Не бре бро, ти си паметниот. Тие што носат околу тебе се глупи, јер тие тебе те штитат, а ти зошто да носиш маска за да ги заштитиш нив? Еве еден од мене, и продужи си со малоумните постапки. Па после парични казни се воведуваат за да се носат маски... затвор неколку дена треба за некои. П.С. Платнени маски носам и бегам од луѓе (скоро) секогаш.
До сега секаде носев платнени двослојни маски и држев дистанца. Од сега на работа ќе носам KN95, а на отворено ќе бидам со марама. Со маски се гушам и ми се лоши зашто сум цело време во движење.
Имам неколку платнени памучни кои се перат и ги пеглам плус на висока температура. Дури сум на работа ставам хируршка и после ја фрлам штом завршам. Такси и јавен превоз не користам одам сегде пешки па тогаш носам од платнените.
Цело лето носев платнена, а сега хируршка или КN95 за аптека, маркет, банка... платнена ако одам да пешачам и знам дека нема никаде да влезам во гужва. Во јавен превоз со хируршка што веднаш ја фрлам потоа. Имате во Кам 5 хируршки маски за 55 денари, КN95 за 75 денари, а во Жито и Кит Го Маркети има 10 сини хируршки за 80-90 денари. Скапо хоби е ковидов
Во Кипер се најевтини 10 за 59. Сега ми искочи на фб , 50 маски за 300, истите ги купував од др.страна за 400, а убави се, ќе правам залиха додека не ги поскапеле Инаку КN во Кам има?
Има, на каса стојат и фино сум изненадена, баш се меки на лицето и не гребат И Кипер си држат фини акциички, да... мада шо поштувам, подобро вакви акции отколку на почеток кога се тепавме за 26 денари маска
И Стокомак има 5 за 45 ден. хирушки. Слични на тие од Еурофарм од по 17 што се, згодни за носење, со меки ластици.
N95 маски се продавале во Зегин, 70 денари парче. Планирам да си купам неколку такви. Инаку засега носам од оние двослојни-трислојни ли, не знам ни сама, по 35 денари парче од Медикус кај Медицински факултет ги земав. Такви и платнени, но платнените ми се подарок од брат ми, не знам од каде ги земал. Хируршки не сакам од причина што се наменети за една употреба и не ми се допаѓа фактот што се создава премногу отпад со нивно користење.
Како успеваш да дишеш со 3 маски?? Јас иако користам маска со вентил пак едвај дишам. Какви се тие бакарни маски првпат слушам? Од која страна ако сакаш да споделиш. Инаку овде кај нас најефтина хирушка маска е 15 ден. во аптека најчесто се по 20 па се до 30 ден. До сега користев платнена/памучна маска со филтер и вентил. Филтери менувам и ги перам. Од скоро купив и KN95 со вентил.
Еве ги. https://www.zadarskilist.hr/clanci/03092020/jos-malo-pa-nestalo-zadrani-navalili-na-bakrene-maske Слични се на хируршките по изглед, но содржеле во нив ко што читам бакар оксид. Според напишаното штитат и се поефикасни од хируршките и може да се носи повеќе пати истата.
Ја ја перам со прашок и омекшивач на рака и ќе ја оставам на сонце да се исуши или на парно. А ја дезинфицирам со алкохол 70% од аптека, го имам ставено вo шишенце со пумпица.
Многу погрешно, таа ти е уништена веќе, не се пере па уште и омекнувач, зашто ти е? Да дишеш хемикалии? Ѕирни во другата тема има пишувано како правилно се дезинфицираат кн95. @papillonP пиши на фб burton.mk имаат неколку видови, јас ги имам тие пд 300, само што ги купив од друго место поскапо,400. Маските се убави, три слоја, не се тенки, прозирни ко некои.
За по маркет наваму натаму хируршка или платнена, на отворено ретко ставам, за по автобус/работа н95, ја дезинфицирам со алкохол или дезинтал и на воздух, со оваа многу полесно се дише инаку.
Дали знаете колку време може да се носи KN95? Прочитав некаде дека еден месец максимум, па после нова да се купи. Ама не знам колку е точно ова.
Купив КN95 од аптека, ми рекоа да ја дезинфицирам со дезинтал или било кое средство за дезинфекција. Трае 180 часа и таа ќе ми биде за надвор, повеќе за заштита од загадениот воздух, а за во затворен простор ќе носам најобични платнени, со оглед на тоа дека го прележав вирусот.
Ми се исфлека со пудра, kn95 маската ја носам еднаш во 3 недели на саат време колку што сум во затворена просторија со 10 души. За да стигнам до таму носам платнена маска, а ако немам потреба да излезам од дома не ни излегувам ни до маркет без потреба.
најубаво некоја маска која се пере или дезинфицира за да не се фрла постојано, јас имам една маска од почетокот ама и ретко сум излегувал, a сега ќе купам од таа N95
Ние носевме или од белите памучните или каков и да се материјал, после почнавме памучни и тек сеа купивме Н95ки ама уште не сме ги ставиле Да не урочам и памучните изгледа колку толку вршат работа чим не се заразивме до сега.