кога ја ставам ми долга над градите. нешто како ова, но подолга
Секогаш менувам, ја виткам, ја исправувам, малку пена некогаш и така ја оставам брановита, во репче, пунџи секако ја правам Еве каква ми е за вечерва со крамаво фустанче ќе бидам облечена
Јас ја носам во пунџиче многу често. Понекогаш и внатрешна плетенка си правам. Ретко ја пеглам, на топлово одма ке ми се извитка а и многу ке ја горам..
Сигурно иам оставено мислење,али нема врска. Не ја носам ја бе брат,она мене ме носи! Шо знам каква ми е фЛизурата.. Сте виделе телевизор? Ама прегорен.. Е такво нешто.. Шала на страна,ја носам до кај под рамена,таму некаде ми доаѓа,баш денеска се пострижив после една година. Виткана ми е целата и така ја оставам,демек кадрици,сексици,ова,она.. Фина е. Јас си ја обожавам.
имам права коса и најчесто ја носам испуштена или пак во пунџа или опавче. за специјални пригоди ја виткам или пак ја пеглам а над челото правам надворешна плетенка.
лелеее немој да ја фарбаш црвена, ако ти е вакво нешто како на првата слика преубава ти е! Јас да бев на твое место никогаш немаше да ја фарбам, таква коса уфф ако сакаш промена можеш да ја скратиш малце и кога ќе ти биде виткана да ти дојде некаде 10-15 цм под рамена ама добро твоја е ова јас морав да пробам да те разубедам да не ја фарбаш пошо изгледа дека јас цел живот сакам да ми биде црвена природна и мислам дека сите сакаат Како и да е со среќа со новата фризура, ако планираш промена *Инаку мојата е кафена шишана боб, после бањање редовно ми е брановидна ама се справувам јас со се Пеглана редовно за искашање (инаку тешко на човек ќе заличам)
си реков да не ти е природно така рамна јас сакам рамна да ми e скроз, ама да не ја пеглам , ја уништив со пеглата
Долга, виткана , светло кафеава и никогаш не сум ја фарбала или шатирала,ниту во блиска иднина немам во план да го сторам тоа. Ретко ја пеглам косата бидејќи несакам да ја оштетувам, но кога ја пеглам изгледа вака. И за на КРАЈ најдоброто Ви ја претставувам мојата фризура која ја носам само еден до два пати во годината, и тоа на карневалите или некој маскенбал. ( косата не ми е тапирана или нешо друго, туку само добро расчешлана )
Долга, права и рамно потсечена. Имам странични шишки од десната страна, ама летно време се обавезно тргнати од лицето. Има добри 2-3 години како не правам степени на косата и мислам дека во периодов ми е многу убава, сјајна и густа. Да не спомнувам дека конечно ја пеглам како што треба, без да се накршува и слично. Планирам да се фарбам, само се нешто се трткам и се врткам. Имам темно кафеава коса, сакам дип чоклат браун.
Имам средна должина баш каква си сакам и боја смеѓа .... за ништо на светот не би ја променила бојата на косата за мене тоа е тотален промашај зар може некоја боја поубаво да ми стои од природната кога природната ми се совпаѓа со веѓите е тенот на лицето...да не должам јас се сакам и се прифаќам онаква како што сум не велам дека немам недостатоци и работи кои не ми се допаѓаат но кој ме сака и со нив ке ме сака
јас имам кафена боја на коса и имам многу права коса значи си ја обожавам косата и ако би сакала малку повеќе волумен...Најчесто ја носам пуштена или ја врзувам во репче