Имам погуста коса и тоа со локни и малце на некои делови виткана, но од секогаш сум сакала права и така понекогаш ја пеглам, понекогаш во репче, понекогаш пунџа, фатена со шнолка и така..
косата ми е брановидна не ми се допаѓа како стои и ја пеглам СЕКОГАШ ептен она 1 ден да немам време па да ја врзам у репче инаку се пеглана колку и да ме мрзи )))))))))
Да ви кажам реално права и скоро секогаш пуштена ретко некогаш да ја фатам..Правилно косата не мие целосно права па затоа ја пеглам сосем малце за да биде поправа
И јас ама тоа е голем предизвик за мене ,имам коса до половина Ама знам летово на топлово во прва прилика кога ќе се изнервирам ќе ја скратам вака(штом сум намислила... ќе барам причина да го направам тоа)
Имам погуста коса и тоа со локни и малце на некои делови виткана, но од секогаш сум сакала права и така понекогаш ја пеглам, понекогаш во репче,понекогаш плетенка..
хаха исто и мојата е долга, ама летово не ја поднесувам, плус ми одзима повеке време негата за косата а со мало дете и немам толку време така да кај и да е деновиве ке ја скратам
Косата ми е со средна должина и ми е малку подвиткана ама малку и најчесто си ја носам во решче. Понекогаш може да се случи во плетенка или пунџа ама тоа поретко. Не правам некои фризури, освен кога има некоја посебна пригода тогаш си ја пеглам малку.
Мене косата ми е права со малку природно виткани прамени и со многу волумен.Никогаш не ја правам ниту пак ја виткам, природно ми е најубава. Понекогаш за на училиште ја фаќам во пунџа или коњско опавче или само предните прамени ги зафаќам со шнола на задниот дел од главата.
Мене ми е секогаш ваква, сосема права и кафена со плави прамени, т.е смеѓа ми е, а и должината ми е оваа, може малце пократка или подолга. Од мала имам ваква коса, само што ми била плава.