Ако не го изгубиш разумот во љубовта,тогаш нешто правиш погрешно....Љубовта е невин извор,што извирајќи меѓу поточарките,цвеќињата и чакалот,станува поток,па потоа река,ги менува природата и изгледот при секој бран и се вовлекува во бескраен океан,од кој нецелосни духови гледаат едноличност,во која големите души се задлобочуваат со постојано набљудување. Чувството кога си заљубен едноставно така...неописливо е со еден збор да се кажи...тоа чувство кога во буквален смисол пеперутки си играат орце во стомакот,мозокот се расправа со срцето...љубовта е...љубовта е храна за душата....но ова чувство знае и да заболи...подобро е да си дете-ќе те боли раната од фудбал или слично на коленото и ќе ти помини,отколку возрасен човек па да те боли раната во срцето...Сепак ова чувство ја исполнува таа мала празнина во нас..посреќни сме....
Tи се превртува се во стомакот и немаш апетит за јадење патем неможеш навечер да заспиеш по 2-3 саати
Хаха пеперутки? Коа сум со него цела зоолошка ми се собира во стомак,толку што си го сакам Едноставно си осеќаш сам по себе,ти се полни срцето,брзо чука,не мислиш ништо освен на него и неговите усни ... Прекрасно е ..
Се е тоа ок, но никој не спомна дека љубовта умее и да боли, и дека не секогаш таа љубов е возвратена. Кога си вљубена го губиш разумот па стануаш посесивна, а тоа понекогаш знае да го загуши партнерот. Ке цитирам само еден мал извадок од Десанка Максимович кој вели: Љубав је лепа само док се чека и само наговештај да. Значи, љубовта е убава во таа почетна фаза, но подоцна знае многу и да боли, и може од таа љубов да излезете повредени, а обично така и бива, кога сте силно вљубени.
Имаш енергија многу,го гледаш само него, другите не те интересираат. Се трудиш додека да го освоиш. Срцебиење...едвај чекаш да го видиш,се радуваш кога треба да се видите...незнам .. треба да се осети ама кога е возвратена..
Тоа чувство не се опишува, туку може само да се почувствува. Едноставно тера на смеење без причина, што знам можеби затоа викаат дека љубовта и лудоста се сестри.
opisot nema da ti znaci mnogu se dodeka ne go dozivees....ali jas primer oslabev 10kg od koga se zaljubiv ednostavno od srekja ne mozev da jadam, a za spienje muabet da ne pravam....
Среќна сум, порасположена, често наместо да спијам останувам будна подолго, запоставувам други обврски...
кај секого е различно кај мене : цело време мислам на таа личност од многу мисли си стварам главоболки 5 минути сум среќна а 5 тажна цел ден само се излежавам се додека не дојде време за спиење...е тогаш паѓам во кома а кога ќе се разбудам наутро пак мислам на него
Мислам дека чувството кога си навистина си заљубен е мир, целосна доверба кон партнерот, посреќен си, не се грижиш толку и сл.
Ljubovta e najubavoto neshto na svetov. No mozhe da bide i najbolno. Za nea nasekade vo svetot zboruvaat, tvorat..Ljubovta e najvozvishena .. Mnogu e ubavo chuvstvoto koga si vljuben..koga nekogo sakash, so seto srce, go sakash so site nedostatoci, a za tebe e i povekje od sovrshen. Go sakam najmnogu dechko mi, se za nego, se E bash e moja 2ra polovina P.S znam deka ne chitash i ne posetuvash femina, ama mechevo vo potpisot kazhuva se