Јас косата сеа си ја носам таква како што ми е...кадрава. Порано ја пеглав ама ми здосади а и веке не се бендисувам така...поубава ми е природна и кадрава!
Природно кадрава, пуштена. Зимно време знам и да си ја подиспеглам, а и да си направам шишки. Собрана мноогу ретко ( само по дома ) мислам дека не ми стои баш
Косата ми е природно брановидна па често ја носам пуштена. Порано и ја пеглав, но сега не би да ја горам. Коњско опавче, некоја пунџа или пак собрана високо и потоа плетенка.
По дома постојано собрана само поради тоа што ми е топло и навистина ми смета. А навечер секогаш пуштена.. не сум некој фан на права коса а и задоволна сум со мојата природно „изгужвана“ коса
Јас имам права коса.....и многу густа.....но сепак ја пеглам ...бидејки ми е многу густа и сакам да ми е мазна,а и кога ке се искапам малку на врвовите ми е извиткана...бидејки ми е нијансирана....
Косата ми е права и најчесто пуштена ја носам.Не ја пеглам но понекогаш и правам рецки со пегла Порано имав шишки но ми здосади од нив и ги пуштив па сега ги носам на страна Но вака само за преку ден за вечерно излечување секогаш различно ја правам (што значи не излегувам без фризура )
Како на џенифер анистон овде , само ми е три-четири сантима пократка и смеѓо-кафена и ништо не и правам, ниту ја пеглам,ниту ја виткам, само ја сушам со фен после секое миење и многу си ја сакам...
Фризури Tanjich лесно се прави ја врзуваш косата во репче, потоа земаш една Спојлер чорапа на која делот кај прстите и е пресечен и ја виткаш во вид на крофна .. Чорапата ја ставаш на врвовите од репчето и ја виткаш косата низ прстенот од чорапата... Според видеово ја правев Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=I13J7ArHTkM ..Изгледај го до крај
Ја правам како внатрешна плетенка само не земам од двете страни коса туку само од едната и доаѓа како венче.
Фризурата ми е вака како на сликава, бојата, должината, скоро се. Само што почесто ја носам испеглана, скроз права.
Oвие 3 комбинации ги правам само, во зависност од тоа колку време имам и колку ме мрзи. Летово најлесна ми беше првата, само пена за виткање и аут Третата ја правам кога ми е испеглана, така е полесно за фаќање, нема разлетани влаќна (ако има тука е лакот ) и изгледа секси.