девојки не се оди кај секој фризер знам како е да ти ја зафркнат косата сепак пола човек го прави косата сепак не е лоша фризура ама ваква фризура на средина патецот не ми се допаѓа воопшто вака на слика да убава ми е
Фризурата ми е иста како оваа на сликава, ама бојата во никој случај. Мојата е природна нијанса на руса, ама светла-темна-средна = испомешана. Варира во зависност од светлината и годишните периоди.
Мојата коса ми е природна виткана и најчесто ја носам така. Порано ја пеглав многу често речиси секој ден па затоа ми се малце оштети. Обично така е секогаш тие што имаат виткана коса сакаат права и обратно тие што имаат права сакаат виткана. Сега многу ретко ја пеглам косава и супер ми е! За обликување го користам гелот за виткана коса од субрина и еден спреј за коса што ми го препорача мојата фризерка којшто има 10 ефекти и сум презадоволна од истиот.
Јас имам како да кажам... средна светло- кафеава коса неколку см до под рамениците и јас мислам дека така поубаво ми стои а прво ми беше ваква. http://www.hairstylecity.com/Produc...wn_14in_straight_clip_on_hair_extensions.aspx А сега ми е ваква: http://layeredbobhairstyles.com/jessica-alba (малку подолга)
Јас одамна си кажав каква носам, ама изгледа ќе ја менувам во скоро време. Мнооогу ми се допаѓа фризурата на Шакира во видеото за Addicted to you, ама ептен се навлеков, дури си замислувам како би си ја правела таква бушава и лелеава. Леле, ако се зезнам, ќе си приумрам после, ама ајде уште не сум ја скратила, во дилеми сум. На крај може и нема да ја скратам толку, ама битна е еуфоријава пред посета на фризерката.
Јас немам многу коса, но секогаш ми е средена. Обавезно фаната со стегачиња и тоо. Се на се елегантно изгледа. Вака нешто: