^ Има еден куп туторијали по ју тјуб. Само напиши „fishtail braid tutorial“ и ќе добиеш многу резултати
Имав до пред некој месец опасни степени. И си ја сменав фризерката и си ја средив косата. Како Селенчето иста, кога си плетам две плетенки. Нијанса потемна.
значи јас имам многу кадрава коса локни на сите страни ја носам секако онака пуштена,некоја плетенка (рибина коска,обична плетенка...) не ја пеглам не сакам да си уништам до газот ми е
обично ја носам косата како што ми е природна, брановидна, но често ја пеглам или фенирам, а ја виткам поретко, обично за некои по свечени настани.. често знам да ја носам и врзана во реп или во кокче
Летово цело време ми е собрана во репче,пунџа или е исплетена,а пак зимоска повеќето време ја носам пуштена,затоа што ми е виткана и убаво ми стои , или пак пуштена само шишките( исто големи ми се како и останатите прамени) ги собирам позади со шнолче и толку
Еве баш ама баш вака ми е косичето. Кај што ми е левото уше епа над него сум бричена како Скрилех ама мене ми е кец. По должина косата ми е до градите. И да права ми е.
Само што патецот не ми е баш на средина, туку малце понастрана. Другото се е исто, и бојата и должината.
Најчесто ми е ваква, со плетенки си ја правам Сликава е пред 1 година, сега ми е малку пократка. Спојлер
Вакваа коса ама истаа и многу ја мразам многу многуу ии многу е тешка за одржување ...им се восхитувам на девојчињата со прави коси
Мразиш ваква коса?! Јас сонувам за ова! Ама нема што, факт е. Оние со виткани коси секогаш сакаат прави, а оние со прави секогаш виткани. Јас имам даска права коса, кога ја виткам ставам кила и кила лак за да остане така и никогаш не останува, секогаш се исправува. Затоа и ретко ја виткам, а многу многу сакам виткана коса.
има нешто во ваквите коси на кое повеќето девојчиња му се восхитуваат јас лично не би имала ваква, повеќе би сакала брановидна, ама најдобро од се е што девојките со ваква коса се многу ретки, слично како девојките со природна црвена коса , баш затоа мислам дека е супер да се има ваква коса во моето училиште, во 6 (сега 7) одд. има само 2 девојчиња со ваква коса и повеќето девојчиња им се восхитуваат инаку за тоа што е тешка за оддржување, имам слушнато и порано, како например кога другарка ми требаше да ја исправи косата за на хор настапот, два сати ја пеглала и пак и беше слична како пред тоа .. како и да е, не треба да ја мразиш, туку да се гордееш со неа, затоа што да се има таква коса е вистинска реткост
дека имаме приближно па скоро и иста коса затоа со нејзе ќе споредам..најпрво имав долга коса:сега сакав да сменам и моментално ми е ваква--> Спојлер за некој сантим подолга,до рамена негде