Човекот се состои од пола позитивни и половина негативни особини. Ние сме единствени подвижни суштества кои мислат, создаваат, имаат добра меморија и брзо запомнуваат, придонесуваат за да живеат во подобри услови, се трудат да ја заштитат воздушната обвивка, водата, нормално се‘ што е во нивна способност, (ретко) почитуваат, љубат и ценат, ама тоа им се враќа како бумеранг. Додека знаат да бидат алчни, лицемерни, невоспитани, гледаат за својот а г‘з по цена да и напакостат на околината, ама битно ЈАС да живеам во рај, егоисти, користољубиви.. Ете човекот знае да биде мудар, но знае да биде и суров непријател !
Пред се, сите луѓе сме себични.. колку и да не сакаме да го признаеме тоа.. За жал во оваа време повеќето луѓе се ( или сме??) и озборувачи.. Е сега, има разлика од оговарање за нешто шо е точно и исмевање на личност или повеќе личности позади грб.. А она добри, лоши.. тоа зависи до индивидуата.. Нема совршен човек така да не постои личност која е потполно добра или потполно лоша..
стандардот е нула. нивото на свеста исто така.. еве на пример земја ко шведска е еколошки развиена за разлика од нас.. тие имаат во домовите по 4 кеси за сортиранје на губрето. во австралија после 9 саат за излегуванје мора да си со старател и слично. менталитетот ни е различен. или си добар или си лош нема средина а сепак сам си бираш
не луге сме ние,кога ке видиме дека некој не почитува и сака ние се трудиме со брзината на светлината да го расипеме тоа,патиме од завист,од себичност,повеке гледаме да одмогнеме одколку да помогнеме,јас по природа сум мн попуслива личност,и оние кои ги сакам се трудам да им го направам животот подобар и посрекен колку што можам,до сега не видов никакво добро од тоа,само доминантност од другите кон мене и себичност
јас мислам дека сме заостанато општество, таков е ментслитетот, полно со злоба, завист, лицемерие се на се за никаде
Сите ние сме луѓе но ретко кој е човек. Не може на никој да му се верува. Наместо да ти помогнат во неволја тие ти фаќаат сеир или ти се смејат. Пред тебе добри и фини а зад грб ти зборуваат се најлошо. Глумат пријатели а сакаат да те сослушаат само за да имаат нешто за озборување. Лажат. Си играат со туѓи чувства. Гледаат да те искористат и во состојба се за една минута да заборават на тебе ако те видат бескорисен. Едно лошо дело да направиш ќе ти ги заборават сите добри дела. А тек оние што не ценат родители, што не знаат да речат фала, што за богатство би убиле близок, е тие се екстремни случаи. Јас одамна ја загубив вербата во човештвото. Осет за ништо да се немало, очи ќе си извадиме едни на други. За исклучоците секоја чест, малку го осветлуваат овај темен свет. Малку ми влеваат надеж ама секогаш кога ќе помислам дека има надеж и не е се така црно, се појавува некој анти човек што ме убедува дека све отишло и ку*ац. Јас колку што можам гледам човек да бидам. Не рекле за џабе дека најтешко е да си човек.