1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Какви очекувања има(в)те од бракот?

Дискусија во 'Брак' започната од Biljarkata, 15 декември 2019.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    165.888
    Не знам дали вака може да се почне тема, ама ме инспирираше мислењето на @Doozy во темата за проблеми со свекрвите
    Прочитав интересни размислувања, за кој кога смета дека треба да стапи во брак, кога да стане мајка ама ова самово стапување во брак некако недоволно размислено ми делува. Се сакавме- се замавме. Доволно ли е тоа?
    Имате/ имавте ли некакви очекувања пред да влезете во брак?
    Некои основни критериуми што мора да бидат задоволени?
    Некои препреки преку кои не сте можеле да поминете и сте се разделиле со некого?
    Какви заеднички одлуки донесовте пред да стапите во брак?
    Некои разочарани очекувања по стапувањето во брак?
     
    На sj *O*, vitamina, dunika и 14 други им се допаѓа ова.
  2. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    1.144
    Од најблиските сите совети што сум ги добила на таа тема биле "важно е вие да се сакате, да сте сложни и се ќе дојде на свое место".
    Сите мои калкулации им изгледале бесмислени.
    Додека работев на тоа да соберам пари за стан, сите се чудеа зошто ми е, нели се знае жената оди кај мажот (независно дали се 10 души веќе кај него). Ми викаа добро ти планираш да се мажиш или жениш? И овие коментари сум ги добивала и од помлади личности. Чудна им бев. Нормално е ако добијам наследство стан ама неверојатно им беше што сама сакав да заработам.
    Многу многу ретко пред да се влезе во брак се пресметуваат работи, се договара, се планира. Се знае, одиш кај него и ќе месиш зелник со мајка му, ќе му поставиш да јаде на татко му. Што ќе ти фали. И тоа на добри 80 посто од македонските "мажјаци" им е правилно, така треба домаќински.
    Дури ни оној план Б, за кога нештата ќе тргнат наопаку, се разделиш од сопругот, е глупост и невредно да го ставиш на памет. " Ех ти уште сега на развод ако мислиш па не се ни мажи подобро".
    А може се да те снајде во животот ама секогаш ќе си најдат изговор да си ја оправдаат инертноста по тоа прашање.
    Имам многу пријатели влезени во брак веќе, и не ни размислувале ништо унапред додека биле во врска. Сега кога станува веќе жустро и се покажува нетрпеливоста бараат решенија.
    Мене лично тоа прашање ми е средено, на мојот дечко му е јасно дадено до знаење дека на пример не иде во предвид да живеам во заедница, што очекувам во однос на поделба на домашни обврски и сл. Му беше и него чудно што зборам вака унапред ама мене ми е така правилно и фер и сега кога живееме заедно ми е полесно. Не можеш се до детал да испланираш и не зависи се од тебе ама барем за тие основни работи мора да се разговара.
    Не е спорно тоа дека најважно е да има љубов и слога ама кога поради други околности станете напнати и фрустрирани верувајте и таа љубов и слога ќе се разниша.
     
    Последна измена: 15 декември 2019
    На Angie1432, NEA, ALISA0000 и 37 други им се допаѓа ова.
  3. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Ние со мм многу брзо се зедовме, но пред тоа се разбира дека разговаравме за свој дом, разговаравме со родителите и на почетокот 2 год живеевме со свекрва ми, за тоа време започнавме со изградба на куќа, бидејќи неговите се разведени,свекор ми ни помогна највеќе за куќата, па сега живее со нас.
    Сега можеби не е се совршено и довршено, но барем имаме постојан кров на глава и здравје, а за другото ќе се среди се. :)

    Едит: И за децата се договоривме само што ова второво испадна малку порано хихи:$:D
     
    На buba4e89, Lostinparadise, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  4. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Не сум мажена ама јас без 50 000 евра на сметка и без работа и без кола не стапувам во брак оти се може да се десе не сум како некои жени ез гаки шо стапуваат у брак во туѓа куќа и после кукаат
     
    На marlonbrando69, Justicija, sj *O* и 7 други им се допаѓа ова.
  5. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.031
    Допаѓања:
    26.549
    Тие 50k€ да се твои или негови заработени?
     
    На Macito007, najjacha, Butterfly1107 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.611
    Допаѓања:
    161.122
    Пол:
    Женски
    А и идниот ти сопруг ќе мора да има 50.000 на сметка и кола?
     
    На Macito007, Lolipop23, najjacha и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    52.561
    Пол:
    Женски
    Не сум уште во брак, но со дечко ми одвреме навреме правиме таков муабет.
    Најосновно што ни треба пред да бидиме во брак е да сме финансиски независни и да си имаме свое живеалиште. Двајцата да се избориме, да не зависиме од родители.

    Уште одамна имам дадено до знаење дека не иди во предвид живеење во заедница, што ми е другиот критериум. Кога зборувавме за ова со една мажена поранешна другарка одговорот и беше: "Зошто да не сакаш со свекрва и свекор да живееш, нормална си? Па и тие сакаат да се радуваат на внучиња, ќе им помагаш со домашните обврски бла бла". Искрено жал ми падна за таквото нејзино размислување дека тоа мора и дека им го должи нив тоа.

    За се' ова и слично се зборува пред брак, за да не испадни после ама не сакам јас вака туку поинаку. Нормално не можи се' до детал да испланираш, ама за она најосновното и најпотребното треба да си се имате договорено.
    Околината знае страшен притисок да прави за побрзо стапување во брак, ама на крај нема таа да ги решава проблемите што би излегле.
     
    На sj *O*, Oxymoron, ivi1987 и 14 други им се допаѓа ова.
  8. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    4.134
    Пол:
    Женски
    Па можам да кажам дека пред да се земеме имавме разговарано апсолутно за сите теми и си ги кажавме ставовите околу заедничкото живеење и замислата за живот во брак.
    Немавме нешто многу долга врска претходно така што се познавав со неговото семејство ама никогаш не навлеговме во подлабоки разговори, т.е. да се отворат пред мене за проблемите што ги имаат.
    Одприлика јас нешто знаев од мм, но не се' од корен.
    Мајка ми ме предупредуваше повеќе пати и ме советуваше да не брзам и да размислам дали навистина сакам да се омажам во тој момент, а на мене сите тие работи воопшто не ми претставуваа проблем, дури за некои работи и им завидував... ама сето тоа траеше кратко, после една година во брак за сите работи што викав дека се ок, сега ме ужасно нервираат. Но битно дека јас и мм се сложуваме, па останатите работи пробувам да не ги ставам на памет.
    Пример на почетокот им завидував што се толку поврзано семејство, и снаи и свекрви, баби, дедовци.. бидејќи дома не бевме така, ама сега тоа ми пречи. Буквално секој за секого знае се.
    Свекрвата и свекорот живеат сами во стан кој е препишан на мм, ние сме таму вкупно 1месец од цела година, во меѓувреме оди и братот со жена му кај нив на гости, што е нормално, ама пример ги користат моите постелнини и спијат во нашата спална... Тие повеќе имаат спиено на неа, отколку ние. Кога се враќам се е средено и исто како никој да не бил таму, ама длабоко во мене се нервирам.
    Имавме подароци неколку пијалоци кои си стоеа во спалната, бидејќи нормално нема да влечам со мене од Мк штокови или виски...и сега последно деверот си повикал гости негови си ги отвориле и се гостат. Не ми е воопшто за тоа шише бидејќи секако нема да го испијам, ама малку со осет..имаш пари купи си и чекај гости...
    Многу отидов оф топик, ама поентата ми беше дека мислењата во врска и на почетокот во брак не се исти како и подоцна... барем во мојот случај.
     
    На Dadusicka, Herrera, Cinnamon Bun и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Срцка ја не заработувам во Мк веке некое време тие пари ако штедам можам за две години да ги соберам. Ако си збореш за тебе тоа е друго
     
    На sj *O*, Nigredo Odor и Amelia им се допаѓа ова.
  10. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.031
    Допаѓања:
    26.549
    Па јас не ти викам дали да ги заработеш или не. Конфузен ти е постот. Важно да има 50k€, а не е битно дали се твои или негови?
    Значи ако се твои, ти да си рмбала за тие пари, а мажот да ужива со тие, така?
    Така разбра јас де.
    Што јас да зборувам за себе жити се?
    Може јас за себе да си кажам само дека не ми требат 50.000 евра за да стапам у брак пошто живеам у реалноста, не у фантазии
     
    На Macito007, Herrera, KonstantinaM и 8 други им се допаѓа ова.
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Јас, многупати имам зборувано за брак, за значењето на истиот, за две персони што решиле да стапат во брак, навидум сите би рекле уствари никој и пред не може да помисли што не дај боже или пак за среќа ,дај боже, би му се случило, да не заборавиме дека индивидуите се менуваат, се не менува со тек на време, околности, животни прашања,подеми,падови. Се тоа не менува колку ние да сакаме или не сакаме, па и понекогаш колку год да се трудиме да биде океј може да не биде.

    Имено бракот како брак не е ништо важно, ништо длабоко како збор, никакви емоции, она што е важно и во самиот брак се двајцата, колку тие самите ќе се подрудат да бидат пред се Пријатели со големо П, колку тие две индивидуи се борат низ животот и низ тешките предизвици, падови... граници... мостови и планини... можеме да бидеме и 10 години во брак и се да е океј наеднаш се се менува, излага проблем или едноставно сфаќаш дека не оди а да решиш си се обидувал и не бива, епа нешто кога не бива не бива едноставно.

    Секогаш имам кажано дека клучните состојки за секој брак се почитта, подршката, разбирањето, отворениот разговор на маса, дури буквално секое едно делче што го носиш во себе да го кажеш да го пренесеш, тука се и емоциите за било што во самиот брак,, љубовта, искреноста пред се да си слободен да ја кажеш секоја прадљавина што ја мислиш.

    Тоа за мене е успешен пријателско љубовен однос/партнерство.

    Љубовта меѓу двајца исто така е убава и кога забележуваме дека не сме исчешлани и дека може здивот ни смрди насабајле ама се сакаме, или сме по некои стари искинати пижами и не личиме баш на себе во некој даден момент ете и тоа е љубов, и тоа најголема и баш во вакви ситуации и слични на нив на пример кога доаѓа бебе и сме куршлус од персона даваат енергија на љубовта, партнерите се зближуваат... или пак кога едниот не може се случува лошо тука е другиот да мириса на пример разни болештини и последиците што се мошне гадни, љубов е кога и после 10 год брак маж ти ти ја суши бекогаш косата, или не знам те чепка да виде дали имаш немаш нешто што не треба, пиеш вода од иста чаша на помини замини или рано наутро прво што грабаш да се згрееш е неговиот огромен хххл блузон или полошо неговите тренерки а он доаѓа и паѓа од смеење за стајлингот излезена од сибир со очи што светат!

    Љубов е исто така и кога започнува родителството во сите тие хаоси па он ти помага за бањање или да се средиш без притоа да каже збор, ти ги гледа стриите и виснатиот стомак и ти вика океј си де, не се секирај се ќе се среди... љубов е кога сака да ти помогне со бебето од 2 недели па станува во 3 и му дава млеко, истото се посерува со се боди и шпихозни до гуша па он као заинтересен и испаничен трчи да тражи алишта да мие газе притоа со маицата врз нос ама вика се е океј спиј ти!!

    Љубов е кога ти прави врело макиато во 4 сабајле па оди да спие за да ти рает имаш кафе до тебе се освестуваш и топлиш..

    Многу..многу работи се љубов посебно љубов е да се грижи за тебе и кога си најкревка и ти е прелошо ама тука е те смрди и ти помага.

    Заинтересирано усисува или прави муабет унесен за банални куќни работи а ти се смееш пошо ти е смешно и нелогично.

    За мене не постои бракот, зборот брак ми е формалност за институции, постои само љубов, пријателство и пожртвуваност.

    Може некои и после 20 год ќе сфатат дека веќе не се еден за друг а може само и таа поврзаност да им се ујача, луѓето се менуваат секогаш, тоа го имам заклучено и ништо ама ништо не е гаранција за утре за 5 год или за 10.

    Животот пишува романи, и да, може да биде и најлошо а може и најдобро

    Битно е да се сакате, да го кажувате тоа без разлика што стњ возрасни фамилија и сте постари, љубовта е подршката, почитта разбирањето и компромисот. Другарството и муабетот на маса, со искреност со смеење и со јадење бадеми и пиење виски, добро знаеме почесто да јадеме и млеко и бисквити :)

    Сметам дека тоа е ,бракот, сметам дека не значи дека ако нешто било 20 год преубаво дека ќе е засекогаш бидејки зависи во животот на каков проблем ќе дојдеш на каква фаза ќе пројдеш и дали истата си спремен да ја направиш со компромис или успееш да ја надминеш..

    Бидејки љубовта значи и карање, врескање на најјако, мешање баби жаби, урлање, ама љубовта е вистина, јас вистината само нему ќе му ја кажам без разлика дали истиот тој ќе ја прифати или нема, јас само нему ќе му ја кажам, без разлика дали е лоша или добра или е за навреда сепак е вистина и тој е едниствениот човек што би му кажала секоја една честичка што ми минува низ глава!
     
    На ALISA0000, sj *O*, ForeverYoung и 14 други им се допаѓа ова.
  12. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Па јас си кажувам за мене за некој е реалност за некои фантазија зависи како размислуваш. На друг начин ке те гледа партнерот ако имаш јак грб мила и имаш зад себе нешто
     
    На sj *O*, buba4e89 и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  13. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Живот во заедница единствено привремено. Ништо не доаѓа преку ноќ, посебно не можноста за свој стан или куќа.

    А за брак...па, љубов и почит пред сѐ. Примања, планови за во иднина, пошто без стратегија ништо не успева.
     
    На candy.cane и tina2018 им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    165.888
    Не мислам дека ќе те гледа на друг начин. Евентуално ќе бидете рамноправни, да не се чувствуваш заробена и притисната во услови кога тој би бил ,,газда,, или да не ти се слуша гласот, оти нели, од негде те земал (е).
    Реално е дека во Мк жените се дискриминирани на многу нивоа, вклучително и на семејно ниво. Женско дете за жал, сеуште не секогаш е вклучено во поделба на наследство, што обично подразбира некакво решение на станбено прашање. Затоа многу често по стапувањето во брак, таа нема излезна опција ако бракот не функционира, па мора да се трпат секакви невозможни ситуации.

    Во таа смисла, ти го разбирам и оправдувам резонирањето. Сумата е секако индивидуална и не мора да биде баш дефинирана како сума, ама финансиска самостојност и независност се многу важна работа.
    Моите родители секогаш сметаа дека женско треба да си има едно свое станче (нивни зборови), да има кај да се прибере ако не оди работата. Не мислам дека биле модерни, рационални биле.

    А потребата секогаш да се наоѓа нешто за подсмев, не ја разбирам.
     
    Последна измена: 16 декември 2019
    На sj *O*, glosipgirl, ForeverYoung и 15 други им се допаѓа ова.
  15. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    6.559
    Пол:
    Женски
    Баш ми е мило што се отвори темата, бидејќи 100% го делам мислењето на Doozy и одамна се прашував на што мислат младите кога така влетуваат во брак, притоа не размислувајќи за место на живеење, работа, финансии итн. За мене, накратко кажано тоа е непоимливо.
    Сеуште не сум во брак меѓутоа сум разговарала на темата со партнерот мал милион пати. Се стремам кон тоа да ги споделиме нашите очекувања во врска со се, пред да се решиме на тој чекор.

    Никогаш нема да разберам зошто некој би се решил на живот во заедница, кога сите знаеме дека тоа едноставно не функционира. Пре би почекала да создадам услови за стан, кирија или барем спрат од куќа, отколку да се изложам себеси на куп проблеми од сам почеток. Од тука ми е прашањето зошто? Зошто брзате? Што добивате со тоа што ќе отидете да живеете со неговите родители, кога можете да почекате и да поживеете со своите уште некое време?
    Зошто брзате ако не сте самостојни со работа и финансии?
    Знам дека не може се да биде идеално, ама можеме да се потрудиме околу најбитните прашања со цел да си поставиме добра основа за развивање на тој брак. Бракот се состои од двајца, не од свекор, свекрва, баба, дедо, девер, итн...Зошто би си го комплицирале животот кога може да биде многу поедноставен?

    Зошто би се нафатил на живот во заедница привремено? Подобро почекај, создај услови, па реши се на брак.
     
    На nena2010, sj *O*, Trxmx и 18 други им се допаѓа ова.
  16. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Да така е ова сакав да го кажам
     
  17. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    118.111
    Пол:
    Женски
    Се сакавме- се замавме. Доволно ли е тоа?
    -за нас ДА, се сакавме цели 12 години, живеевме заедно пред брак, освен бурмите и презимето, ништо не се смени во бракот.

    Имате/ имавте ли некакви очекувања пред да влезете во брак?
    -Никакви, мислам дека доволно се познава(в)ме

    Некои основни критериуми што мора да бидат задоволени?
    -да ми помага во заедничкиот живот во брак, како и пред него, фала богу така и остана.

    Некои препреки преку кои не сте можеле да поминете и сте се разделиле со некого?

    -препреки имало, и ќе има, не е интересно без нив, но не се доволно јаки и битни за да разделат нешто што сами сме си создале.

    Какви заеднички одлуки донесовте пред да стапите во брак?

    -стан заеднички на 2 имиња, кола за него, кола за мене, секој вработен, кредит на 2 имиња]:)

    Некои разочарани очекувања по стапувањето во брак?
    -потомство на почетокот од бракот, сега не го сметаме за разочарување, силни сме кога сме двајцата инволвирани во ова што го живееме(fingers)
     
    На Lolipop23, sj *O*, TutiFuti и 26 други им се допаѓа ова.
  18. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Темава е и за нас кои не сме во брак, така?
    Не би дала одговор на ова прашање со "мислам дека", туку со апсолутна сигурност тврдам дека никогаш не би живеела во заедница, во практично туѓа куќа.
    Се знам себе си доволно за да речам поинаку. Што од само свест, што од стотици примери околу мене, на хаваријата наречена заедничко живеење. Си сакам нешто свое, свој дом макар и скромни 40 квадрати нека е, да го осеќам за мое како душевно така и на документ. Да имам приватност и независност, да не се осеќам како да сум под лупа што ќе кажам или направам, да оставам несредено и месец дена ако така се осеќам, да седам по прслук дома пак ќе кажам ако така ми се присака, да се сексам на цел глас без да ми е незгодно од свеки у собата до мене.
    Илјада причини.

    Кога не би имала финансиска слобода, не би влегувала у брак.
     
    На nena2010, cresa-jagoda, sj *O* и 18 други им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    165.888
    Темава е за сите, и за тие што влегле и за тие што ќе влезат во брак. Не дека мора брак, ама муабетот беше дека некој нешто веројатно очекува кога е во врска, во која насока би одела врската...

    Јас еднаш не влегов во брак, оти дечкото имаше малку поинакви идеи од моите, за тоа што е семејство и кој какви улоги има. Идејата за саботен ручек кај баба и јас да спремам марула салата ми беше ту мач. Стварно се сакавме и стварно бевме млади. Некој друг не би можел да ми ја разбере логиката, ама секогаш сум знаела што можам а што не можам да бидам. Малку оф топик, малку не...
     
    На cresa-jagoda, sj *O*, Oxymoron и 9 други им се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.913
    Допаѓања:
    32.520
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш знаев дека нема да живеам во заедница. Ако треба во една соба, ама сами да сме. Разговаравме и за тоа обврските да се поделени. На почетокот имавме проблем ( госпожа мама му го переше мозокот), ама му го дотерав умот. Ми помага во се. Сите домаќински работи ги извршува. После подолг период дојдовме до нешто свое (со мала помош од моите). Јас бев невработена кога се земавме, ама финансиски стабилна. Се сменија некои работи. Односот со мајка му не е како што треба. Нема да ми прости што и го земав синот. Го носам неговото презиме. Сменив адреса. Се друго си е исто.
     
    На cresa-jagoda, tina2018, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.