- мој совет, зашо не ја врзеш во репче? пуштена (природна)- се чуствувам како покахонтас а реалноста е многу сурова пеглана , врзана, плетенка врзана, и рибина инт. ама сеа проблемот е што имам цветни градини треба опасно да мењам фриз, а ако отидам на фризер и речам вади цвет ништо чудно да се фати за машинката нуларица да ме среди, зимава од ладното лом тежок се стори, од сега нов режим на одржување
Косата ми е природна, и по шо неможам да правам некој експерименти со начинот на нејзиниот изглед, секогаш ја носам пуштена, и соберена во опафче , и ми изгледа како некоја интересна пунџа , сепак јас си се допаѓам самата себеси и не ми е битно за другите , мојата коса многу си ја сакам !
Косата моментално ми е долга права.. Често е носам во реп или плетенка од едната страна, пуштена е носам поретко
иста боја,иста должина,исто виткана(природно) и така..се исто. ретко ја пеглам..некад за посебни прилики зашто многу ми се гори
Секогаш ми е пеглана бидејќи од кога ќе ја измијам многу ми се бујати ако можам така да кажам. Како гром да ме има мавнато и ме нервира А и шишки имам така да и тие треба да се доведат во ред со пегла
Не знам дали во точна тема ќе го поставам прашањево, ама ајде. Имам долга коса,скоро до половината. Права ми е, и со слаб степен шишана. Викендов ми ја извиткаа со оние дрвените текни витлери, и преубава ми излезе. Ќе ставам и слика да видите колку многу ми се извитка. Сакам таква да ми биде некој период, ама да не ја виткам секојдневно со витлери. Некој друг начин да имам таква коса? Фризирање или минивал? Не се разбирам многу во тие работи.