Мене ми е права, т.е. ми беше пред да почнам да се фарбам, сега ми е како виткана дури, секој прамен приказна за себе, така да обавезно ја пеглам, виткана не обожавам а не ми ни стои. Еве вака како на сликата, и фризурата па дури и бојата ми е таква.
99% ми е пуштена (нешто вака само патецот понастрана) а кога ја собирам е во коњско опавче на средина на глава
Секогаш ми е права. Таква ми е природна и така ја носам,а и да ја извиткам ќе ми стои само 2 часа и после пак ќе ми се исправи.
Јас мојата коса ја офарбав во рубин црвена нијанса на боја за коса бидејќи открив дека таа нијанса на црвена боја за коса највеќе ми одговара и најубаво ми стои и сега ја носам кратко степенасто потшишана за да ми биде комотна,да не се мачам со постојано закачување со стегачот на косата и за да ми се одмори малку косата и за да пробам некоја нова фризура со неа и многу сум задоволна од мојата нова фризура!
Секогаш пуштена, некогаш коњско опавче. Кога се брзам за негде ја пеглам за 5 мин, а кога имам време и ја виткам.