Значи темата е какво е вашето сегашно момче, а за какво сте вие мечтаеле. Еве на пример јас од секогаш сум сакала високи, црни и полнички машки, а до сега сум добивала само слаби на моја висина и смеѓи... Би сакала да ги слушнам вашите искуства!!!
Што е можно повисок, црн, згоден. Само толку... Ххх... Ама скромно Ааа до сега со ваков опис тук таму по некој ама ништо сериозно. Таман ќе си го најдам по мерка и оп нешто ќе зезне работа... Ама среќа!!
Одсекогаш сум мечтаела за високо момче со светла коса и светли очи... Кога отидов во Германија скоро сите момчиња со чисто германско потекло беа такви... Но сепак еден беше вистински... и среќа еве веќе две години сме заедно
Хехех.. доста често слушав од постарите дека во животот не добиваш она што го сакаш. Карактерно, типов е горе-долу се што сакав, освен она што ми пречи понекогаш - а тоа е дека постојано е во центар на внимание, сакал-нејќел (изгледа таква ѕвезда има ). А физички - да беше малку повисок и со потемен тен...
јас сакав некој на изглед како црногорец те. висок ..ама не со многу црн тен и сакав со зелени очи... и па ми се погоди висок со добро тело каков што сакав..само многу му е црн тенот и има кафеави очи... Макар додека бевме другари ми кажуваја дека ме бендисувал ..и тогаш секогаш велев:Јас со него нема шанси!!! и така на гла ми дојде
Јас отсекогаш сакав да имам некој зборлест како мене, да си дрндаме заедно, близу хистеричен и енергичен (пак како мене ), мислев дека така ќе се пронајдеме на иста бранова должина. И постојано велев - само нека е паметен, ама не бубалица паметен (леле желбиве, не може ни да се нацрта) И црнокос задолжително, русокоси машки не сакам. И така сега... Црнокос со убави раце, екстра паметен и интелигентен (дури повеќе и од мене ), ама од енергичен, близу хистеричен, НИШТО. Ладнокрвен, мирен, не многу зборлест. Работава - Флегматик VS. Сангвиник... И јас победувам бре!
Имам каков што сакам да имам Смеѓ,зелени очи,широки рамења,згоден,преубава уста Само може да е малку повисок и повеке спортски тип
Имам преубав дечко, црн, висок ( како мене таман ), кафени очи, преубава уста, развиено тело... абе срцка, само што ме изнервира премногу па изгледа ќе раскинеме кога ќе се врати од одмор, ама ај ова не е за тука
лелелел...а зошто јас уште не можам да го најдам тоа што сакам? Ми велат секогаш ти доаѓа опозит значи нешто сосема спротивно од тоа што сакаш ајде па можеби уште не сум го сретнала вистинскиот
јас што барам тоа си наоѓам... барав дечко со потемен тен,со црна коса,со зелени очи,( на овој мојоти па и закосени му се како кинесче е )и ште некој други работи и се најдов баш таков од глава до пети,малку ми беше да тешко да се приспособам на неговиот ритам на живеење ама сега тој се приспособи на мојот...
Немам дечко. но се гледам со еден тип чисто онака , не знам ни сама зошто, ај да имавме секс ке кажев за тоа е. али не е. Тој е онака за мене правиот, секогаш сум сакала да имам таков дечко, не зборам физички, туку карактерно. Неговото однесување спрема мене, како ме пази, чува штити, ме теши кога ми е тешко, ако може да помогне вфо нешто помага, би дошол и на крај на светот ако го викнам знам....само јас сум глупа што не сакам врска, не само со него туку со никој не сакам сега врска.
Не сакам плави машки , одбивни ми се , уште па со долга коса Сакав црн , со зелени очи . Таков и си добив . Да не сакав таков , немаше сеа да сум со него . За карактер таков сакав , таков и си најдов
Тој беше ..Скоро совршен.. Ах убав мој...Штета што имаше ваква дивина како мене,да ја чуваш,и да направиш девојка од неа... Немам никакво момче моментално... Но сакам...Не толку висок,црн..Со преубава насмевка и скромен.. Спуштен на земјата,но и не да се омаловажува себеси... Да ме почитува! Почитта е најважна! Другото,би го прифатила...Не би се трудела да го сменам,дека тоа машките најмногу го мразат! Само уште да го сретнам...
отсекогаш сум сакала некој со зелени ,плави очи и црна, кафеава коса на страна .. а секогаш имам со кафеава кратка коса и кафеави очиња
Отсекогаш сум сакала плави А мојов е смеѓ, не плав. И отсекогаш сум сакала машки со убави раце и нозе, не криви, тоа го имам на него. И отсекогаш сум сакала машки кои знаат и да заплачат (не лигав де, туку онака кога има убедлива причина да не се срамат да пуштат солза) Ете тоа.
Сакав да имам слаб дечко и да биде пола глава повисок од мене, а имам крупен дечко и глава и пол повисок од мене.
Јас што си барав тоа си најдов....Мојот принц си го замислував уште од мала со Кафеава коса и кафеави очи, а приоритет кај машкото што ке ми биде дечко ми беа ГоОолеми усни како моите.....Таков и си најдов, ама со мала грешка се шалам сакав дечко ми да е фудбалер, ама овој мојот преферира кошарка, а јас не поднесувам кошарка, ама нема врска тоа си го обожавам
imam taka sredno graden decko kafeava kratka kosa kafeavi oci ...fudbaler i muzicar inace .. bi sakala da e pomuskulest taka .. a najmnogu sakam plav decko ili smeg ne crn kako mojot ..ama se takvi dobivam na krajot i bi sakala nekoi karakterni osobini da smeni ama aren mi e ..
мојот идеален маж тотално се поклопува со овој што го имам сега и физички и психички ..како што гледам си го најдов "вистинскиот"