Многу причини за разидување знам ама ова со марулава салата ми е нешто ново Али паметно си размислувала на долги стази, момакот сакал куварка од тебе да прави..
Многу сакам да те цитирам. За жал, во некои места се знае што се очекува од жената. Маж ми потекнува од едно мало место. Таму жената е практично слугинка. И да имаш некакви очекувања, ќе заборавиш на тоа. Ги гледам невестите и жал ми е за нив.
И јас тебе, ама ти се лутиш За жал така е, ама би им дал еден совет на сите будуќи сопруги, не влегувајте у брак за да му бидете мајка и спремачица
Не сум во брак, нема ни да бидам уште долг период. Зошто сум overthinker имам размислувано на темава и имам планови некои и плус некои работи што мора да се исполнети за да воопшто се решам у живот на чекор брак, како најпрво, а тек потоа се очекувања за каков брак би имала. Не го гледам како најголемо животно достигнување, некогаш воопшто немав ни желба за истото, но сменив мислење малку за бракот, зошто најдов човек со кој мислам дека ако остане до мене и во иднина, би се осмелила на таков чекор. Но, времето ќе покаже за тоа, имам долг период пред мене да одлучам за кој ќе решам да биде тој несреќник што ќе се запусти со мене. Без разлика кој ќе е тој , дел од плановите што ги имам за стапување во брак се: најпрво, зрел, стабилен партнер со кој се гледам во една таква заедница, да имам стабилна работа, заштеда своја, да имаме можност да си купиме свој стан, а не да живеам со 10 поколенија и да си го мразам животот и домот, па да ме читате тука како една снаа решава да ја убие досадната свекрва, да сум 29+ минимум, не можам да се замислам помлада на таков чекор да се решам, дури и ова ми е рано ама ако се исполнети работиве погоре, сметам дека таа е некоја оптимална возраст на која би можела да размислам сериозно за истото. Не би избрзала на вакво битно животно прашање, пред да направам план како што рече @Doozy. Благодарение на форумов во едно сум сигурна, подобро немажена отколку живот со 3 поколенија и немање мир у куќи. Фала фемина, што на време ми ги отвори очите. Ах, а ако некогаш стапам воопшто у брак очекувањата се: да не ми ги крати "крилјата" кои што сум ги имала пред да сме во брак т.е да не му смета нешто што претходно во врска не му сметало од тип на што работам, колеги, семинари итн, да се поддржуваме и да имаме доверба еден во друг, а најбитно од се, бракот да ми е "рај", а не животен пекол. Кавги и несогласувања ќе има, но да може да се изнајде компромис. Се друго ќе го сметам за пиши пропало. Мислам дека форумов на многу млади не просветли, па благодарение на искуствата прочитани тука, се надевам дека нема да правиме дел од најчестите правени грешки... Пошо форумов слави 10годишнина, се надевам дека за едно 15г уште ќе постои, па ќе биде се поинаку на форумов и теми од тип свекрви и снаи веќе нема да се активни или бар ќе се многу помалку активни. А и ќе видам дали сум успеала у планот. Cheers for the future.
Кога прочитав 50к пред брак еден да збере, сакав и ја да смислам некоја интересна реченица за во темава. Ама не можам да се сетам некој филм за пример или инспирација После гледам за 2 години, во друга држава се збирале.Па си реков да прашам, да искористам гужва. Да се направам паметна и јас, да соберам, па да се вратам во 2022 да делам совети
Од брачното другарче очекувам да ме цени, почитува и да ми верува, а тек на крај да ме сака. Првите работи ми се некако поважни од љубовта. Очекувам да сме способни за компромис, со цел да имаме хармонија и двете страни да се задоволени. Очекувам да си бидеме на прво место двајцата, а потоа и дечињата. Сметам дека кога се стапува во брак, тоа семејство е првичното, главното. Замисла ми е од мала, да се вработам, осамостојам финансиски пред да стапам во брак. Да си купиме стан, тука или надвор од државава. Да си се љубиме многу, ама и да се дружиме со други луѓе и членови од нашите фамилии. Фамилијарен човек сум и сакам да ја задржам близината со роднините што ми значат. Многу нормално и со пријателите.
Како будуЌа невеста, да си кажам, истото што го кажувам од 2015 тука Толку долго сум со него, очекувам да не се смениме на полошо и двајцата Ако сме какви што сме, ќе го прогураме животецов арно. Ќе ме нервира со неизбришани трошки понекогаш и некои пантолони во сред соба, јас ќе го нервирам со паничење за секоја ситница, мозок ќе го боли ако не искоси трева Само да се сакаме де, а и финансиски да оди секогаш на подобро, чим има што да тропа во чекмеџето, пантолони, трошки, трева и прашина не се проблем. Така што, што очекувам од "бракот"? Од бракот како институција ама баш ништо, од заедничкиот живот со партнерот очекувам љубов, почит, разбирање, финансиска и емотивна стабилност
Јас сум тазе верена и за тие побитни ствари сме разговарале поодамна. Во заедница мислам дека нема таков што сака да живее. Ние ќе живееме во иста куќа со неговите ама они се на долниот спрат ние на горниот. Дури си кажав и додека не си реновираме и не се оделиме скрос и со посебен влез и кујна да направиме јас дома ќе си седам. Фала богу луѓето никогаш не се ни качиле горе ако не ги викнеш. Мајка му сама си вели две жени во иста куќа/кујна не бива Јас имам од моите две куќи, можевме и таму да живееме али сфативме дека боље пари од кирија да вадиме од таму Друго, беше мрзлив али сега сите домашни обврски ги извршува, го турив у ред За финансиите уште сме у завршни преговори иако он вика јас со пари не знам, зима плата ја троши у прва половина поголемиот дел а после свири се стиска и затоа јас да сум водела ред пошо јас знам да штедам повеќе. И за деца се имаме договорено у наредни 3-4 години не. Ии горе-доле за тазе верени мислам доволно работи сме решиле
Една работа е за ршена мила си купив кола од заштедените пари не се секирај ич прво скок па оп. Незнам шо ви е толку невозможно жената да има толку пари на сметка а у други теми ке се испотепате за независност на жената. Маж да пишеше без 50 000 евра на сметка не се женам слатко и убаво ке ви беше. Е затоа сме тука кај шо сме
Супер се вие што разговарате пред брак и слично,ама муабети договори и преговори пред брак и кога ке стапис во брак не се баш исти и не баш искача според планот за жал
Едно е да бидеш независна и амбициозна, друго е да мислиш дека сите што немаат 50 000 евра на сметка и кола влагаат у брак без гаќи. Погоре кажа дека работиш во странство, ондак пиши на странски форум не улетувај у филм дека ние не знаеме што значи независност, независноста прво доаѓа одвнатре, ти да знаеш која си во животот за никој друг да не те дефинира, а не 50 000 евра и кола, ама ако така си мислиш убаво за тебе, битно ти да се почувствуваш како најнезависна и најнапредна женска на форумов, а другиве што коментираат дека ти е смешен коментарот сигурно живеат во колиба и они сега тебе ќе ти кажуваат средена женска со која нема заебанција Само уште да не велиш ми помага за обврските пошо нели и он живее во таа куќа.
И ова е точно. И точно дека работите не испаѓаат секогаш по план, желба и замисла. Живот, you gotta roll with it. Ама треба човек да биде реален за своите очекувања и моменталната ситуација. Океј е да не успееш да купиш стан сега и веднаш, ама не е ок да живееш со 3 генерации во 3 соби, да не преземаш ништо околу тоа, да очекуваш семејна идила и мирни брачни води, и да се лутиш ако свекрето гледа турска серија. Зрели луѓе разговараат и се договараат за овие работи. За жал, добри 60-80% од нас се растени во дисфункционални, а навидум функционални екс-ју семејства кога скоро сите беа со баба/дедо по дома... и треба да си луд да си го направиш истото и самиот себеси у име на љубов. Љубов е љубов, ама да си прднеш на раат без никој да те чуе е друго.
Ќе си го љубам од далеку ако немаме можност за од блиску Трн во здрава нога не се става. Не можеш се' да испланираш, ама па и без никаков план, каде?
Потребна е лојалност, искреност и зрелост во бракот. И двајцата да имаат стабилна работа и само нивен дом. Планови за иднина. Ќе ги прескокнам работите за вечна љубов и се тоа пошто реткост е денеска. Потребна е и поддршка. Ете, тоа јас го очекувам. Ако стапиш во брак не значи дека треба да станеш зависна од него, пак треба да си ги тераш замислите, затоа реков важно е некој што ќе те поддржува и обратно. Ако си имам пари тие пари ќе се мои, ако имам кола и таа ќе е моја пошто сама ќе си ја заработам. Ни сакам тој да чека од мене ни пак јас од него. Домачица да будем не ми е во план.
Јас сега за сега си ги исполнив очекувањата. Живееме посебно, што е нормално за мене, не стануваше збор за заедно. Хармонична средина. Очекувањата ми беа на друго ниво. На пример подделени обврски во домот. Заедно чистиме, готвиме, спремаме за гости. Никој не чека на другот, туку кој има време, фаќа. Одлуките за уредувањето на домот, беа исклучиво наши. Се' што се зезнавме, сами се зезнавме. Никој не се ни дрзна да каже, што ќе ви е ова и она, или ваков шпорет или фрижидер. Наидов на рзбирање за патолошка бременост и со прст не мрднав. Бебето исклучиво сами си го гледаме и одлучуваме за него. Очекувам така и во иднина. Има ситници, си влечеме навики од дома некои, но ги модифицираме, а и тоа не е битно. Имаме помош финасиска ако побараме, но засега нема потреба. Скроз сме финансиски независни. Друга помош во домот или за бебето немаме, ниту сакаме. Мое очекување беше без ручеци и збиранки фамилијарни за секој викенд, бидејќи сакам да шетаме, без такви обврски, и мило ми е што се исполни. Не сакам да седам на кафе во парк и да трчам на ручек кај неговите/моите. Сеа се случува, ама не е секој викенд. Би сакала здравје уште едно дете, иако и вака се чувствувам комплетна.
Сметката дома и на пазар речиси никогаш не е иста. И јас велев нема да живеам во заедница, а и маж ми си живееше веќе сам и пред да се запознаеме. Арно ама, купивме стан за кој никогаш не стасавме до потпишување на договор, се развлече работата, а демек беше се готово. Јас трудна до заби, а во станот кај што бевме општа сауна летово. Стиснавме заби и отидовме кај неговите на 2 месеци додека поминаа горештините. Ја не можам од нив да се пожалам, ме тинтраат ептен, ама ми сметаат. Сакам да шетам гола бре по дома. Сакам по гаќи да одам ноќе до вц кога ќе се разбудам, не сакам да се облакам специјално за преку ходник, па да се соблакам пак за во кревет, а вакви ситуации имаше милион во тие 2 месеци. Џабе ми е и што се готвеше јас што сакам и што се купуваше јас што сакам и што ми ги переше и пеглаше гаќите. Слободата е бесценета и без испеглани гаќи и со сендвич од бајат леб. Ама има во животот ситуации каде планираното едноставно ќе заглави некаде и човек мора да се снаоѓа. Кога почнавме да дејтаме, патував, да одам кај него и да славиме прва нова година заедно. Тој ми соопштува дека по полноќ ќе сме оделе кај неговите дома на закуска и здравица. Го прашав дали е сериозен со муабетот дека за нашата прва заедничка нова година мисли да ме носи кај неговите. Да инсистираше, сигурно немаше и денеска да сме заедно. Среќа е разбран. Пред брак зборевме за многу работи, ама не праевме муабети за кај би ручкале за празници, кој би помислил. Го знам како диши, па вчера намерно му соопштувам што планирам да готвам за Божиќ, па пак ми ували муабет дека ќе одиме кај неговите. Очекувано. Му кажав дека може да оди кај сака, Божиќ е за семејството и оваа година со бебе прв пат ама за ништо на светот нема денот да го делам со никој друг. Толку беше. Претходно и мене ми одговараше за празници после шетање да отидеме до неговите на ручек. Ем прошетани, ем најадени и тоа саглам ручек не џанк фуд, ем ја да си ја прчам на готово. Сега ситуацијата е поинаква и моите желби и приоритети се поинакви. Така и очекувањата се менуваат и прилагодуваат како пред па така и во бракот. Некогаш не е ниту до муабетите што ги тераме пред брак. Туку многу е битно со човекот што сте го избрале да имате заеднички јазик и разбирање. Оти се што сте збореле пред брак, во брак може да се смени, па дамла да ве удри. И многу ме иритира кога ќе речете мажите ви помагаат или очекувате да ви помагаат. Не ви помагаат. Туку се вклучени во заедничките обврски. Домашните обврски не се само мои, па тој ми помага мене. Заеднички се. Тој е вклучен во се исто колку и јас.
Сум ја утнала темата Очигледно треба да пишам тука Очекував мир, љубов и спокоен живот. Добив турбуленции од сите страни, за среќа, маж ми не запре со давање љубов, и да ми обезбедува мир и да се труди да сум спокојна. Пред брак не знаевме, ама после тоа сфативме дека сме семејство. Наше, ние тројца. Апсолутно ние сами против цел свет. Никој не смее лош збор да каже или направи за него, ни мајка негова ни моја. исто и и за мене. Ние сме тим, имаме заедничка цел, и заедно се бориме за тоа. нема грам сомнеж во поддршката. Се што правиме, правиме за нас.