скоро секогаш со Bob-фризурче (или нешто слично над рамена) а пусти кејф да ја пуштам долга... ама ја мијам секој ден и ја фенирам, а долга ми е тешка за одржавање, вака чиста коса, секогаш средена, и четката за фенирање си ја носам стално со мене!
Сега си ја пуштам долга косата.А иначе за во школо и за изкачање си правам различни фризури што сама си ги измислувам,со плетенки најчесто
До пред неколку часа ми беше ваква и малку подолга, со тоа што црно-кафената фарба ми падна и е мојата природна посветло кафена. А пред неколку часа се ишишав, и си направив боб фризура до рамена. Вака некако Само што немам шишки, а во недоумница сум дали деновиве поторно да одам и да ми ишишаат.
Топло ти препорачувам да си ишишаш длабоки шишки, и јас имам вакво фризурче со шишки и многу убаво стои Спојлер не е фалење! а и шишките побрзо растат така што до Нова Година ќе можеш да смениш со шишки на страна!
Имам густа кадрава коса и многу долг период ја носев долга,рамна или пак со мал степен. Oва лето ме фати мерак за боб фризура па решив да ја испробам и ми се допаѓа како ми стои. Е сега, веќе ми е порасната(мн.брзо ми расте косата) и не ја шишам пак ме фати мерак за долга коса...Но, којзнае што ќе ми текне до другото лето.
Имав плава коса со потемни прамени ми изгледаше како шатирана.Не знам што ми текна да ја исфарбам целата плава,сега не можам да и ја вратам старата боја никако и ми се оштети влакното па не ми стои права како што ми стоеше порано.Сега морам да ја фенирам па пеглам инаку целата ми е извиткана.А должината ми е до рамена со шишки и испеглано стои многу убаво.
виткана ми е косата на локни и најчесто ја носам пуштена со плетенка-шишките пола на едната страна пола на другата. мн убаво изгледа така. а кога ме мрзи да плетам шишките собрани нагоре со штипка или бушава пунџа.
Вака ми беше претходниот петок за излегување. Многу пати знам да си ја извиткам и цела вечер се чуствувам женствено .
strumfeta ја виткаше со плетенка или? незнам во која тема имаше поставено некој видео два прамена се мотаат нешто како плетенка (незнам баш да објаснам ) ај те замолувам да кажеш со што и како ја навитка многу тие убаво навиткана позз за ова видео мислев дали вака ја виткаше или со плетенка обична http://www.youtube.com/watch?v=iP3k1t0L ... _embedded#!
Не не девојки со фигаро ми е виткана. Ја виткам целата, се наведнувам надолу да ми падне косата и со прстите ќе поминам низ неа да ми се изедначи. После тоа ќе ја напрскам со лак. Стои таква една вечер, наредниот ден малку падне и пак убава стои. Се надевам ќе успеете да си ја навиткате и закачете по некоја сликичка .
Мојата коса не е ни виткана ни права. Од коренот до средината е права на краевите е малце подвиткана. Бујна ми е, но многу брзо ми се мрси. Должината ми е до под градите, ама сакам уште подолга. Обожавам мноогу долга коса. До пред речиси една година ја стрие степенесто ама сега сакам да ја израмнам т.е. да нема степени на косата затоа што без нив послесно се прават секакви фризури. Бојата ми е кафена. Ретко ја пеглам. еве некои интересни фризури http://www.youtube.com/watch?v=LWxgxVAq ... ce=message http://www.youtube.com/watch?v=-MWqyGtz ... ce=message http://www.youtube.com/watch?v=0HuBP7C- ... ce=message
http://www.youtube.com/watch?v=tV8-1-gg ... ce=message http://www.youtube.com/watch?v=aw5nfprv ... ce=message http://www.youtube.com/watch?v=yyrLlFWa ... ce=message http://www.youtube.com/watch?v=R1ylR8NH ... ce=message http://www.youtube.com/watch?v=iLN-Uywe ... ce=message еве некои интересни фризури кои моете да си ги направите без да употрбувате преси и да ја уштетувате косата, а сепак да имате убава фризура
Мојата коса не ни кратка ни мн долга. Природна ми е виткана,знам некогаш да ја испеглам ама ретко зошто несакам да ја горам. Мн често ја носам врзана пунџичка И задоволна сум си од косата