Тоа што го сакам тоа и го имам...го сакам најмногу на свет и ме исполнува во секоја смисла на зборот...
Уште од тинејџерски денови така кога си зборевме со другарките за машки стално им тупев за мојата замисла за совршен дечко каков сакам да биде црн,висок со зелени оши и убаво згодно телце со мускулчиња(со мера)и таков и си најдов Не за џабе викаат тоа што посакуваш длабоко во себе еден ден ќе го привлечеш и ќе го дибиеш!
Отсекогаш сакам високи момци зошто и јас сум висока па преферирам барем пола глава да се повисоки од мене и таков и си имам Смеѓ,повисок цела една глава од мене (1м и 90),плави очи и издефинирано тело со мускулчиња (не сакам билдеришта),спортист Има добар карактер,некогаш знае да биде многу ладен и да не попушта НООО што да правам кога токму такви ме привлекуваат - bad boys
Јас добив наследник на Мајка Тереза ..некојси месија се замислува , ќе го спасува светот Убавите работи и привилегиите ги добиваат сосема небитни луѓе , додека ние важните сме во заден план . Срамота !!! И хуманоста е штетна во голема доза
Не знам,претпоставувам ради алфа карактерот и воопшто физичките предиспозиции,животнински размислував и создадов слика за маж кој ќе биде висок,крупен,не е важно која боја на очи и коса ќе има,со убав поглед,силни раце,убави дланки,убаво тело,силна,изразена вилица,борбен дух,амбициозен,склон кон учење на нови нешта,веројатно е врзано со можноста добро да заработува за да можеме да си го одржуваме дувлото и младенчињата еден ден. А каков најдов...нешто слично,му фали 2-3 сантими висина (незначително значи) и онаа амбициозност и борбеност му е смирена.Нечиј напор е очигледен и ќе речеш да,борбен е и амбициозен,а тука,не го гледаш,не знаеш што прави,смирен и сталожен е,мислев дека ми треба остен за да преземе нешто,а него само му требало да го оставиш,да му даваш идеи и да не му сметаш и од нигде никаде ќе излезе со пријатна новост.Единствено би му додала малце повеќе спонтаност.Физички сосема ми одговара,има убава градба дури и кога не вежба,има убав,пријатен лик,со убава насмевка и убави очи и еден ситен,неодолив детал кој не го издавам,а 90% од девојките одлепуваат на него. Дури и мислам дека добив многу повеќе отколку што сум си замислила во глава и сум очекувала.
Отсекогаш сум сакала дечкото да ми биде со црна коса,темни очи и висок. Дечкото што го имам е со црна коса со црни очи и да висок е но би сакала да е повисок едно 5см повеќе,зошто кога носам штикли сме тука некаде.Но ништо страшно,супер ми е декото и друго ништо не би сменила кај него.
Ако бараш вистинска љубов прво треба да заборавиш на онаа обичната просечната што до сега си ја чуствувала Го имам она што го сакам и ќе го сакам засекогаш не барам ништо повеќе или помалку горда сум на мојот уметник ! ве сакам
Оној кој отсекогаш сум сакала да го имам, онаков каков што уште од мала сум сонувала, сега го имам ! Црна коса, темни очи, висок, згоден , паметен, романтичен, нежен, добар , интелегентен , со ептен убаво тело и слатка устичка ГО САКАМ <3 !
Ја сум жив пример, дека тоа што не го сакав ме снајде. секогаш кога опишував каков сакам да биде го опишував спротивно од тоа што го имам сега.... а сакав висок, со права коса, крупен во раменици... е изгледа не сум сакала
Го замислував висок ,доволно крупен за покрај него да изгледам баш женствено. Смеѓ, со пријатна насмевка(најважно е ова), паметен,духовит... Мора да биде заштитнички настроен, да знае да покаже кој е маж во куќа(меѓутоа со позитивни особини, без насилство и сл). И го немам ова до себе, сеуште го замислувам
Хм......од секогаш сум сакала смего плави машки со темен тен и зелени или плави очи со убава насмевка прилично високо,паметен,авантурист и со добра смисла за хумор.(пред некое време запознав еден тип што ги поседуваше 90% и повеке од овие особини ама го запознав во погрешно време имам дечко ) Моментално имам дечко повисок малце од мене црн со темен тен темни очи паметен е,ама нема ни а од авантурист, но сепак си го сакам
Сакам уметник или музичар, висок, со црна коса (или кратка или долга, да не биде средина со шишки никако ) и очи со боја на мед, да не биде фенсер никако.Комплициран и мистериозен, паметен, романтичен, фин и со добра душа. Да ме сака и да го сакам. Не би било лошо и гитара да знае да свири. Постои ист ваков, ама е untouchable, т.е. не сум се ни потрудила. А да, не сакам да биде со „напрчен нос“, во стил: „Можам да ја имам секоја што ќе ја посакам“ и по него да трчаат сите. Односно не сакам да е главен фраер у маало.
немам никакво, а сакам боем, хедонист.. уметничка душа по можност ама со реален пристап кон секојдневието. пушач, неверник ии по можност солидно образован
Тамара и Вајлд, кажаа се она што мене ме мрзеше да кажам. Ете тоа.. И има еден таков, ама глупава јас...
Си замислував дечко кој не е превисок (во однос на мене), изразито црн,нејќам плави момци, со светли очи, снажен и остроумен, културен и образован, разговорлив и блесав, дете заробено во зрело машко тело, со неодолива насмевка и силно изразена смисла за хумор, романтичен, креативец, музикален, да знае да танцува... Е сега, она што го најдов и го имам покрај себе не е баш она што го замислував - висок е со темни очи, не е дрдорко како мене, креативен, образован дури и повеќе од очекуваното, сака филозофија и историја, не е романтичен како што јас посакувам понекогаш, кога детето од него излегува на површина тогаш е најсладок на свет, не е музикален и не знае да танцува. Сепак го сакам најмногу на свет, а и брзо учи
Jas imam momce na moja vozrast e i se mi se dopaga kaj nego osven negovoto burno reagiranje na nekoi sitnici Nz dali da sekogas da preminuvam preku toa toj da vika pred mene za nekoi negovi problemi i da go tesam ili da mu kazam deka toa mene mi smeta..... OK toa e samo mala sitnica vazno e da postoi ljubov a problemite i nesoglasuvanjata se samo propratini raboti koi ja zacinuvaat vrskata...
Сакав висок, црн, со темен тен, крупен. Сакав сериозна личност, која сака кариера и успех. Борбен дух. Покрај мене имам не многу висок, смеѓ со темен тен, со добро тело. Воопшто не е сериозен, постојано сака да се шегува, да се смее и сите околу него да се насмеани. Не сака многу да се бори и да успее, ама знае дека мора. Можеби чека вистински момент.