Имам долга и природно права коса така да најчесто ја носам таква но некогаш ја правам во рибина коска и ми се витка.
Моментално иста - природно имам права долга коса и се мислам да ја скратам пак. Ни врзана, ни пуштена, ни виткана, ми се смачи... иде време на горештини.
Косата ми е средна должина. Природна ми е брановидна, повеќе на кај виткана и многу си ја сакам таква, ама ја носам и пеглана и во опавче врзана.
женски, јас пред 1,5 месец, вака исто се шишав, ама дека косава некако брзо расте ја изгуби формава што си беше нормално, и сега ми е многу безвеза,сега не сакам пак иста фризура туку нешто друго ај кажете совет некој на кратка коса каква фризура може да се направи
Коритсаки, и јас ја имам сличната фризура (без тие шишки само) само што јас еве веќе неколку месеци ја одржувам во истата форма. Мене ми е ок и кога потпораснеше, ама максимум 2 месеци и треба пак шишање. И јас се мислев што кога ќе ми здосади, тешко е да ја одржуваш да порасне косата пак, или евентуално да ја скратиш на кратко, што лично не сакам. Евентуално размислував да кога ќе посакам да ја пуштам косата пак, да користам пена за коса и да ја носам така разбарушена за да не морам пак да ја скратувам за формата. Ако смислиш нешто или најдеш нешто интересно, давај совет/идеа
Природно кафеава ми е косата. Не се варбам. Долга ми е до под рамењата. Ја носам или пуштена или фатена во репче, ама не многу високо. Инаку не ми е скроз права, туку со благи прекршувања.
Косата ми е прилично долга. Но најчесто си ја собирам репче, пунџа или плетенка. Несакам да ми се мава наоколу оти ми се плетка. Си ја пуштам многу ретко ако има ептен некоја причина онака не.
На кој начин може да се дојде до вака виткана коса? Имам испробано и со фигаро и со пегла, со обични плетенки... И не. Што треба да се користи за вака да излезе?
^^ Пробај со внатрешни плетенки. Откако ќе се опушти косата некое време, локните добиваат ист изглед како на сликата.
Најчесто по дома кога сум ми е во пунџа. Инаку ја пуштам само, без многу замарање зашто ми е виткава и мн локни имам... Понекогаш само се пеглам. Други фризури ме мрзи да правам.