bob sli4no ko prethodnava malce podolga i ja peglam sekoja bozja den duri i mi e zdosadeno vejke toa peglanje
Ау мојата коса, прича сама за себе Имам долга прекршена црна коса. Најчесто и ставам пена, п а станувам ненормално бушава А многу ретко ја пеглам, поубо ми стои ама ме мрзи да ја пеглам секој ден
Ваква ми е косата само за некоја нијанса посветла. Понекогаш ја виткам, често ја носам со штипка фатена високо на главата или во коњско опавче. Сега скоро му е на дечко ми роденден па се мислам што да и направам на косава, сакам да биде нешто поинакво од она што до сега сум го правела. Ај ќе разгледам на нет, ќе извадам некоја слика и ќе и речам на фризерката: Вакава сакам да ми ја направиш !
Мојата е слична само малку посветла, многу ми е тенко влакното па кога ќе ја испеглам ко да иам 3 влакна =))) имам високо чело и многу сакам шишки но со ваква коса ко мојава тешко... ќе треба секој ден да ја пеглам уште тоа ми фали па без коса да останам Во последно време ја носам во плетенка, внатрешна или обична, во мода е сезонава ...
Мислам формата ми е мене таа,не знаев дека и нијанси пишувате! Инаку многу посветла од оваа ми е,светло кафена,темно руса...така нешто ми е.
јас денес се ишишав кратко. едната страна пократка, другата подолга, мерак ми беше, а не ја шишам вака првпат е сеа, проблемот е пеглањето, кое го избегнувам што е можно почесто.
јас денес се ишишав кратко. едната страна пократка, другата подолга, мерак ми беше, а не ја шишам вака првпат е сеа, проблемот е пеглањето, кое го избегнувам што е можно почесто.
имам црвена коса и шишана сум на степен... шишките ги туркам настрана а обожавам да ја пеглам... некогаш ја виткам со пегла (почесто сега), со витлери, со плетенчиња.... ама вонглавно права
Секако сум ја носела фризурата:Долго време имав долга коса скоро до половина,кога беше доделувањето на дипломите за завршено средно образование се шишав боб фризура со едната страна пократка другата подолга,па кога ми попорасна ја направив рамно шишана,па после со шишки рамни па коси па степенесто и сега ми е некаде една педа под рамениците со долги шишки.Само бојата на косата никогаш не сум ја сменила,шатирана ми е.
Имам права, долга и рамна (нема степени) кафеава коса.. а да, и многу густа, па така најдобар спас за таквата коса е да е долга.. порано ја шишав и на степени 2-3, ама сфатив дека и не ми стои најдобро така според формата на лицето (исто и шишки сум имала ама не бива =)) И сегашната си ја сакам, иако на лето скоро нон стоп ми е врзана или со две големи иглици ја фаќам ама послободно и баш изгледа убаво.
Долга до над гради, темно кафена и природно виткана, но само на врвовите ми се прават локни и го мразам тоа, така што секогаш се пеглам, т.е. за излегување, а некогаш знам и да си ја фатам во репче и така терам иако ми е виткана.