јас имав долга коса и секогаш ја носев или во пунџа или плетенки... ама сеа ја скратив пред 2 3 недели и прилично е краткичка па само ја фенирам...
Летово ми е постојано фатена дали во репче или плетенка некоја ама најчесто пунџа, а за надвор знам да ја испеглам, а во зима најчесто пуштена.
Јас имам долга коса со локни и така си ја носам.братучетка ми има права коса и си и ишишала кратко рамно и ужасно и стои..ми личи како да е пред 10 години наназад кога беше така модерно, баш во наше маало серијта кога беше...ве молам дајте некоја идеја...ви благодарам однапред...
Најчесто во пунџичка, а кога е студено пуштена. Некогаш пеглана, средена , а некогаш був Се е до расположението.
Во последно време форсирам плетенки,убаво ми стои,иначе често ми е фенирана или пак благи локни со преса си имам и така најдолги ми стои и не ми се мрси..
Еве вака скроз исто Како што имам и природно црна коса.. Другарките и другарите ми викаат и дека многу сум личела на незе, исто сме биле во се
Имам многу права коса,ако направам локни максимум 2 саати се убави,и почнуваат да паѓаат Рамна ми е шишана,и конечно со долгопосакуваната должина до под градите