Какви очекувања има(в)те од бракот?

Дискусија во 'Брак' започната од Biljarkata, 15 декември 2019.

  1. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    22.589
    Пол:
    Женски
    Никакво, освен нормален живот...
    Нели сме се земала зошто се сакаме, не знам шо треба да очекуваме...
    Е едино шо очекувавме, дете, мислевме побрзо ќе биде, ама потраја, ама и тоа бидна.
     
    На cresa-jagoda и Tsukinory им се допаѓа ова.
  2. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    1.988
    Колку е платен одприлика келнер во "странство"? За да заштеди 50 000 за година ипол, треба да штеди 2700 месечно.

    Нормално дека со повисок стандард во странство многу повеке се штеди ама 50 000 за две години мислам дека е претерано ако збориме за просек. Или јас треба да се апдејтирам за платите :D
    Ако земеме просечна плата што е околу 2000 евра во подобри европски земји, а еве на сингл човек му требаат околу 1500 евра месечно за просечен живот, остануваат околу 500 евра месечно. Некои месеци нека се и 800. За 50 000 заштеда, пак требаат 7-8 години.Не знам во која европска држава даваат над 4500 еу просечна плата... Ако има таква, кажувајте :D
     
    Последна измена: 26 февруари 2021
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.616
    Допаѓања:
    9.491
    Нема шанси толку да заштеди за година и пол, освен ако не зема 5000 евра, ама за келнер не верувам.

    Сместување, сметки, превоз, храна, облека. Убав живот и заштеда потешко, најмалку 3 години ќе му требаат да ја заштеди таа сума.
     
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.913
    Допаѓања:
    186.892
    Еве во Данска, 5000 евра просечна. Ама не ги пакувај куферите уште, моментално келнери во еу не постојат.
    Оф топик сте иначе.
     
    На ForeverYoung му/ѝ се допаѓа ова.
  5. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    78.044
    Пол:
    Женски
    Имаш "келнер" и "келнер"
    Како што сум напишала, ако те бива, ќе стигнеш до позиција на келнер во елитен ресторан, каде што платата после данок, со вклучен сервис чарџ, ќе е околу 2700 на месец, плус бакшиш во кеш. Келнери што ги бива, без 2000ки кеш на месец не се, обично е повеќе. Епа сега удри математика дали се штедат или не.

    Има куп професии каде што дечките живеат од бакшиш. Може цело лето ќе се раскости, ама сезона 20к ги зема.
    Ама за да стигнеш до таа позиција, бааги труд треба, плус некој саат прекувремено и флексибилност до даска.
    Веќе ако збориме за доучување курсеви во комбинација со флексибилност, успехот е загарантиран.

    Познавам бааги луѓе што издржаваат фамилија и работат две работи. Сметки и него плаќа, и на домашните праќа, и пак штеди.
    Кога се сака, се се може
     
    На ForeverYoung му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    1.988
    @malerozna фала на образложение, мислев дека генерално збориме за просек. И во Македонија има луге што штедат по 2000+ евра месечно.Ама во странство тоа е многу полеснои почесто, ти ја сфакам поентата.

    @Biljarkata ке проверам за Данска, само короната да помине 8)

    Он топик: Мислам дека баш заради многу очекувања уште не сум во брак туку во долгогодишна врска. Многу пати сум размислувала на темава и искрено сум планирала дури и листа со правила да спремам за кои ке дискутираме со партнерот и на кои мора да се согласиме пред да стапиме во брак :D
    Прилично сум принципиелна и не ми е толку страв да не се омажам колку што ми е страв дека ке се погазам себеси со тоа што за важни животни прашања ке морам да правам одстапки.
     
  7. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    И мене ми беше многу страв од тоа и реално се прават отстапки. Ај компромиси да ги наречеме подобро е. Кога ќе размислам подобро, ретко правам отстапки за нешта кои ми се многу битни, поточно само за една работа се повлеков ама само за да му докажам дека греши. Не е ништо страшно, само многу е важно каков партнер имаме до нас.
     
    На ForeverYoung му/ѝ се допаѓа ова.
  8. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    78.044
    Пол:
    Женски
    Зависи кој колку си е амбициозен. И кој колку сака да заработува.
    Тука нема оправдување од стилот, немам врски, немам книшка. Се е изговор.
    Ако имате зацртано да заштедите било која сума, се постига апсолутно се.
    Никој не ти прави рекет, можеш слободно и фирма да отвориш и други да работат за тебе.
    Муабетот ми е, за да станеш успешен преку ноќ, ти треба десетгодишна работа, флексибилност до даска.

    А на тацна даваат само минимална плата, околу 1200 на месец.
    Ако те крепат, живеј си со 35 работни саата неделно.
    Поголема почетна плата, без згреан стол, ретко.
     
    На Milobebence и ForeverYoung им се допаѓа ова.
  9. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    1.988
    Немам проблем со компромис, ако е избалансирано и знам дека и значи на другата страна - а на мене помалку. Освен взаемна љубов и почит што се подразбира, очекувам и немешање во заедничките одлуки од трети лица :D се знае кои се. :)
    Да знам дека на него му значи ок, ама да правам работи што не ги сакам оти неговите настојуваат... се надевам дека никогаш нема да имам прилика.
    Очекувам да направиме договор околу семејниот буџет и домашните обврски.
    Да имаме слични планови за иднина, во смисла начин на живот, деца итн.
     
    На Jana06, cresa-jagoda и Biljarkata им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.913
    Допаѓања:
    186.892
    Веројатно и во таа смисла беше отворена темава, кој да памти, пошто многу форумски приказни за проблематични бракови, лежат во таа грмушка- ништо не очекувавме, се сакавме, се земавме. Па се прашувам дали навистина само љубовта и желбата е доволна. Иљадници евра не беа претпоставка за очекувања, туку баш вакви реални човечки очекувања. Оти пари се печалат и се трошат, ама кога првичната љубовна заслепеност ќе помине, ваљда некои други очекувања и исполнување на истите, почнуваат да добиваат на тежина. Па макар и да е очекување, тој другиот да знае каде е, и како работи правосмукалката.:D
     
    На jarec6 и ForeverYoung им се допаѓа ова.
  11. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.092
    Допаѓања:
    6.683
    Пол:
    Женски
    Сакам прво да си обезбедам за мене да се изградам како личност да не може секоја будала со мене мајтап да си играе и да се зафоволувам во млак третман, сакам да си ибезбедам стан убаво уреден во мој стил, каде ке имам мир ке имам време за мене, сакам да имам сигурна работа...
     
  12. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.884
    Очекував дека ќе биде тешко, но не знаев дека до толку ќе ескалираат работите. Знаев со кого си имам работа, но цел живот сум со проблеми и имам надминато многу тешки периоди, мислев дека ќе излезам на крај. Видов какви луѓе се старите, знаев дека со свекрвата тешко ќе оди. Сепак имав и план како да се справам. Првите 4 месеци супер се справував. Ја ставав на дистанца, избегнував проблеми, а сепак се држев до своето и жената имаше граница. Потоа кога се роди бебето, кога ме удри и депресијата, кога виде таа слабост почна се повеќе да ме гуши и јас пак остро стоев против неа. Но не знам како маж ми се сврте за 360 степени. Од човек што не ја погледнуваше мајка му, стана мајкар ипол. Три пати ме пресече и се караше со мене пред мајка му и ја бранеше и тука почна мојот кошмар. Жената искористи се што имаше против мене и ми уништи се што сакав и можев да имам. Од тогаш бракот ми виси на тенок конец.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.098
    Допаѓања:
    42.364
    Не се сеќавам какви очекувања имав. :D Забременив со дечко со кој веќе заедно живеевме , го сакав , и тој беше првиот со кој посакав дете .
    Бракот формален беше некаков логичен чекор. Свадба немав мерак многу, но бидна и тоа. Сега со овој ум поинаку би играла..
    Значи не знам што очекував, ама знам дека сум среќна дека тој ми е партнер . Пак да бирам, пак него ќе го одберам , и го знае тој тоа. Сме имале успони и падови и пак и пак се сакаме.
     
    На hermosa, duffi, Mikha4 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.907
    Пол:
    Женски
    Очекував дека ќе шетаме, ќе уживаме, очекував дека ќе биде едноставно бидејќи поголемите прашања ги решивме. Ама не, не беше така. Прво корона, па неизвесност, нигде не мрднавме, страв да не изгубиме работа, јас изгубив за жал. Па немаше ни пари ни време за шетање. Уживање ? Ха сум имала преголеми очекувања, не сум знаела како е да имаш свое дете, видов дека уживањето треба да го планирам и кратам, да го прилагодувам на детето. Не очекував големи караници и расправии. Ама се случија. Добро е што поминаа и што извлековме поуки.
     
    На Трагедијаупмм и Biljarkata им се допаѓа ова.
  15. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.736
    Допаѓања:
    3.406
    Пол:
    Женски
    Јас од брак се разочарав, премногу совршено семејство очекував. Настрана од сите, сами со нашите дечиња. Уште првата година како да се губев/гушев, да не контролираат сите свекрви,золви, роднини,пријатели ,среќа па еве ставивме граници па кога се почитуваат, кога не. Втора,трета година како блок од короната
    А во некој друг живот не би се ни мажела, а пак би била со истиот човек само по друг рецепт
     
    На Arjanit2021 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  16. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.219
    Допаѓања:
    6.652
    Пол:
    Женски
    Очекувањата ми беа дека за кратко време ќе живееме сами, настрана. Здравје,деца, ќе штедиме и ќе напредниме за кратко време. Сето тоа идеално.

    Реалноста е следна - родители (негови) со изгубена работа.Лош период заради корона, остануваат во најголем дел сите трошоци на наш грб вклучително и на неговите родители. Одложена свадба многу пати баш заради корона, која после две години конечно се одржа. Повеќето планови меѓу кои и поделба одложени.

    Одиме напред со потешкотии и далеку од се замислено ама се надеваме за брзо да се вратиме на замислената патека.
     
    На Трагедијаупмм и Biljarkata им се допаѓа ова.
  17. AAN

    AAN Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2022
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Женски
    Како што и очекував така и испадна. Немаме врска со старите, посебно живееме, не дозволувва ни тој ни јас некој да ни се меша за ништо. Сами сме, на пат е и бебенцето па се надевам нема да се смени за понатака.
     
  18. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.155
    Допаѓања:
    11.956
    Пол:
    Женски
    Искрено јас никогаш не сакав брак. Доволно ми беa браковите на блиски, траума за цел живот. Маж ми, тогашен дечко стрпливо ме чекаше и некако со тек на времето некако и јас го променив мислењето сплет на околности..
    Искрено многу поинаку од она што мислев дека ќе биде како од она што го гледав во позитивна смисла. Понекогаш си велам можеби требаше порано, ама ете барем кога бевме и двајцата согласни, се надевам вака ќе ни е секогаш како во овие 15 години заедно врска и брак.
    Oткако сум во брак некако сќо него го имам столбот и сигурноста, мислам дека само тој ме разбира со поглед како никој друг дури ни родителите не ме разбираат како тој.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Jasmin88

    Jasmin88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2022
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    1.091
    Животот да ни биде нормален, а не пекол. Да има поддршка, разбирање и здрава средина за растење деца.
    Уште не сум омажена, знам дека не може да е се мед и млеко ама секогаш да ни остане почитта и меѓусебната љубов сакам.
     
    На Arjanit2021 му/ѝ се допаѓа ова.