Бреее oд љубoмoрa кo се зaпнaвте зa 50 000 еврa... Другите кaкo слoбoднo мoже дa збoрaт -не се мaжaм aкo требa вo зaедницa дa живеaм? Немa ли мнoгу луѓе вo зaедницa штo живеaт зaтoa штo нели Мaкедoнијa е, нели плaтите се тaкви кaкви штo се, нели секoј не мoже сaм дa живее? Кaкo не се нaвредијa еден куп вo зaедницa штo живеaт пa дa дoјдaт сo сaркaстични кoментaри зa тие штo стaн сaкaaт дa си купaт првo?
И јас не гледам ништо погрешно во замислата за 50.000 евра на членката. Многумина пишавме дека во брак не би влегле финансиски неспремни, е сега, за некој финансиска спремност подразбира 10к, за друг 50к, за трет 100к, и тоа е сосема океј. Во превод, исто му доаѓа.
Каква љубомора? 50.000 еу во Мк да ги заштедиш до 30-35год треба бизнисот јако да ти врви. Плус кола, плус не треба ли да живееш во меѓувреме? Голема е сумата туку така да се лепне. Не е љубомора, реалност е. За во државава зборам.
А колку е еден стан, една куќа? Зошто не ги цитирате оние што велат дека не се мажат пред да се обезбедат со сопствено живеалиште? Плус, отпосле си кажа дека не живее во Мк ама останаа 50 000 евра актуелни.
Никој не вели да биде паразит. Толку сте удавени во шовинизам цел еден живот ви е потребен да излезете. Како можеш да не сфаќаш што сакав да кажам. Какво помагање кога и тој живее во таа куќа. Наместо да кажеш поделени ни се обврските, ти велиш ми помага. Демек тоа е твоја работа и он ти помага. Ич не плачете за феминизам се дури размислувате вака.
Си кажа отпосле дека е во странство и има право да пишува. Уште еднаш те прашувам, колку е стан или куќа во Македонија?
Тоа нема никаква врска. Дете да избањаш не е само твоја обврска па сега тој ти помага, и тој му е родител на тоа дете. За помагањето за лични работи не збориме ни ја ни ти.
Она зборува за таа сума во готово. Толку е, ама Македончето се знае 90% каде ја наоѓа таа сума. Местото се вика банка.
Размислувањата пред брак и сега,врска си немаат.Плус,испадна се обратно од планираното. Сфатив дека нашево место што си го имаме, син ми и мирот ме исполнуваат ,и доволно ми е.
Немав големи очекувања, иако си признавам, малку се плашев да не се смени во брак, пошто повеќето се менуваат (или си го покажуваат правото лице), За среќа немаше такво нешто, истиот е. Исто и во врската, немав очекувања, ако биде биде, ако не здравје. Си знаев кај доаѓам, со кого се мажам, впрочем, го избрав заради тоа, не дека некој ми стави нож под грло дека морам по секоја цена да се омажам. Исто сме како пред десет години, само сега плус две деца, малку повеќе обврски, ама другото е скоро се исто. Малку и потврдоглави стануваме како старееме, ама навечер заспиваме гушнати. Сеуште. Тука сме еден за друг кога и да згусти. Кога некој ти значи и го сакаш, и во лошо ти значи, го поддржуваш до крај, оти секоја борба и секоја победа е заедничка.
Добро ајде, сега и во психолошки моменти да навлегувам, не планирам. Кој сака да разбере ок, кој не, пак ок.
E ова болдираново е битно. Ама колкумина за во брак користат збирна множина (ние) а колкумина велат јас вака, тој така... па уште и ,,неговите,,,, моите,, ко ќе влезат во комбинација, да се праша човек кој со кого влегува во брак, или кој како ги поима работите...
И јас сметам дека ова е од огромна важност во бракот. Израснав гледајќи го татко ми како врие од нервози затоа што мајка ми ја омаловажиле на работното место, како мајка ми своеволно зема слободни денови и оди кај родителите на татко ми да им помага.. За успесите да не зборувам. Секој успех на едниот бил успех и на другиот. Кога мајка ми работела втора смена, никогаш не сум се осетила дека дома недостасува еден родител (а сум била 2 3 годишна). Без разлика на примањата, финансиите се заеднички откако се сеќавам. Стварно сакам и јас во иднина да делам дом со некој со којшто ќе делам се. Тоа е бракот за мене.
Во иднина би бирала партнер со кој ќе имаме мир, слога, љубов и почит. Од материјалните работи, да создадеме заеднички дом и да бидеме независни. Не би живеела во заедница, бидејќи сведок сум колку проблеми можат да настанат кога некој трет се меша. Во моја околина па дури и скоро сите мои роднини живеат во заедници. Мали плати, невработеност, мажот обезбеден со ќуќа/стан па сите ќе живеат заедно. Скоро сите што ги знам, дома со нив живеат и баба и дедо. Најважно било да се погодат луѓето и да има соживот. Разговаравме со една тетка на темава, ми вика: ,,па што ако немате пари за да се делите, мали ви се платите и несигурна работата, ќе земате кредити? Ако имате можност да се делите во ред, но најважно е да се погодат луѓето и да имате соживот." Муабетот е, момчето има родители, нема да ги избрка на улица, ако се нема услови за делење. Дури мислам дека и вкоренето во нив е тоа жената да се сели кај мажот, а машките деца доколку имаат куќа/стан не се ни воспитувале да штедат за нешто свое. Обезбедени се, безразлика што не живеат сами. Секоја чест на исклучоците и на родителите кои се свесни дека подобро е секој посебно да живее, бидејќи има и такви кои го сфаќаат тоа како навреда, како жената да им го краде синот и не сака со нив да живее. Сешто сум видела и слушнала. Роднина кога се дели со мажот и, свекрвата кружеше муабети како внуците и ги зела, не можела да ги гледа кога сака. Уште сега еден од најголемите планови ми е да можам да купам свој стан, макар и со 2,3 соби. Свекорот и свекрвата можеби ќе се супер луѓе, но кристално е јасно дека животот сам со партнерот и животот во заедница не е ист.
Нема што таа да ги гледа внуците кога ќе сака туку кога ќе и дозволат. Да се има внуче е привилегија, а не право. Гарантирам дека македонските свекрви се во топ 5 во светот по простотилук и злоба.
Мене па најглупо ми е кога децата ќе се користат како оружје во борбата едни против други. Инаетот на снаите да не ги даваат старите да ги гледаат ми е тотално глуп. И јас немам совршени свекор и свекрва, напротив, бајаги бевме закарани едно време, ама никогаш, никогаш преку децата не сум се одмаздувала. Ги гледаат кога сакаат, колку сакаат. И ако, ете, некогаш се случи да се разделиме со мм, никогаш на децата нема да им бранам да ги гледаат старите, оти тие им се баба и дедо.