Цел живот умрена сум за шишки Ок, не можам да речам дека не сум ги носела, ама веќе неколку години ги исклучив од игра. Пред некој месец многу сакав шишки ала Амели Пулен. Ама искрено не сакав да ризикувам зашто имав долга коса. А имам такво УНИВЕРЗАЛКА лице што секоја можна фризура и сите можни наочари едноставно убаво ми стојат. (среќа моја !). Пред некој ден не знам што ми фурна, се јавив во студио и за 20 мин им се нацртав и нормално-сакав шишки Сега имам ваква фризура.
До пред некое време ми беше до под гради (прилично долга) степенасто шишана. Сега ја скратив до раменици, со благ степен. Сакав и шишки да направам, но дека долго време не сум носела шишки не бев баш сигурна дали добро ќе ми стојат.
Само шо мене ми е до градите некаде. Некогаш знам и да ја фатам со мало шнолче на страната, да не ми смета
Рано е уште сега. Почекај уште неколку години. Немаш поима колку фарбата може да штети на квалитетот на косата. Ако уште од 14 ја фарбаш до 30ката што ќе остане од неа? Не се лути, советот е добронамерен.
Мене на 14 далеку ми беше фарбањето. Секогаш си мислев возрасните се фарбат. Големите. Изгледа уште не сум пораснала Додуша се фарбав едно 3, 4 месеци и пукнав додека на крај си ја вратив мојата природна боја и од тогаш не ми текнало пак да се исфарбам. Затоа немој, не се фарбај, за џабе ќе си ја гориш и уништуваш косата. Има време, ќе се фарбаш. Ке ти здосаде. Обврска е сепак
Па имам вака ,многу специфична коса,не можам да ја навиткам одма се исправува цврсто влакно така да немам друга опција само права ја носам во глобала,малку на живци ми иде тоа,ама јебига шта чеш
Мојата коса ми е до раменици, многу виткана, кафеава и многу многу густа Никако не ми стои права колку и да ја пеглам небива за пола саат пак е виткана
сакам вака да се истрижам ама не ми текнува како се вика девојкава (а сигурно е пејачка,глумица)?па ако знае некоја ве молам да ми кажите за да најдам уште некоја слика од неа за да знае како да ме истрижи фризерката
Jaс пред почетокот на учебната година се ишишав,ама јас и реков до раменици,а она ме ишиша до под лицето...лелелелел катастрофа сум сега,а и дека имам виткана коса ,па замислете вие сега на што личам..Секој ден неможам да ја пеглам ама и пеглано не ми држи долго пак се витка,прeдходно си имав долга коса,ама почна да ми цвета па морав да ја обновам...Инаку претходно најубаво ми беше кога ќе си ја извиткав со фигаро,си имав јас еден начин и супер ми беше... Сега КАТАСТРОФА
Па вака, јас секогаш си ја носам виткана (каква што ми е нели, природна и бушава ) ама знам понекогаш кога одам на фризер, да ми ја исфенираат, и после никој не ме познава иста е фризурата, само бојата е темно-кафеава