Од скоро црвена по боја ( со колор шампон),со кркми и високи степени,долга до половината...Не ми личи на фризурата од ниедна позната фаца,така да немам што да постирам
Баш оваква ми е формата, бојата, фризурата. Најчесто ја носам вака со некои благи локни(таква ми е природна),а за некои прилики ја фенирам, пеглам, плетам и други 300 чуда
Долга и малку виткана. Кога бев мала мајка ми стално ме шишаше кратко сега веќе на памет не ми паѓа кратка коса да имам.
Моментално сега носам како што ми е природна како на сликата е иста,само што мојата е кафеава и на долниот дел имам темно црвено
Пред 2 недели ми беше долга до задникот и целата виткава со убави едри локни а сега ми е а ла Викторија Бекам Костенлива ми е инаку, и нон-стоп ја пеглам сега
леле од каде толкава храброст да ја сечиш косата јас мн.сакам да сменам ама од тоа се плашам што нон стоп на пегла треба да бидам