Пошто ми е виткана обично си ја носам пуштена. Ретко ја пеглам затоа што ми се исправуваат локните, тоа само за некои посебни прилики
Често ја пеглам, си ја сакам рамна и пуштена. (На фотографијава е мојата коса после фризер. Сликава е постара, пред година дена, ама должината е речиси непроменета)
девојки ми треба совет. сакам да ја ишишам косава само незнам како. имам округло лице а косава секогаш ја носам со степени а и природно ми е виткана. сакав да ја ишишам право но незнам како би ми стоело. дајте некој примери со слики ве молам.
Имам виткана коса, сум екпериметирала со разни форми меѓутоа најлесно за одржување ми е рамно подстрижена, сега ми е некаде до раменици ама имам проблем со првутот и тоа ми се јавува само на предниот дел од главата над челото, цел венец, многу ме нервира! Дали имате некој предлог на шампон што би ми помогнал.
Пробај со реконазол шампонот ,медицински шампон е од аптека го земав не е скап, кога ќе ми се појави првут го користам него и супер е , ефикасен е.
Ladyalek Можеби и не првут.Во тој дел на главата кај некои кожата е посува,пука и се лупи.Сепак пробај со шампонот Rekonazol(150-170 ден.)наменет е за медицински третман на коса и кожа.Нанеси од него само на пределот каде ти се појавуваат тие ситни бели лушпи.Пред да го употребуваш прочитај го упатството,бидејќи не е обичен шампон и не е наменет за секојдневна употреба.Поздрав!