1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Какво е чуството кога навистина си заљубен?

Дискусија во 'Врски' започната од meredith, 11 јануари 2010.

  1. Koketa

    Koketa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    7

    Немој така да мислиш ! Доколку и дозволиш на срцето повторно да засакаш некого,верувај ќе се заљубиш лудо како и претходно ! ;)
    И јас така си мислев дека после мојата најголема љубов нема никогаш повторно да се заљубам...Но,не не е така!
    Дади си самата себеси уште една шанса за да љубиш повторно... Нема да згрешиш ;)
     
  2. Heartbroken

    Heartbroken Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2011
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    17
    Ljubov e koga edvaj cekas da go vidis i deka uste koga si so nego a znaes deka za kratko ke se razdelite vise pocnuva da ti nedostiga. toa e custvoto koga tolku mnogu si srekna sto sakas da zaplaces od srekja i negovite poraki gi citas po nekolku pati na den i se smeskas slatko :) ljubov e koga slepo mu veruvas a mozebi si vikas i ne e tolku na arno :)
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bejbi.91

    bejbi.91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    27
    Преубаво е додека живееш во една таква илузија, ама откога ќе се освестиш ...
     
  4. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Чувството!!!!!!!!Ах за тоа вреди да се живее!!!!!!!!
    Толку е убаво што те обзема целосно.Леташ просто не газиш на земја ама навистина.За жал таа состојба на пеперутки во стомакот не трае долго, ама сепак ако не ја почуствува човек во животот пропуштил премногу.
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Хммм...какво е чувството кога си заљубен?...
    Кога само се смешкаш, а не знаеш зошто...мислам знаеш ама ако некој те праша -што се смееш? Ќе речеш-ништо, онака се смешкам.., а ти леташ у облаци :inlove:
    Кога ќе ѕвони тел. срцето ти лупа, трчаш да се јавиш и се дереш-јас ќе се јааааавам.... :lol:
    Кога ќе го видиш-трепериш...
    Кога ќе те гушне и бакне -се топиш...
    Кога водиш љубов ( а где је то водиш? :lol: )- чувствуваш дека некому припаѓаш, дека некој е твој..
    Кога ќе се скарате-те боли душата...сакаш да попуштиш, а тераш инает...
    Кога легнуваш да спиеш-гушкаш перница...
    Кога се разделувате-тажна си и со нетрпение очекуваш наредна средба... :(
    Се будиш и уште не си ги отворил очите како што треба, полузаспана бараш тел. гледаш колку е саат и викаш-станат е...и нормално вртиш... :call:
    Ако спиете заедно- кога ќе се разбудиш во текот на ноќта- се прилепуваш до него... |-)
    Ако заспие пред тебе- го гледаш и се смешкаш, ќе го погалиш и во себе си редиш мили зборчиња (маче мое, душичка, сонце, срце итн.итн...)
    Ова се ситуации кога се е ОК...во спротивно...
    Се лутиш и викаш-сељак, идиот, кретен... а потајно посакуваш да те гушне и да се извини...
    Или да ти се јави...на секое ѕвонење на тел. пак трчаш, ќе се утепаш и ако не е тој пак викаш -сељак не се јавува... :@
    Да, убаво е чувството да си заљубен.... :inlove:
     
    На tallyweijl, richgirl998, pamel4e и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    вака се чуствував јас :$
     

    Прикачени фајлови:

    На tallyweijl и zhap4e им се допаѓа ова.
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Чувство кое неможе да се опише со зборови. :$
    Се будам и заспивам со помислата за него. Сме биле заедно пред малку а веќе ми недостига и сакам да го видам. Кога ќе видам негова порака на мобилниот целата треперам. Кога ќе ма бакне летам во облаци и сакам тој миг да трае засекогаш, а кога ќе ме гушне сум најсреќна на свет и сакам вечно да останам во неговата прегратка. Ако не сум го видела само еден ден веќе сум тажна. Би направила се за тој да биде среќен.
    Дефинитивно е најубавото чувство! :inlove:
     
  8. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    тоа е она чуство што е најблиску до совршенство :$ :$ :$
     
  9. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    13.396
    Шта је љубав?
    Кад ти срце дрнда.

    Епа да, срцето многу дрнда, а низ стомакот летаат пеперутки. :inlove:

    И убаво е, да.
    Всушност најубаво.

    Мислам дека нема зборови за да се опише заљубеноста. Само, можеш да ја докажеш.

    А, те сакам, е силуван збор.
     
  10. ginger

    ginger Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    121
    Вистинската љубов е она што ќе остане од заљубеноста. Кога знаеш дека што и да се случи ,тој ќе дојде,јас ќе појдам до него.Макар тоа да била и најголемата глупост на светот.
    -- Ќе ви раскажам приказна ,мојата приказна... :)
    -Имав 6 години кога го видов прв пат,тој е 5 години постар од мене, доаѓаше кај нас дома на часови кај дедо. Часовите траеа долгоо ,3-4 години , паметам многу се симпатизиравме , секогаш одев додека тој држеше час во собата кај дедо , и заспивав , толку мала , успеваше да ме смири само чувството дека е тука . После тие 3-4 години ми избледна ,замина на школување во друг град од дете , искрено го заборавив .Имав 15 години кога го видов пак . Всушност сме ја работеле истата работа сето тоа време , патот не спои на еден концерт ,настапувавме заедно со иста група . појма немав дека е тој тамо ,јас бев скоро зачленета.. Е кога се видовме, односно не го познав , по името сум го асоцирала -на мене- хахаха , ме праша дали сум случајно јас таа :))) Јас бев ,тој беше ,тука бевме . прегратки прегратки ..првите прегратки . дотогаш се беше платонски и кога бевме деца . Одтогаш долги години работевме заедно ,постигнувавме , први места ,дипломи , пијанки , забави ,концерти ,патувањаа ...Колку беше убаво ...
    Никогаш во тоа време не бевме званично пар , се знаеше дека Ние сме едно.си знаевме , не ни требаше потврда пред другите луѓе
    Пред мене имал некоја - демек озбилна цура ... Не ми сметаше , знаев дека е мој ,длабоко го чувствував . Додека беше со неа всушност почна со мене , Му реков ,земи време колку сакаш со неа . Тоа е твој свет во кој не сакам да влегувам , твое минато ...
    Бев по малце љубоморна ама нормално...
    И јас сум била со други додека бев со него . Знаеше . не ми бранеше бидејќи знаеше дека бев дете и дека тоа треба да го доживеам . Ме остави да пораснам набљудувајќи ме цело време ,ми научи на скоро се, на сите битни вредности .
    Со него се замислував секако , дури и сонував за денот кога ќе дојде да бидам во бело ,до него,само до него...
    Кога почнавме убаво да се оформуваме како една едника ,кога малце од малце стасав,подпораснав ,јас заминав во друг град ... Тој тешко го поднесуваше тогаш моето отсуство
    Јас уште потешко ... Тогаш ги преживеав најболните падови . Депресии и што ти не
    Неможев да прифатам дека одеднаш се изгубивме ,и во време и простор ,двајцата . И сега ми се плаче кога се сеќавам ...
    Сосем се изгубивме потоа... Ни јас знаев за него , ни тој за мене , Ми се јави еднаш велејќи дека знае оти го изневерувам ... Ме повреди ... јас се немав оќутено од липење по него . и ете ...
    Помина и тоа ..Пак ,патувања ,концерти .. пак биднавме некако ... последниот пат со договор дека оставаме се зад нас , само за конечно , да се биде навистина како што треба .. Оставив се , тој не .. :)) Дали ме прелажа ,што беше не знам .. Лутење ,кавги , не спои златото што го освоивме на натпреварот пак ,ама не беше тоа тоа ... Сега имам 22 години , замислете колку времее мислам на еден маж .
    Сега не сме заедно , иако знае да го крене телефонот во криза ,да ме чуе , и јас го правам истото .. Ние не знаеме зашто не останавме заедно .. еднаш одлучив дека повеќе никогаш нема да се вратам кај него , и тоа си го рековме .. ама попуштаме полека ... Се плашам ..
    Ни предстои патување за еден месец . и знам дека пак ќе направам нешто .. Зошто не можам да останам црвста ,,,????? зашто тоа било навистина љубов ..
    Ете драги , љубовта не доаќа со 5 месеци врска , треба многу , и како што реков , вистинската љубов е она што ќе остане од заљубеноста .. Можеби јас и тој сепак ќе завршиме заедно еден ден , можеби не , кој знае ... Ама тој ми беше се ... секогаш ќе ми биде убаво кога ќе се сетам на доживувањата .. да не должам ... можам цел роман да напишам ... :))))))
     
    На AloneM му/ѝ се допаѓа ова.
  11. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    љубовта е единственото нешто што го имаме блиску до магијата :)
    а вистински си заљубен кога ги трпиш сите негови маани и знаеш дека заслужуваш подобар.. а сепак остануваш покрај него,бидејки тој и само тој те прави да се чувстуваш потполна :inlove:
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  12. swetty

    swetty Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    25
    ретко кој денес знае да ја цени вистинската љубов..!!
    али прекрасно е чувството да си заљубенн....
    кога си навистина заљубен забораваш на се..на својата гордост на своето ЈАС на својата вредност и на многу други работтии..!! секој ден се надеваш на подобро утре.... го прифајќаш таков каков што е.... рушиш се пред себе само за негоо...!!! се газиш самата себе..!!!
     
  13. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Прво мислам за да се дознае какво е чуството треба да се доживее ама еве колку може со зборови да се долови...
    Ја идеачизираш личноста, ти фали иако до пред 10 минути сте биле заедно, кога мислиш на него/неа се смееш и незабележуваш дека го правиш тоа, се околу него ти е убаво.... Само со него си целосна и исполнета :inlove:
     
    На richgirl998, crazylady и senjorita-v им се допаѓа ова.
  14. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Чувствуваш како да срцето ќе ти излезе од гради. Чувствуваш слатка мачнина во стомакот. Со еден збор, среќен си! Навистина си среќен кога навистина си вљубен. Исполнет си со мечти, копнежи, желби, те опсипуваат прекрасни чувства кои го галат твоето срце и ти даваат надеж и сила да продолжиш понатаму со животот без разлика на се', љубејќи го секој нов ден како што ја љубиш и саканата личност.
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Ова е само мал извадок како јас се чувствував и се' уште се чувствувам... во една ноќ успеав да откуцам 24 страници... :lol: а имам уште многу материјал.
    Такво е чувството кога си вљубен. :l:

    На неполни 24 години ми се случи нешто што го немав доживеано од мојата 16-та година: Јас повторно се вљубив.
    Вљубеноста е како бран торнадо, доаѓа ненадејно, се вплеткувате во тој вртолом, измешани чувства и сигнали, се додека не ви се заврти во главата, се додека тоа пресилно срцебиење не ве натера да седнете и да замете воздух, за да дојдете до здив.
    Целиот свет избледе за неколку секунди. Работите кои имаа боја полека ја изгубија, а оние безбојните се обоија со брзина на светлината. Колку што траеше и моето моментно вљубување. Со брзина на светлината.
    Ќе речете – претерувам. Можеби и претерувам. Но, јас сосема се откажав од таквото чувство. Со време. Од мојата 16-та година, мојата прва вистинска вљубеност, која како и сите епски новели заврши несреќно, свесно си реков дека ова не е за мене, а мојата потсвест почна да ја храни таа мисла, за која бев убедена дека е созреана како сочна јагода. Мојата не-вљубливост беше убаво созреана, сочна јагода, кога се појави ти и ја смачка. Ја смачка со само еден поглед и едно ракување.
    Не верувам во љубов на прв поглед. Верувам во заслепеност на прв поглед. Верувам во желбата мигот да трае со денови додека зборуваме сосема обични муабети. Верувам дека несвесно зјапам во твоите очи, чувствувам, без претерување, дека се топам додека ми зборуваш за метафизика и зелена архитектура. Сè има своја смисла. Има смисла и што си флегматик, а јас сангвиник.
    Ви текнува кога во школските денови цртавте мали срценца по тетратките и несвесно го испишувавте неговото име насекаде, без престан? Кога тоа ќе се случи на 24 години, сериозно треба да се загрижите. По ѓаволите, кого лажеме? Не треба да се загрижите, треба да се израдувате! Јас сум жива! Јас сум вљубена! Јас не сум статуа! Јас те посакувам со секој мој сантиметар и буквално умирам да водам љубов со тебе! Деноноќно, без престан.
    Одеднаш, целиот универзум скрои заговор против едно копче. Да појаснам, тоа копче би требало да се наоѓа во левата или десната хемисфера на мозокот и да се исклучи, за да одвреме-навреме престанам да мислам на тебе. Но, универзумот и хемијата скроија проклет заговор и – стиснувањето на магичното копче изостана. А ми треба, очајно ми треба за да престанам активно да мислам на тебе 24 часа во денот, 7 дена во неделата. Но, механизмот откажа. Универзумот се погрижи за тоа. И мирисот на твојата кожа придонесе прилично многу во целиот тој процес.
    Овие реченици се делумно неповрзани, признавам, звучат како лудачки исповеди на една неконтролирано, емотивно исполнета личност. Но, не можам да си помогнам. Да бидам искрена – не ни пробав.
    Осум години се доволно време за пост. Дури и премногу. Видете, јас им завидував на помалите, на малолетните, на средношколците. Им завидував на тоа чувство на полетност, предавање некому, со умот и со телото, толку наивно, невино, целосно, па дури и на тоа патење и страдање кое следи после краткотрајната вљубеност. Затоа што, тоа се чувства кои не може да се излажираат. Не можат ни да се купат. Можете да излажирате среќа. Загриженост. Присебност. Оргазам, па дури и љубов. За се има рецепт составен од правила, кои ве посочуваат – како и како да го доловите тоа и тоа чувство. Освен, за вљубеноста. Не се глуми. Не се изнудува сосила. Или го има или го нема.
    Си легнувам со помислата дали спиеш или си излезен, дали црташ или јадеш, зјапаш ли во некоја друга, помислуваш ли на нашиот последен секс? Станувам со помислата дека ти се уште спокојно спиеш. И тоа ме успокојува и мене.
    О Господе, врати ми го здравиот разум! Што ми е мене гајле што ти мирно спиеш во ова магливо утро, јас сум таа што мора да оди на работа!
    Одеднаш забележувам нешто што ме ужаснува – мојата слепа вљубеност оди до границата која ме тера да ја преиспитам мојата егоистичност, мислата само за себе и вљубеноста само во себе! Секој од нас е нарцисоиден. Само некој го покажува тоа повеќе отколку некој друг. Самиот факт што поседувате огледало и секој ден го гледате вашиот одраз повеќе од 5 пати, докажува дека сте колку-толку нарцис. Но, мојата вљубеност ме води директно во амбисот – ова утро помислувам на некој друг, освен на самата себе! И целосно уживам во тоа, предадена сум како жртвеник пред олтарот.
    Улиците, метежот, тој општ хаос во мојата глава е симфонија на хармонија. Одам, и се смеам самата во себе, идиотска вљубена насмевка ми се шири од уво до уво. Ми доаѓа да вриснам на цел глас – јас сум вљубена, како пак да не се забележува од авион. Очите сјаат и изгледа како да впиваат се околу мене, но тоа е само оптичка мамка, тие веќе впиле суштински поважни работи, како обликот на твоите уши, мирисот на твојата кожа, вкусот на усните, начинот на кој ми го бакнуваш вратот, како полека дишеш во него. До мене вибрира звукот кој го испушташ додека свршуваш, а потоа ги испреплетуваш твоите прсти во мојата заплеткана коса. Како лежиме еден до друг, неколку секунди, без зборови, без погледи, и тогаш – во мојот вербално презаситен живот, ја сфаќам убавината на мигот тишина.
     
    На tallyweijl, Downy, calliope и 10 други им се допаѓа ова.
  16. anabela931

    anabela931 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    41
    Секоја чест Трендафилка, прекрасно напишано :D :D и на крај шлаг :D :D
    До мене вибрира звукот кој го испушташ додека свршуваш, а потоа ги испреплетуваш твоите прсти во мојата заплеткана коса. Како лежиме еден до друг, неколку секунди, без зборови, без погледи, и тогаш – во мојот вербално презаситен живот, ја сфаќам убавината на мигот тишина
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    52
    Тоа е нешто најубаво што не може да се опише. Кога ке го видеш срцето ти трепери, не ти е досадно и многу време да сте заедно, се чувствуваш сакано,заштитено ... нешто најубаво на тој свет.. јас можам вака да се опишам на кратко ;)
     
  18. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    да си заљубен е кога ќе го видиш ти чука силно срцето и неможеш да го тргнеш погледот од него и можеш да ги осетиш пеперутките во стомакот и едвај чекаш повторно да го видиш и посакуваш силно да го гушнеш :)
     
  19. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Ех, романтики бре. :D
    Клише се пеперутките веќе, кај мене летаа змејчиња со крилца од жилет.
    Тоа ти е чувството кога одиш по земја, а не ја ни чувствуваш, гледаш во облаци и се смешиш, макар и се залепила во бандера и си ги скршила сите заби. Неприметно.

    Чувството кога како мала сакаш да си земеш улично кученце, па си носиш конци и врчки од јајца за да го носиш со тебе, само сега што наместо кученце сакаш другата половина да си ја врзеш, у стилу „Вежи ме за себе врчкамааа“ (Да се преправаме дека „врчкама“ е правилно, ве молам.)

    Чувството на задоволство кога одиш преку други градови и во последен момент го фаќаш бусот кај што ти ја затвора вратата пред нос, па ја отвара, влегуваш, се сопкаш и паѓајќи само што не му го пољубиш на возачот, после сфаќаш дека мора да седиш до смрдомаде оти друго место нема, и пак си среќен у стилу „Јао пријатељу, па да ти нису биле те уши, смијао би се око главе.“

    Чувството кога си тапа готвење, а for the sake of love, печеш кокошка и измислуваш бљувотина рецепти зачинети со љубов.

    Го проверуваш телефонот на 2 минути и цело време си "mother fucker :devil: " за во моментот кога ќе светне, веднаш стануваш :wasntme:

    Кога сакаш да му изнародиш машки 11 деца за да имате фудбалски тим.

    Не знам за вас, ама јас и пцујам при заљубеност. Ко она мутавоно „На клупа седам, мастика жвакам, у пички матер колку те сакам.“ :D

    Чувство, поодамна подзаборавено.

    И...то... :wasntme:
    Глупави „дефиниции“ имам, mais c'est moi.
     
    На richgirl998, De-lovely, Ilusionist и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Lea.88

    Lea.88 Активен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    6
    Ахх..таа љубов..Чувството се прекрасно кога си заљубенн..И секој миг мислиш на него,се те потсеќа на него..секогаш се појавуваат оние пеперутките,но јас кога бев заљубена цела зоолошка градина чувстував :$ во стомакот...Едноставно кога си заљубен светот ти е рај.. :inlove: