Викендов не ја жалев косава и ја скратив уште три прсти. Ако нешто не можам да поднесам е оштетена коса. Па сите расцветани и суви врвови ги оставив во салон кај фризерката. Моментално ми е тазе измиена и исфенирана. Со потполно иста должина како на сликава. Не се сеќавам кога последен пат ми била волку кратка, ама долгата коса ми досади. Преку ден обично секогаш ја фаќам во репче, мразам да ми се плетка пред очи кога работам.
Косата моја е брановидна и најчесто ја пеглам кога излегувам итн инаку за по свади или свечени работи ја виткам на локни или собирам нешто измислувам
најчесто косата ја носам права.. за среќа ми е и природно права па така да немам некои големи напори со неа и затоа ја чувам прилично долга. Само ја фенирам или евентуално пеглам.. кога ке ја мијам и ми стои до следнотои миење. Ја носам и во локни но поретко, најчесто на излегување за промена знам да ја навиткам.. но преку недела ми е права.
Сега брзо ја скратив сосем малце колку да и дадам форма и ми е многу виткана, а права поубаво ми седи
Јас имам БОБ фризура. Затоа што косата ми е густа и могу ми се буши секогаш ми е пеглана и исфенирана.
моментално ми е во пунџа летото секогаш ми е фатена или во пунџа или во опавче (или како се вика ) бидејќи имам долга коса а многу ми е густа и жешко ми е. http://24.media.tumblr.com/tumblr_lnz1x ... o1_500.jpg ваква ми е косата само бојата не е иста
Косата ми е природно права(многу ми е права и нема потреба да ја пеглам) D Иначе најчесто ја носам во:пунџа,коњско опавче,плетенка.
најчесто вака само по опуштени локни, така ми се витка природно така да мн не се оптеретувам со косата. А во последно време фатена во репче,пунџа...
Имам долга права коса, па бидејќи ми е подолу од половината... често ја пеглам... но ја носам и врзана во висок реп..