иии јас после долги и мучни 7 месеци се рашишав, извадив тие врвовите, задоволна сум, неможам слика да барам сеа, такво кратко фризче назад рамна напред подолга, задоволна сум. Сакав шишки на страна ама треба пак да пеглам за да ми бидат прави и се попишманив
Имам долга виткана коса, степенасто шишана и си ја обожавам Многу ретко ја пеглам, убаво ми стои и права, ама не сакам да ја горам. Си ја сакам ваква, виткана и бушава
Не ја носам јас. Се борам со неа. Ми пораснала навистина и признавам, не ми стои на формата на лицето. А дојдам дома, веднаш ја собирам во пунџа, нека се пусти. Едвај чекам јуни да ја скастрам!
Епа вака сакам малко да си ја променам фризурата ми здосади оваа може ли да ми дадете некој предлог како да се исисам инаку косата ми е до рамената и имам 16 години фала
Па.. сеа само што сменив фризура.. значи цела коса онака само си ја освежив..аа напред шишки си напраив.. ии сеа сите ми викаат сум личела на некоја бахар или нез како беше..од некоја серија
Косата моја е мнооогу виткана, под рамена некаде и мноогу бушава, ама си ја сакам ваква и не можам да се замислам со друга фризура така убо ми стој
И мене од пред некој ден ми е иста како сликата што ја постирала MandyLane, два сантима пократка можда...И посветла кафеава имам.
Мојата плаче за шишање,но ке издржи до јуни. Плава ми е (плаво си е плаво),долга до половината и степенеста,но некако ми губи форма.
ваква ми е ама сега ја пуштам, по некогаш ја пеглам ама голема мрза сум во врска со тоа бидејќи косата ми е многу густа и одзима време...
Деновиве ја носам така природна исушена со шишките на едната страна. Ми се здосади со патецот на средина и права..
До пред некој месец ми беше долга и многу светло руса, скоро платинеста, а сега ми е како на сликата, градација на бои долниот дел остана од фарбаното и нагоре постепено се затемнува до мојата природна смеѓа на коренот.
Бидејќи косава ми е многу долга и густа и тешка,па некогаш е носам пуштена изфенирана,или пак извиткана со внатрешни плетенки,или со крпчиња Спојлер природен начин на виткање. .Најчесто е носам коњско опафче,или пак фатена пучџичка Така ми е најудобно
Како што реков дека ќе се шишам. Бев и ме ошутија и сега ме срам да излезам од дома. Сега ми е ваква некако само со патецот на средина.
мојата коса е до раменици, без шишки... само утре ќе одам на фризер за шишки... незнам како ќе испадне, вие што мислите... какво искуство со шишки... не сум ги имала 5 години, не се сеќавам ама ич. како да се ишишам ...
Мојата коса е ко онаа на втората слика, само црвена За шишки сум апсолутно ДА! Откако ги направив, пред 1 ипол година, не можам да се изнагледам колку убаво ми стојат.. Лицето ми се смени комплетно.. Не ми треба веќе никаков украс на косата, шишките се сами по себе доволни
хехе фала за убавото мислење sanjalica . јас ги прашав другарките, ама некои беа против... сега ќе си закажам за утре после школо,ќе гледам да се ушишам како втората слика ех што убаво е да чуе што не ми требаат украси, не мора веќе да се троши за шноли кои ги губам секојдненвно