Најобична медицинска или памучна, каква ми дојде при рака бидејќи маска носам само кога влегувам во продавница.
Картонска, испечатен ликот на Филипче од моментот во собрание кога се кара со тој од ВМРО дека не носи маска. Во вторник, четврток и сабота ја менувам со исто таква ама со ликот на Оли, преземена од моментот кога држи говор на самитот на СДСМ, ден пред симтоми.
Јас користам KN95 од јуни месец, ја перам одвреме на време и ја користам максимум месец па купувам нова.
kn95 одозгора хируршка и уште една платнена одозгора , не сакам да ризикувам . Не излегувам често туку само кога морам .
Денес беше мм за брис, тој што зема брисеви нормално со целосна опрема, а тој што запишува податоци носел само н95 маска. За нив не знам што е точно негде пишува да се дезинфицираат со алкохол, негде дека не смее со алкохол само со 3% хидроген. Јас планирам да ги прскам со хидроген и да ги оставам надвор по 2-3 дена.
Од каде ги купувате KN95? И колку? Скоро секаде се со различна цена и пакување. Овие дали се "вистински"?
Јас сега порачав од тука, 75 една, беспчатна достава имаат во Скопје, во еурофарм се 85 една ама се гостиварско производство.
Од Зегин, 75 ден. Инаку користам најчесто хируршка, KN95 скоро никогаш затоа што најчесто сум сам, надвор.
Секојдневно, најмногу платнени, од два-три слоја. После секое носење перење, сушење, прскање со алкохол. КН95 на точка кога сум гледам да ја носам и цел ден кога знам дека ќе сум излезена. Не ми е ова секој ден пракса, па после носење исто дезинфекција со алкохол и некој ден да си отстои.
Како правилно се дезинфицираат Н95 маските? Сите гледам различно ги одржуваат. Јас користам трослојни платнени, ако користам јавен превоз плус и марама околу маската.
хируршки за еднократна употреба ама во план ми е да си земам (к)н95 ради дополнителна заштита од загадување. користев такви на почетокот од пандемијата додека не ги потрошив часовите и ги дезинфицирав само со печење на сонце. шубе ми беше да ги прскам со дезинтал, да не го вдишувам отпосле алкохолот. :/
Овие добри ли се? Страв ми е само со платнена. На син ми зедов една дупла платнена, сега не знам каква плус да земам.
Нашиве се исти вакви, ги препознав по логото. Само што од аптека ги купил дечко ми. Ваљда се океј , јас само такви носам.
И јас користам сега вакви апоред мене добри се.Пробував со кашлање вака навидум не излегува ништо преку неа.Јас зедов 1 кутија 400 денари.
За син ти можеш да земеш кн90 или кн95 детски. Ги има во КМ медикал, а и на Групер имаат онлајн продавница.