Ваква, со исклучок на предниот дел, малку поизразито подолг е.Останатото е исто.Велат дека ми стои на лицето.Нова ми е и е голема промена, одамна се немав истрижано вака, одамна како цели 10 години ако не и повеќе.
Неможам таква слика да најдам. Смеѓа сум,долга права коса (како пеглана ми е),не сум фарбана,и шишките(не се баш кратки но не и долги) ги носам со шноличка од тие црните на страна или така малку поназад,а патецот на лева страна.. ... Ама објаснување...
Најмногу врзана ја носам а сите ми викаат дека пуштена ми е поубава.Ја пуштам за искачање, пеглана или виткана.Нејќам многу да ја горам зошто пред неколку месеци бев плава а сеа црна па избегавам да ја пеглам
Најчесто ми е пуштена, дома знам повеќе да ја носам собрана. Имам густа, темно кафеава, долга( до пола грб) коса, на краевите ми е како искршена, но не локни, а не ми е ни целосно права. Некогаш ја носам виткана, оти полесна ми е за виткање отколку за пеглање
Јас најчесто ја носам косата пуштена а некогаш ја носам и врзана во реп а за роденден за слава, визита итн. ја виткам И сите ми викат кога ја носам пуштена косата ми е поубава
Ете вакваа е мојата секојдневна фризура.Природно плава,густа и виткана.Често ја носам пуштена некогаш и врзана
Пуштена,предните прамени ми се фатени настрана со шнола(долги се многу и ми сметаат),понекогаш ја пеглам,некогаш само со фен ја сушам(многу, многу ретко ја виткам) ,а за дома најчесто ја собирам во репче или во пунџа.
Мојата фризура е да не речам непроменлива,освен должината поради природниот процес на растење. Имам права,рамно стрижена и тегет-црна боја на коса со должина до раменици.Многу ја офржувам,исклучиво на фризер и ја потстрижувам на 2 месеци.Често ја стрижам бидејќи ми пречи подолга коса.
Права, права и права имам пораснати шишки и ги носам позади ушите обично и имам патец некаде на страна а знам и на средина некогаш да го ставам ама тоа поретко и да напоменам дека во опавче ја носам често и убаво ми стои Косата ми е како праз што викаат не и треба пеглање ама некогаш пак ја Пеглам дека поубаво е нели со пегла кога ќе ја изгориш
Права, плава, ја носам пуштена некогаш патец на страна некогаш на средина а некогаш и со патентчиња ги фаќам кркмите/шишките.