Знаете каде има филтри за оние маски што им се менуваат? Што се и за заштита од загадување? Во неколку аптеки во кои прашав нема
od site sto najdov kupiv i so aktivn jaglen i kn95 i hirurski i platneni nosam samo na pazar , vo market ili zatvoren prostor banka i sl ako epten moram da idam i toa platnena na otvoreno i bez guzvi ne nosam nikakva
Дали си малце арна бе? Дали маааалце држиш струја? Зошто морав сега ова да го прочитам, зоштооооо??? Јас платнена носам со испечатен ликот на онај короната шо ја прогласи за умрено за ако проба да дојде кај мене короната одма да биде прогласена за умрено али пошто короната паметна е коа ќе ја види таа фаца на маската нема ни да дојде кај мене пошо и е страв да не биде прогласена за умрено.
И ај сега? Туку стигнаа маските, не се баш ок, некако потенки се. Имам кн95, па ќе носам и таква и таква
На овие маски мислеше?? Зема ли? Јас се мислам меѓу оваа и N95. https://www.instagram.com/p/CFxFq0xsIvw/?igshid=jav1x9hgg2a4
Да, овие им се некои нови но немаат спецификации. Ми одговорија само дека филтрираат честици до 2.5, и дека филтерот се менувал на 2 недели. Беден одговор. Неможе на некој што ја носи маската 8 саати во денот исто да му трае филтерот со на некој што ја носи еден саат во денот. Ако земеш ваква, те штити од смогот до најмали честици, но бидејќи имаат валвула (вентил) имам читано дека не штитат 100% од вируси, преку валвулата искача одреден процент на капки. Значи не е погодна за во затворени простории. Што се однесува до N95, неекономична е ако планираш да ја носиш против загадувањево, зашто на секои 3 дена ти треба нова. Башка дишењето преку неа е многу потешко. За во затворени простории да, зашто скоро 100% штити од вируси.
Дали на некој друг му е широка kn95? Мислам провев имам горе кај носот и ко да надоле ќе ми падне секој момент па морам и друга маска да ставам одозгора.
Мене ми е голема, ама ако ги затегнам ластиците одлично легнува. Јас ја закачувам на пунџа (најчесјо така ми е собрана косата во последно време) или си штипче. Мм ги има подврзано ластиците. Ова не се случува со сите, само овие последниве црни од зегин што ги купил.
Си носам KN95 или поретко хируршка. Платнениве од домашна изработка врска немаат, ама ако барем ги носат ко што треба преку нос и уста, и тоа е подобро од ништо. Најјако ми е кога ќе видам некој со подобра/поквалитетна маска, ама на брада ја носи. Поентата не можам да ја сфатам.
Вчера купив и од зегин и од еурофарм бели. Во зегин се пократки ластиците,мене од таа ме болат ушите. Црна кн95 најдов во дм 72ден
jas od zegin zedov kn95 no ic ne e dobra,siroka e nekako od site strani dise ..voopsto ne se lepi na liceto ko edna dr sto imam (stom vdies e zalepuva za liceto i ne dise od nikade .ama taa za zagaden vozduh e so filter ne e za virusot) zatoa se mislam sto ke zatiti ako od site strani se luftira ..nz ovaa sto ja zedov ic ne e dobra