1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Какви очекувања има(в)те од бракот?

Дискусија во 'Брак' започната од Biljarkata, 15 декември 2019.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Коа сме на темава уште за 50те илјади евра, верувам дека квалификуван, (најчесто) дефицитарен кадар може да ги заработи во странство и за помалку од една година, но не знам дали ќе е така лесно да ги заштеди.

    Од Мекдоналдс сигурно нема да ги заштедиш за 2 години, ама од јаки фирми, успешни стартапи што ги откупувааг за милиони, болници, јаки менаџерски позиции, итн. не е толку недостижна сума.

    Ако одделуваш, макар и минимално, секој месец да вложуваш во нешто, тогаш уште полесно ќе оди. :)

    Зависи каде живее, дали го знае јазикот, струката, со колку пари тргнал одовде. Друго е да почнеш од 0, друго е да тргнеш со 10к у џеб, комотно да платиш кирии и др. трошоци што ги има со селењето.

    Муабетов ми е, не одат сега сите да почнат од апсолутна нула. Ако се селам во Германија, пример, со некое Б1-Б2 знаење на јазик и мое искуство, дефинитивно нема да е од нула и нема да е трнливиот пат. Ако одам у Финска, не само што ќе е од нула, у минус ќе влезам со јазикот.

    Инаку, целата галама се крена пошто ја кажа буквално бројката. Се доби на смисла, ако се 49500 не се мажам. :D

    Да речеше да имам заштеда, немаше да го правиме муабетот.
     
    На Mishela, P.S.love, CameliaMiller и 8 други им се допаѓа ова.
  2. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Ако сакам да праам да и одговара на луѓето ке треба да пишам домакинка да будем
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Абе ти прави си како ти одговара, ја општо си коментирам кој беше тригерот у ситуацијата. :D
     
  4. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Со се сВе си права :). Само проблемот е што на денешницава 21 век 2020 година на искривени морални економски и тако даље вредности тешко дека пак ќе заработиш 50 илјади кешерица за 2 год. Ти ќе заработиш де, ама ќе треба и да живееш нели?! А млад си, плус новопечен во странство.

    Се си има време, трпение, посекако дека можеш да заработиш и тргнеш ама за 2 год мнооогу тешко која год струка да ја работиш.
    Не за џабе за се нешто има и свое време.

    Се надоврзав на муабет. Поздрав дузи :)
     
    На cresa-jagoda, Tajnaotrovna и Doozy им се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Уште сo 50те илјaдaрки. Нa брoд се зaштедувaaт тoлку, aмaн. И вo билo кoјa пoбoгaтa држaвa aкo си oтиден дa рaбoтиш и штедиш, не дa живееш нoрмaлнo. Или ептен дoбрa пoзицијa.
     
    На felisitas, Anon, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.224
    Допаѓања:
    93.797
    Да не беше темава па, како некои ќе се пофалеа оти си купиле станови.

    50 илјади, па 50 илјади, вака можело, така можело, а ретко кој од нашава младина има на 30год решено станбено прашање без кредит и некое евро заштедени од пензиите на мама и тате.
    Ама на форум се може, секогаш.
     
    На crazylady, Cherry333, Yowannty и 8 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Ние купивме стан во кеш.
    Маж ми продаде стан од неговите, јас добив дел од парите, од куќа шо продадоа моите.
    Е така се 'печали' кај нас.
    Да не беа тие пари, никогаш нема да купиме стан... посебно не во Скопје.
     
    На crazylady, JasnaStojanoska, poenta и 14 други им се допаѓа ова.
  8. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Прво прегледа ја убаво темата па послем коментирај дали прашав или не прашав на кој начин и каде се доаѓа до таја цел ОК?
    Ако јас сум успеала да соберам САМА на чесен и поштен начин толкава сума на пари за толку време ќе бидам горда на себе и ќе кажам со гордост да работев тоа и тоа и мојот труд се исплати ги собрав тие пари.
    Луѓе како вас кои си прават само празни муабети со никакви факти и докази поткрепени можат тоа да го прават 24/7 ако тоа му одговара.
    Во ниту еден мој пост не напишав дали можи некој или не можи да го постигни тоа туку прашав неколку пати КАДЕ И КАКО?
    Според вас сите брачни двојки кои живеат во заедница со нивните родители или живеат како под станари и се мачат се не работливи или не способни на некој начин,па затоа прашав на кој начин се доаѓа до тие пари за толку време да не просветните и упатите мене и другите парови да си купиме по еден стан и да не се мачиме во животот со кредити со преселување од едно место до друго СО ГОДИНИ итн.
    Значи конкретни одговори само ОК?
    До тогаш :hai:.
    @Emy867 Тоа ми е и мене муабетот кој свати свати кој не негов проблем.
    @WildMk Да ми си здрава и жива за искреноста, и со здравје да си седите во станот.
     
    Последна измена: 20 декември 2019
    На Cherry333, An-na, Spidy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    6.561
    Пол:
    Женски
    Doozy многу добро објасни како смета дека може да се заработат тие пари. Значи одговор на прашањето КАДЕ и КАКО доби. Разбирам од каде произлегува фрустрацијата, меѓутоа многу фактори играат улога и не е невозможно.

    Имам колега кој во странство заработува 4-5 илјади евра на месечно ниво. Пресметајте колку пари се тоа годишно. Со трошоци и кирија јас сметам дека може да ги заработи 50 те илјади за 2 години.

    На крај краева не е ни битно. Секој со своите желби и сонови. Не можеме да знаеме во какви услови живее членката која кажа дека без тие пари на сметка не се мажи. Можеби има добра струка и висока плата па за неа не е толку нереално како што мислите.
     
    На WildMk, felisitas, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.511
    Допаѓања:
    144.237
    Ич не е битно со колку кеш ќе стапите во брак, ако пред тоа немате исти цели, замисли, подршка, љубов и куп разбирање за разни ситуации.
    Точно дека е потребно некоја основа да се има, ама и видиците во животот да ви бидат исти или барем слични.
    Се додека одите низ исти пат, може да се започне и во една соба, ама целта е таа, за да се заштеди и побрзо да се оделите од таму. Да се подржувате заедно низ бурите, оти периоди секакви доаѓаат,и најарни и најлоши.


    А какви очекувања имав? Ни превисоки ни прениски. Се знаевме убаво, една година пред брак живеевме заедно. Знаевме што имаме и што понатаму не чека.
    И после се , на крај на денот секогаш легнуваме двајцата гушнати. Проблеми имало и ќе има, ама решенијата се заеднички.
    Се додека целиме кон исто, препреките се надминуваат.
     
    На crazylady, темјанушка, dayla и 31 други им се допаѓа ова.
  11. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    14.002
    Straight to the point (y):bow:
     
    На crazylady, WildMk и duffi им се допаѓа ова.
  12. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Пишуванките Еме убави и лични на око ама на дело?!
    Јас стварно се чудам тоа каде сум живеела, еве за Ск не знам ниту сум компетентна да дебатирам и несам мислења ама таму каде што јас живеам не познавам никој да купил стан на 30 год од свои финансии, значи зборувам од моја гледна точка за местото од каде што јас потекнувам, сите се разочарани и едвај скрпуваат крај со крај, станови, куќи коли и 50 к познавам само градоначалници и директори од партии остало цк.
    Дури некое дете поштено и работливо среќа да собрало 1000 евра е успех, ма преуспех, а и луѓето на брод ? 50 к? Не викам дека не еве може и познавате ама јас имам луѓе што се на брод и тие друго кажуваат, баш на маж ми добар другар е на брод, печали да ама не печали ваква идеала.

    Океј, не сакам да ме сфатите лошо, може познавате вакви добри работливи успешни луѓе за година две да се снашле вака идеално ама јас не познавам такви па зборувам само од моја гледна точка и ми е чудно со оглед ситуацијата во Мк преку вести медиуми луѓе социјални мрежи.

    Некако не можам да ја сфатам контрадикторноста во Мк, ова општо зборувам, ќе сретнеш луѓе ќе зборуваат нон стоп 300 000 па 300 000 коли станови и слично ама реалноста друга е.

    Наклон до луѓето што успеале така добро да се снајдат што ги познавате за толку кратко време.

    Сепак сметам дека денешницава тешка ни е, со сите тие испревртени морални вредности.
    Плус и во странство на сем почеток платата колкава е?!
    Се разбира дека секој почнал од некаде па растел финансиски и образовно нели, искуствотото настрана плус е многу важен фактор па кој го има благословен е за праење пари.

    За убав брак потребни се двајца, да се има разбирање, ЗАЕДНО човек може планини да сруши.
     
    На crazylady, темјанушка, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.003
    Пол:
    Женски
    Off topic:
    може во странство да се заработат 50000 евра за две години, ама ако имаш солидна позиција во добра фирма што ти нуди целосен пакет, во смисла, обезбеден престој, платени сметки, сопствено возило, и платена школарина за деца. И за пократко време ќе ги собереш.
     
    На cresa-jagoda, WildMk, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.224
    Допаѓања:
    93.797
    Па јас ако заработувам толку во странство, зошто овде да се враќам и стан да купувам?
    А, таму да купам па, со тие пари не можам.
     
    На ForeverYoung, cresa-jagoda, vitamina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Темава ја derailнавте малце поќе а?

    Мајка ми и татко ми почнале без стан без пари без ништо. Од под кирија. Што вика мајка ми од лажици и виљушки се закуќувавме.

    Не е потребна заштеда. Потребно е да бидете способни, да имате работа и да работите. Толку од тој материјален аспект.

    А ако не е човекот спроти вас погоден ни 50 ни 500 илјади не ве спасуваат.
     
    На Stressed Out, An-na, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.003
    Пол:
    Женски
    Зависи од државата, ама може... ќе собереш повеќе ;)
     
    На WildMk и felisitas им се допаѓа ова.
  17. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.224
    Допаѓања:
    93.797
    Ама добро луѓе, ние правиме муабет за собирање помлади додека сме, пред да се закуќиме, или сега менуваме лента?
    Повеќе може ќе соберам, ама нема на 30 сигурно.

    Но пак ќе кажам, не знам зошто мешаме собирање пари во странство и инвестирање тука, кога ако јас заминам и се снајдам таму да заработувам така како што викате вие со пакети смештај, возило, платени сметки, за тука може само гајле да ми е, ништо друго.
    За да видат комшиите моШ ако купувате овде, ама јас не би.
     
    На Doozy, vitamina и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.
  18. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    1.144
    Не гледам потреба на било кого да му покажувам факти и да му докажувам.
    Сум имала потреба од стан сум се запнала, сум се помачила сум собрала. И да, сум се вратила, затоа што сум отишла колку стан да купам.
    Не ја разбирам потребата да се влегува во конфликт. Темата беше за очекувањата од бракот и тн.
    @mime87 не, јас никогаш никого не сум нарекла неспособен, никого не сум навредила, ти постојано не негираш и набедуваш дека лажеме. Сме правеле празни муабети. Има разни опции ама тешки услови и не секој се нафаќа.Ама тој што се нафатил успеал. Впрочем и самата си кажа дека не би издржала конкретно работа на брод. А многу многу ја издржуваат. И сега кој е тука крив?
    И да ќе се пофалам, за мене е успех да се купи на 30 год. стан.
    @hellocity во склоп со темата си искажа став кој е нејзино право а се однесе темата офф топик.
    Секој си знае за себе и има право да си пише. А на никој не мора да се докажува.
    @Emy867 незнма што е помешано, кој каде има потреба ќе си купи. Сега и тоа ли треба да се објаснува.

    Дај извадете рацете од туѓи гаќи аман....
     
    Последна измена: 20 декември 2019
    На candy.cane, WildMk и hellocity им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.989
    Допаѓања:
    261.094
    И за кредит да земете од 50 000 евра ви треба стабилна работа, добра кредитна историја, околу просечна плата минимум и хипотека, или учество.

    Не е дека кредитите ги даваат на лепе очи.
     
    На crazylady, темјанушка, Stressed Out и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.224
    Допаѓања:
    93.797
    @felisitas што е помешано???
    Зошто да печалам на страна, а да се враќам некаде каде не можам да печалам доволно? Која е поентата да се враќам од таму некаде кај што има повеќе???
    Ако чини некаде, ќе чини од секој аспект, а не да претурам од шупло во празно.

    И никој не става раце во туѓи гаќи, нехигиенски е:hai:.
     
    На Stressed Out, mime87 и joy1 им се допаѓа ова.