Нечешлана Сфатив дека така ми стои позбувнато, поубаво, не ми се мрси толку многу, и плус ми фаќа и понекое завиткано перче Спојлер вакаили вака најчесто
Вчера се шишав ваква, а ми беше до под гради, али не жалам, раат сум си сега и за сушење и за фенирање/пеглање/виткање
Ја пеглам секоооој ден и тоа по неколку пати ако излегувам некаде и ми е премногу оштетена и ретка, а мразам да се шишам Зедов некој шампон со кокос и зелен чај и ќе пијам витамини за коса па ќе видам какви резултати ќе има. Сега летово ќе гледам да ја одморам да не ја пеглам многу пошо природна ми е брановита па ќе си сум natural beauty
мојата коса е ептен права,како пеглана,долга до под гради,си ја носам така пуштена,понекогаш репче,ретко ја виткам несакам да ми се оштетува
Па секогаш ја носам messy bun летово.. Инаку косата ми е под гради, сепак не е многу долга. Сега планирам да се шишам до рамења, исто како минатото лето што бев. Раат си цело време, после зимото ќе плачеш, нормално. :geek:
Бидејќи косата ја бојдасував поточно "Ombre" секој ден ја пеглам и мн ја изгорев, затоа сега ја носам во големи локни и ми се допаѓаат а и во мода се
Плава фарбана до под гради и во главно пуштена. Не ја пеглам, ми се допаѓа оној брановиден природен изглед. ..и суканица до половина имам, да не заборавам.
Порано вржена во пунџа или пак во коњско опавче а и некогаш пуштена,а сега како што се ошишав кратка ми е и неможам ни да ја вржам
Косата ми е долга и рамно ишишана најчесто ја носам испеглана со перга во репче или кок и понекогаш ќе ја сплетам во плетенка
Јас имам виткана коса и најчесто ја носам пуштена многу ретко ја прибирам во некоја разбушавена фризура...и тоа најчесто е во летото,во пеколните периоди.А многу ретко ја пеглам ... најмногу 4 пати во годината
Косата ми е права и затоа најчесто ја носам пеглана, бидејќи природно ми е многу разлитана како метла. Кога ми е мрсна ја носам во плетенка или во реп. Исто така често си ја виткам.
Имам долга коса и најчесто ја носам пуштена... Никогаш не носам репче или пунџа, а понекогаш се решавам за плетенки на страна.
најчесто ја пеглам ретко некогаш кога ја оставам природна како што ми е, не ми е виткана ама ми е така малце прекршена