Во последно време најчесто со патец на средина,и бидејки конечно ја направив цела коса во иста должина,без никакви степени, и одлично се вклопи со патецот на средина. Некогаш во репче високо,некогаш и фатено пониско па со по еден прамен изваден од двете страни. Навечер знам да си направам пунџичка елегантна или да ја направам со крупни локни. Инаку долга и темно кафеава,а планирам за ја осветлам до крајот на годинава.
Таа е должината и бојата, а и вака често си ја носам.Ја носам и нагоре како предниот дел зафрлен, незнам како точно да објаснам, а и слика не можам да најдам. За по дома во пунџа или реп. И надвор понекогаш така ја фаќам. А за родендени, прослави и сл. ја пеглам пеглам или виткам, зависи од расположение (ми стои и пеглана и виткана).
ммм виткана ..долга..прилично густа ..стварно убава.. али нели тие шо иаме виткана сакаме некад и права..па често знам и да ја испеглам..
Еми сега е баш баш ваква, иста, само кркмата ми е малце настрана, ама малце И бојата е иста Мислев на плавушата де, не сум Камелеон Од фризурите на фемина ја симнав
пегланаа виткана ми е природна ама тоа у лето сеа многу си ја сакам права -нешто вака само светло кафена, и маалце пократка
Вчера се шишав Спојлер сама , утре ке одам да ме среди фризер, инаку сега еве ваква ми е а и таква ке ми остане само посредена. Сега се чудам дали и да се офарбам како девојката на сликата
Сега фризурата ми е ваква ,не сум шишана можеби 1 година, косата ми е порасната до под градите и имав шишки , ама ми пораснаа и сега си ги носам на страна како на сликава.Инаку бојата за 2 нијанси ми е потемна и не ми е толку права малце прекршена доле на врвовите ама ја пеглам и 3 дена ми стои така права.
Најчесто ми е пуштена имам (не многу долга) ПРАВА коса ми беше многу долга, но на крајот од летото ја кратив до над градите :geek: имам и вакви шишки
Mразам монотонија со фризура. До сега ги имам сменето сите бои на коса, освен црна Сакам да експериментирам и доста често одам од крајност во крајност. Сум имала долга коса до половина, па сум ја кратела во боцки Последна промена направив пред некој ден кога од коса до половина ја скратив до рамена, па сега и размислувам да ја сменам бојата на косата. Само уште сум во недоумица, на која боја да ја променам и на кој начин (фарба или шатирање).
Порано ми беше ваква.. А сега ми е слична на оваа..само потемна нијанса Планирам повторно да си сечам рамни шишки ..
Пред месец дена ишишав едно 30 сантими од косата, сега е свежа здрава коса со должина од околу 10 цм под раменици. Ги нема веќе освен минимално ептен незабележително светлите прамени од бланширањето кое го оставив пред 3 и нешто години но кое освен со ножички на друг начин не се вади. И природна кафена боја ми е, но сакам уште малку да ја скратам ај за некој месец. Aх да ако не е исфенирана е како во штекер да сум ставила прст. Ако ја испеглам топ е, нормално се додека не ме фати дожд или влага или магла тогаш пак е ајштајн фешн. А ако ја извиткам треба цело шишенце лак за да издржи некој саат. И ја носам со патец на средина, после 100 години на овој начин и го баталив патецот на лево.
Цела есен ми е во ваква Alexader Wang плетенка... Дека ми пораснаа шишките кои ми беа рамни и тешко ми е да им најдам соодветна фризура, да заличат на нешто. Ова ептен ми е лесно ги фенирам на една страна, се плетам и чао џаци
Косата ми е долга,некаде виткана некаде права но почесто ја пеглам и ја носам на страна и затоа секој 3 ден ја мијам бидејќи се мрси со префрлање од една на друга страна.имам грди уши но горниот дел малце е клемпав и се познава преку косата.А,шишки не ми стојат така да ако имате некој план за помош кажете.
Имав долга, права коса со шишки до брадата, па сите ме прашуваа дали ја пеглам Ама малку ми беше расцветана на врвовите и решив да ја скратам. Сега ми е на степени и малку пократка, а имам и шишки настрана. Бтв косата ми е смеѓа