Имам многу долга и виткана, локните ми се совршени, понекогаш и ја собирам во реп, но најчесто ја носам пуштена.
Не сум сигурна дека прашувам на вистинско место... Имам долга коса ( можеби малку подолга од косата на мојот аватар ) ниска сум и имам ситно лице, ке ве молам некој предлог како да ја скратам. Сега ми е права, немам степени, немам кркми само должината ја имам... Ви благодарам
Јас мислам дека те затвара косата, ако си ниска и со ситно лице, уште косата ти фали да се „удавиш“. Ако сакаш да ја скратиш, мене ми се допаѓа ова.
па најчесто ми е во пунџа, без разлика дали е ниска или висока, обожавам пунџи, инаку ми е права,како на оваа слика на Б, само што мојата е посветла
Едно прашање за жените: Каква фризура е најдобро за машко ? Кратка, двојка , тројка .. ? или Некоја поспецифична фризура, од типот на Бекам фризура? Ја преферирам класика, тројка, Иако последно време си праам фризурче од типот на пократко од страна, степенесто до горе и горе така лесно неколку цм коса со што можам да си ставам малку восок да ја кренам малку нагоре и настрана.
Имам права коса, без пеглање. Малку подолга од оваа на сликата погоре. И темна, костен боја. Најчесто ми е фатена во висока пунџа за по дома, а за излегување пуштена.
Долга ми е до половина и е како брановидна, но јас не ја сакам така па затоа ја плетам, собирам, виткам но најчесто ја пеглам.
Пред 2 месеци се шишав. Сега косата ми е до под раменици. Права е и во брановидна форма. Природна плавуша сум. Кога маж ми се шиша, фризурата му е двојка. Работата му е таква што многу се поти и затоа се шиша пократко. Он сака да се шиша лустер , ама јас не му дозволувам.
I imam mnogu zhelba da se shisham kjeljav )) Ponekogash ( vo leto ) toa go pravam. Sega si nosam frizura kako dechkovo na slikava.
Незнам дали ми е за овде прашањето ама ајде ќе прашам. Девојчици, на свадба сум и сакам косата да ми биде лабаво врзана, нежно незнам како да објаснам, сакам да и однесам слика на фризерката. Ако имате предлог некој, некое убаво фризурче, слика ќе ве молам.
Кога станува збор за формата и бојата на косата не правам промени. Тоа значи дека имам права коса, рамно стрижена со должина до раменици. Во однос на фризурата освен пуштена коса, сакам плетенки кои зимскиов период ми беа решение за уредна коса во врнежливите и магливи денови. Знам да направам низок и висок кок, а понекогаш и коњско опавче. За изборот на фризура не се водам според трендовите, туку според она што одговара на мојот облик на лицето и главата.
Многу сум досадна кога се во прашање фирзурите, едноставно ја пуштам да ми паѓа природно, најчесто ми е пуштена или во пунџа, имам долга густа смеѓа коса.. и воопшто не експериментирам..или не умеам баш