година ипол ја носев вака ,сега ми е потпорасната несакам пак да ја шишам, малце вака ке ја носам док не ми истекне нешто друго
Долга виткана.. за свечени прилики ја пеглам и некако потфатена јас повеќе си се бендисувам со права коса ама неможам на секое да ја пеглам
Природно ми е ваква некогаш поубава некогаш погрди локнни ама за излегување ја пеглам оти вака неможам да ја смислам хахахаха
^^ Да ми беше ваква бесплатно гушкање ќе давав на плоштад двапати неделно. Стварно не можам да разберам некој да не може да поднесе ваква коса (под услов навистина да е ваква),али ај за вкусови не се расправа...
незнам да ти кажам сите истото ми го викаат ама мене толку детски ми стои, само со некоја друга фризура изгледам повозрасно(т.е. личам на 19 годишна, во спротивно на 16 годишна)
Едноставно. Секогаш ми е пуштена,имам права коса немам мака неморам ни да ја пеглам ни ништо. Мијам,сушам,чешлам тоа е се. Освен за некаква пригода тогаш може да изведам нешто.
Скоро секогаш ми е фатена во реп, плетенка, некоја пунџа лабава. Ретко ја пеглам и ја пуштам тоа се случува може еднаш месечно.
Исто како на сликата, ама баш исто. шишка настрана, андеркат, темноооо плава...само по должина ми е малку подолга.
Еее моментално некој wannabe омбре со влечени прамени но не изгледа како шатирана цела коса,со горниот дел од косата тоа се маскира и баш фино изгледа. Имам некоја лешник боја на коса до под рамена со 2 нијанси посветли прамени одоздола, кога ќе се навитка баш фино изгледа.
По природа ми е виткана ама нз зашто така многу брзо ми се мрси и сеа си ја правам секогаш со плетенки. После бањкање ја поделувам на два дела косата па тие два на два, после ќе направам околу 6-7 плетенки и така мокри плетенките малце ги дувам со фен и сабајле ги отплетувам.Ми стои цела недела виткана после. Нешто вака ама пократка ми е и поубава