првата ми се допаѓа повеќе од втората,штознам ако ти е таква како на првата слика така ти е поубава сепак ти си знаеш
ваква ми е скоро секогаш,природна ,истата форма и должина..но често знам и да ја извиткам со фигаро или витлери само на краевите
имам „квалитетна“ коса, и различно ја носам. ретко ја пеглам и виткам со фигаро. за на тренинг ја носам во репче или пунџа, а за во школо различно: плетенки, венче, машничка, пунча-чорапа(на пунџата машничка обавезно)....
Имам долга коса (до пред некое време до половината), сега ја скратив до под градите негде ми е. Обично ја фенирам, едно време пробав да ја сушам природно и да ја мијам со поприроден шампон, што воопшто не испадна како што очекував, наместо да ми се опорави косата, ми беше сува и со првут Сега си купив пегла, па последниов месец ја мијам со сајос за првут, ја носам пеглана и сум најзадоволна до сега! Како да си го најдов спасот за косава
Па имам средна должина на коса, најчесто ја носам пуштена , а кога имам повеќе време си ја собирам со шнолички.
Имам не многу кратка коса, некаде до над градите ми е, скоро секогаш ја носам пуштена, по дома во репче и никогаш не ја пеглам бидејќи ми е права. Многу си ја сакам.
Косата ми е средно долга,и најчето ја носам во репче,некогаш некоја плетенка...несакам кога репчето е горе скроз..јас сакам да е подоле,и она опуштено,бушаво
Паа, средна должина, природно ми е ептен права и најчесто ја носам пуштена а поретко во опавче, некогаш ја виткам,ја фенирам за волумен или си правам некои штосни фризурчиња
Се надевам дека видеава ке ти помогнат http://www.youtube.com/watch?v=auLRts1tpKs http://www.youtube.com/watch?v=hrgKOIDvhDY Или варијанта на пократка коса http://www.youtube.com/watch?v=uF2Qvfs2Qbk http://www.youtube.com/watch?v=10OIYgx0Z0o Само на твојата слика косата е исчешлана наназад, ама можиш тоа да го постигнеш со гел или лак за коса, само ке ја измазниш убаво наназад
па,дека е скроз права-не е ,дека е виткана-пак не е ,ни јас самата незнам каква е,забегана е скроз мојава коса,ме спобудале на врвовите е завиткана навнатре,но кога ќе ја исчешлам се виткаат нанадвор и ај сега? понекогаш е брановидна,понекогаш е полу-права...ама за џабе се трудам точно да ја опишам кога и јас самата неможам да разберам каква е.