Кафена, бушава, неколку центиметри под раменици. Ми беше подолга и погуста, но пред скоро месец решив да ја средам малце...сепак, колку можеш да средиш кадрава коса?
вчера бев на фризер и ја скратив едно добри 3 сантимертри,сега ми е до под гради,рамно шишана, и си направив шишки со прв степен од кај веѓи ама на две страни (поделбата ми паѓа баш на лево око)
Најчесто кратка. Бушава, ваш енд гоу фризура. Често ја менувам. Формата, а поретко и бојата... А ќе поминат два-три месеци и одма имам некоја нова инспирација...
Како Мерлинка, само кафена! Ова е после денешната посета на мојот стар фризер, со добри 15-20 сантиметри помалку од утрово. Ми се скрати, ми се собра, ми се навитка...
Потполно иста како сликата на профилот,имам мало топчесто лице со високо чело , веќе една година сум со кратка коса и во догледно време не планирам да ја сменам , фризурата ми е пери носи , за 5 мин средена.Инаку пред олку кратко да ја ишишам имав долга коса , баш долга ама не ја сакав .
http://www.google.com/imgres?q=long+hai ... 4CA&zoom=1 Ваква е мојата. Само не изгледа толку сува, имам убава, здрава и јака коса.
Кога како!!.. секогаш косата ми е различна!! еден ден испеглана! еден ден во репче..еден ден брановита..еден ден локни..еден ден плетенка!! како ке ми дојде тој ден ..
Мојата е конечно натурале, значи нема веќе светли прамени, одвај се оттарасив од нив, веќе никогаш повеќе нема да правам вакви експерименти - часна плавушанска реч! Еве ја, на природно светло, каква што највеќе си ја љубам. И тука и' немам ништо правено, ваква ми е по природа - мало бушава, мало кокакола.