1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Какви луѓе сме ние?

Дискусија во 'Психологија' започната од baguf4e, 13 септември 2010.

  1. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.089
    Допаѓања:
    6.816
    Пол:
    Женски
    Ми дојде вакво прашање изреволтирана од денешнава младина.Сите сме луѓе,наводно најпаметни суштества на планетата земја,а правиме толку лоши работи.
    Не сум негативна,не гледам секогаш од лошата страна ама лошата страна преовладува,а јас го гледам тоа што преовладува.
    Јавните тоалети се катастрофа.Никакво однесување,малолетни пушат,пијат и се дрогираат.Се уништуваат училишта,јавни установи.
    Можеме да почниме дискусија за тоа какви луѓе сме ние почнувајќи од нашите сопствени особини-негативните во прв ред.Дали сите учиме од грешките или упорно ги повторуваме?
    Во какво општество живееме? Каков е нашиот начин на живот? Што го прави човекот да биде човек?
     
  2. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    ЕЕЕ тука има многу да се збори....
    Се вадам од такт кога ке видам дете од 12 години вози веспа..Алоо абе каде со тој памет??? Тоа што се вика се уште не знае само да си избрише
    газот
    а не па веспа да вози. На 3 години им се дава џепарац на децава и тоа по 100 денари....За се што ке направат им се даваат награди и тоа во висока вредност. И нормално тие деца кога ке пораснат ке бидат катастрофа. Е тоа се должи на тоа дека немаат домашно воспитание.
    И секој пат кога ке видам некое дете пијано, или се дере се понаша коментирам..испуштено од раце.
    Од тука произлегува и она дека богатите, со пари ги задоволуваат своите деца и мислат дека го решиле проблемот, па после кога ке слушнат дека детето им се дрогира го креваат носот.
    Живееме во општество и време во кое тоа е секојдневие па луѓето и не се замараат баш.
    Сум пиела, сум правела журки, но секогаш било умерено а не со прст да покажуваат на мене.
    Едино негативно што е кај мене е што немам влакна на јазик, па знам многу да коментирам особено на некое шофериште на улица..е тука почнувам и да пцујам.
     
  3. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Какви луѓе сме ние? Искрено многу често сум си го поставила тоа прашање,испровоцирана пред се од негативните особини на луѓето.Секојдневно гледам дека луѓето се повеќе ги губат човечките особини во борбата за опстанок.Да,во борбата за опстанок затоа што тоа изгледа го налаожува самата ситуација,економската криза.Луѓето се повеќе се зафатени со самите себе си,живеат во некој посебен свет или пак животот го идеализираат во нешто што не е а всушност што би сакале да е.
    Се повеќе гледам дека родителите воопшто не обрнуваат внимание на своите деца.Нажалост тие се препуштени на самите себиси,на влијанието на интернетот и другите медиуми апсорбирајќи ги само негативните работи.Родителите се зафатени со борбата за поголема моќ,за работа,за трачарење со соседите...
    Изреволтирана сум од фактот дека повеќе не се ценат позитивните човечки особини.КОлку човек е подобор толку повеќе го сметаат за наивен и го искористуваат.
    Гледам дека светот колку повеќе станува напреден и современ се повеќе се губат позитивните вредности.Се прашувам дали некогаш ќе се промени или ќе оди се на полошо.Но по се изгледа дека треба да се навикнеме на фактот дека ние како единка,неможеме да смениме ништо.
     
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Дали сите учиме од грешките или упорно ги повторуваме?
    -Не можам да зборувам во името на сите ама едно сигурно можам Луѓе сме сите грешиме,но најважно е да ја увидиме грешката ,да се покаеме и да се трудиме да не ја повториме.
    Поубаво би било кога ќе учиме од туѓите грешки за да не ги повториме,бидејќи ја знаеме последицата од нив.
    Во какво општество живееме?
    -Во општество кое секако се разликува од поранешните општества,ама и од многу други денес.Каде некои работи не им се јасни на сите , не се почитуваат ни закони,ни човек со човек,а гледам некој ни самиот себе.До некаде малку заостануваме во однос на развитокот спрема другите,ама се надевам еден ден ќе се стори тоа.Имам надеж во нас (младите генерации). :)
    Каков е нашиот начин на живот?
    -Моментално динамичен,сите се трудат да живеат убаво,да заработуваат,ама не секој има такви можности.Знам дека на некои луѓе работното време им е по 8 часа,а тие што се вработени во некои фирми остануваат да работат и по две смени ,а заработуваат дупло помалку од останатите ова ми се чини не е коректно :Down:
    Што го прави човекот да биде човек?
    Човекот пред се за да биде човек треба да биде искрен,лојален,вреден и да има морал ,морални вредности ,да се запознае и почитува прво себе,а потоа и останатите.Треба да прави дела кои ќе се оценуваат како добри и да не наштетува никому,да гледа за себе,да ги почитува своите принципи и да има свое јас.Тогаш еден човек би го нарекла човек успешен,кој вреди и има квалитети.
     
    На aNy-to му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Денес да си добар човек, не чини!
    Ако си добар, ти си глупав, ако си лош ти си џек!
    Колку и да сакам да сум добра, животот ме тера да правам лоши работи.......тоа е тоа! Некако мора да се живее, иначе ќе бидеш прегазен.......подолу од черга ќе те направат луѓето! Околу мене сите се лоши луѓе, ретко има искучоци, најчесто тоа се како јас што ги нарекувам пустинци, талкачи, кои секој ги искористува! И јас бев таква добра, луѓето буквално се иживуваа на мене! Поради тоа јас денес сум без чувства и сум лоша..........само спрема луѓето....! Животните повеќе ги сакам од луѓето!//// |(
    Генерално кажано какви луѓе сме ние? - Ние сме ѕверови!
     
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Себични, завидливи, сеирџии, љубоморни, злобни, глупави, самоуверени....
    Па сега, така е наредено во светот, за да опстанеш треба да си појак, само луѓето демек не треба да се како животните. Ние имаме чуства. Дрн дрн! Секој денес гледа на своја страна да грабне, па ако треба да гази и преку живи луѓе. Ајде веројатно не е се така црно...ама мене некако сепак се ми се мати пред очиве кога ќе се замислам :tmi:
     
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Ароганти, самоуверени, „кои сте вие смртници околу мене“-настроени, безобразни, со лажна невиност и злоба во очите!
    Ете такви - никакви!
     
  8. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    македончишта кои со мал труд сакаат голема заработувачка!
    ете такви ;)
    (друг пат повеќе ќе напишам) :^)
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Никакви, надмени, злобни, а пред луѓе светици и светци. Одвратни ете такви. Секој со својата болест си е денес
     
  10. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    Какви луѓе сме ние?...е какви де..несовесни, себични, вулгарни, безосетни, штетници..и уште што не...Таков е светот, такви стануваат луѓето, се гледа кој повеке да грабне и да бега. Како што се вели подај му мал прст бара цела рака...И познавам многу луѓе што се одмаздливци, кој ке навредуваат..т.е. безосетни..на денешното време се нема осет..само се бара се повеќе и повеќе..ете такви сме ние луѓете гледаме да си наштетиме еден на друг, да вратиме..се разбира има и исклучоци но тоа е реткост..на 100 души 10 да се исклучоци...ама и од тие исклучоци ке се најде по некоја карактеристика од овие..нема совршен човек..тоа е..а како што иде времето..во иднина се повеќе ќе се наметнуваат овие лоши работи...секој ќе се бори да преживее...живот..што е тоа е.. :^)
     
  11. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.089
    Допаѓања:
    6.816
    Пол:
    Женски
    Во скоро сите мислења ја забележав негативната страна на човекот.Да,вистина е дека има вулгарни,безосетни,љубоморни и дволични луѓе,но кога сите би биле добри и несебични светот не би бил интересен.
    Само негативното го истакнувате,никој не му текна да напише нешто позитивно за човекот како човек т.е неговите доблести.Само мааните ги истакнавте :lol:
    Еве јас ќе кажам: Човекот е суштество што ЗНАЕ да сака,знае да почитува некого,знае да цени некого,без човекот не би постоел светот.Човекот е изумител на многу работи кои помаагат во секојдневниот живот.Човекот е битие што има самодоверба,не сите-ама некои луѓе се интелегентни и паметни...
    Други работи не ми текнуваат но сепак човекот како човек ги поседува овие особини :)
     
  12. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Алчни, љубоморни и лицемерни... Секаде наоколу само такви луѓе. Ти се прават добри, ти се лигават - кога им треба нешто. Кога тебе ти треба нешто, сите имаат „попаметна работа“. Колку повеќе стареам се повеќе сваќам дека сите си гледаат само за себе. Единствено твоето семејство и партнерот се оние кои се со тебе кога навистина ти требаат. Ретко е некој да најдеш искрен, многу ретко, сите си гледаат за себе...
     
    На realna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    Еве Багуфче јас ќе кажам и некој добри особини, само лоши да не бидат.. :lol:
    Па вака луѓето знаат да сакаат, има и такви кој знаат да ценат, да ја ценат работата, трудот на некој луѓе и тоа е една од добри особини за разлика од нив има и такви кој незнаат тоа да го ценат, потоа мора да кажам дека во светот има многу хумани луѓе и тоа го сметам за една добра особина на луето. Да си хуман значи, да спасиш многу животи, многу луѓе да се во твои раце. Таква личност беше и Тоше, нашата ѕвезда која морам да ја спомнам. Навистина хуман човек, со англески глас :inlove: . Луѓето имаат и други добри особини, не се сите лоши луѓе.. :)
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Elizabethh

    Elizabethh Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    10
    Ние не сме луѓе.
    За да можеш да се наречеш себе си човек, ти требаат повеќе особини кои што кај многу малку ги има. :)
     
  15. LaLy

    LaLy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    40
    Се сложувам.Тоа е малограѓанство,мрза,нечесност.Секој гледа да те искористи и да профитира од тоа.Арогантни луѓе кои ја градат среќата врз урнатините на туѓата.
    Инаку човекот што го прави човек?Да се биде верен кон себе.
     
  16. realna

    realna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Суштества кои што можат да се смејат и да плачат, да се радуваат и да даруваат радост, да сакаат и да бидат сакани,да почитуваат,да разбираат,да слушаат,да советуваат,да љубат,да помагаат,да создаваат нови животи,да уживаат,да го разубавуваат животот на другите,да приредуваат изненадувања,да даваат храброст и надеж,да водат љубов.........................................ОД ЕДНА СТРАНА

    НО, И :

    љубоморни,завидливи,душкала,нечесни,неверни,злобни,расипани,препотентни,намуртени,лоши,желни да имаат се,незадоволни,кршачи на желби и амбиции,невоспитани,некултурни,лажговци,озборувачи,дволични,тролични,ниско морални,желни за власт,газачи на туѓа среќа,ЛАДНИ.....................................................ОД ДРУГА СТРАНА


    ЛУЃЕ........
     
  17. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    5.688
    Пол:
    Женски
    Луѓе.. Ех..
    Морам да спомнам дека исто како се во животот што се дели на добро и лошо ,за жал.. Се делат и луѓето. Тоа е еден живот, во кој се е или добро или зло, два различна пола.
    Секој си има различен карактер, да не речам свое исполнување на животот, сите сме автономни личности кои во сегашноста имаме отворен пат се да правиме, без последици.
    Е сега, по мое мислење, во добрите луѓе ги подредувам тие кои се РЕТКИ .. А под карактеристики спаѓаат, добрина, чесност.. силни, решителни луѓе , храбри, совесни, точни.. Трудољубиви.. Дружељубиви..
    Може некоја личност да поседува една или две од овие особини.. Но неможе секогаш сите ;)
    Под лошите луѓе.. Ги вбројувам тие со злобен карактер, садисти, кои уживаат во болката на останатите, несолидарни, нечести, насилни, лажливи.. Неточни.. Лицемерни.. Дволични, мислам дека е доволно, така?
     
  18. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Ние сме луѓе, алчни македонци.
    Македонци велам, алчни, неблагодарни, ништо не цениме, секогаш гледаме за другиот, што, како, каде, кој со кого, сеирџиски настроени, претврдоглави, љубоморни.
    А и не се само македонците со тие карактеристики, ги има ширум светот.

    Ние сме луѓе, составени од коски, крв, месо, мускули, органи, ткива, клетки.
    Ние сите сме различни, различно размислуваме.
    Сите сме составени од исти материи, само различно распоредени.
    Сите имаме добри и лоши страни.
    Сите ние даваме совети, а истите не ги применуваме.
    Сите ние сме секој сам приказна за себе.
    Имаме некои роднински врски со мајмуните, па затоа понекогаш глупаво се однесуваме.

    Такви луѓе сме ние, во глобала.
     
  19. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Не знам зошто ги делите луѓето според етничката припадност. Забележав во повеќе постови дека сте ја навеле нашата нација. Не сме само ние такви.

    Сите луѓе на овој свет кои имаат здрава психа се исти. Сите ги имаат сите особини. Да сакаат, да мразат, да љубоморат... Од општеството зависи кои особини ќе се развијат повеќе и ќе се оформи карактерот на нивна база.

    Сте се запрашале ли зошто често е поставувано прашањето : „Не можам да разберам како може да има толку алчни, тврдоглави, себични.... луѓе ? “ Всушност не погледнуваме на себеси и на еден начин ги занемаруваме нашите негативни особини, додека позитивните се секогаш испакнати.
    Факт е дека сите имаме различен начин на размислување и не можеме исто да мериме чие мислење е правилно, а чие не е. Можеби себичниот не мисли за себе дека е себичен, исто како што и самите не мислиме за себе дека сме себични кога велиме дека даваме се`, а за возврат не добиваме ништо. Сепак, на крајот, мислиме на себе барајќи нешто за возврат.

    Ајде, сетете се кога последен пат направивте нешто лошо за да придобиете нешто на ваша страна ? ;) Целта ги оправдува средствата, или не ? :)
    Да не испадне дека зборувам во трето лице, и јас спаѓам во таа група - сите и припаѓаме.

    Многу често знаеме да им судиме површно на другите. Ех да го имав тоа што го има... ќе бев среќна. Не забележувајќи дека самите ние сме алчни, завидни и го посакуваме туѓото изговарајќи ги тие зборови.

    Иста психа, исти чувства. Сите имаме мал дел од „најдобриот ЈАС“ и посакуваме да успееме во животот. Со повеќе лица (тоа е докажано и на форумов, нели, сите тука сме најдобри, просто човек да подзавиди како сме се собрале сите најдобри душички :) ).
    Светот е суров. Играта на луѓето е сурова, злобна, лоша. Рамнотежата е нарушена... во општеството се поразвиени лошите карактеристики - за жал.
    Различни сме на изглед, но во карактерните особини сме многу слични. ;)
     
    На livingluxury, Sephora, sexybaby22 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Абе луѓе сме,сите грешиме,некој повеќе-некој помалку :D сите имаме добри и лоши страни.Можеби сме и злобни и алчни и љубоморни,но јас би кажала вака: во секој човек има нешто добро,барем маааалку добрина,само треба да знаеш да го извлечеш од него тоа добро.Треба да се знае и како да му се приде на човекот,а не само да судиме едни за други.Ке спомнам и дека има лоши и огорчени луѓе кои се принудени да бидат такви т.е. некогаш биле добри но такви станале од лошите поминати искуства.Позз