Мене ме стега од Еурофарм. Од Зегин ми е таман. Не те стега? Дали пред прва употреба ги дезинфицирaте? И на дете му зедов. Инаку во Зегин се 65 ден. Најефтини.
Не, баш убаво ми легнува на лице. После подолго носење може ушите да ме здоболат, ама тоа од ластикот што е тесен. А на лице таман си е. Баш сакав од Зегин да ги пробам и црните, ќе одам деновиве да купам.
Здраво. Ми купил мм ваква маска, платнена со филтер. Колку често се пере, сосе ова пластикава се пере, така? Затоа што не се вади..
Платнени или хируршки, какви ќе начекам. Покрај тоа што ги перам маските, ги менувам по некој период, да не речат дека не внимавам. Инаку, во последно време почнав да заборавам на маската, се случи 2-3 пати да излезам без, па кога ќе ги видам другите луѓе надвор, ми текнува и се враќам.
Само Н95 ама се мислам да земам од хируршките, се возам во автобус за на работа 45минути и на жешкото не се издржува.Јас мислам сепак хируршките се подобри од платнените.
Дали знаете каде имат рибина коска(не знам поточно како се вика) тоа позади косата што се става за да се закачи на маската? Се надевам дека ме разбравте за што станува збор..