Моментално не е за сликање мојата коса (која повеќе личи на гнездо деновиве) пошто уште ми трае сесија хаха
Отсекогаш сум посакувала ваква коса, но бидејќи мојата е како метла немам храброст вака да се шишам. Треба секој ден пеглата да ми е во рака.
И јас ја сакам оваа фризура, а и сите викаат најдобро ми стои треба и со пегла да се минува ама јас ретко ја минувам
Нема потреба од пегла, ако е убаво исфенирана со четка. Јас го имам истиот облик на асиметричен боб, само што мојата коса е и доста пократка од тоа на сликата, па немам потреба да се пеглам. Само фенирам со кружна четка и толку. Си стои права до наредно миење.
Сменив форма. Инаку @Natalyy123 - баш твојата фризура е најлесна за одржување. Барем кога ја носев едно време немав никакви потешкотии дури ја средував. Се мислев да ја вратам за некое време.
Кратка, страните и позади ми е фатена со машинка, а горе ми е малку подолга, за да се стилизира со восок. Веќе неколку години ја носам така, со помали промени, еднаш и на 2ка ми беше цела. Сега ја пуштам, до под уши или над рамена барем, да сменам малку, ама ужасен ми е процесот. Па, после пак ќе ја скратам. Веќе дел од идентитетот ми стана кратката коса и не можам да се замислам како порано со коса до пола грб и више.
Буквално ми е како оваа, или по прецизно фризурата на Амелиа во 10тата сезона. Кога не ја чешлам ми е како на аватерот кадрава.
Сакам да се шишам ама ептен кратко нешто вака А мојата коса е : Навистина ме знам дали ќе ми стои морам да се шишам многу пократко зошто ниедна црна фарба не ми фаќа косата ми е многу оштетена ,вака џабе само се фарбам. Коса расте на крај краева. Или предложете така убаво фризурче вие