Имав ваква фризура пред 5-6 години, многу ми беше тешко да jа одржувам, едвај чекав пак да ми порасне.
Обожавам пуштена коса. Со оглед на тоа дека ми е долга до половина, практикувам да ја пеглам, и носам пуштена. Во моментов имам пунџа.
еве баш оваква ми е фризура, иста боја на праменови, ама не цела коса, горниот дел ми е светло кафеав, и долниот дел на косата се праменови.
Имам еден проблем сега наскоро за оклу 4-5 дена ке се сликаме за табло полуматуранти сме е јас сакав да си сечам шишки али се предомислив а шишки имав до скоо и сега ми се накаде до носот... дали може д ами дадете некоја идеја како може да си ја направам а да не си ги сечам повторно шишките....
Ваква ми е косата, само пократка, избегнувам да ја пеглам па речиси секогаш имам накршена коса. Се трудам да добијам некоја слична боја како на сликава со соберена коса.
Обично виткана или пуштена права....А ако веќе сакам убава коса тука влегува и долгото време на плетење,врзување,миење...
и мене ми е ваква само напред тоа шатираното го немам. Пред 1 година се офарбав посветла боја од мојата коса и сега ми е како омбре баш како на сликата а кадриците ми се природни не ја виткам ни со преса ни со фигаро премногу си ја сакам косава не да ви се фалам ама сите ми ја бендисуваат зошто имам и многу густа коса ке ми ја урочат
моментално пуштена, речиси права ко пеглана . Но, највеќе од се` сакам кога ми е во високо репче... За жал, не можам секој ден да си правам убво репче, високо, прецизно.. Но, кога успеам во таа, успеано е Тогаш ми е најубава косата и најмногу си ја сакам.
Косата ми е рамна,долга,костенлива,не се мрси,не е сува,електризирана и навистина незнам дали да ја степенувам!!Вие што би правеле да сте на мое место??