Висок, црна коса со средна должина, зелени очи, светол тен, слаб и со добро тело. Рокер, уметничка душа, романтичен, да знае да свири на гитара, добродушен, интелигентен. Не сум сретнала никој ваков, а и сум скоро сигурна дека нема ни да сретнам. Многу сум пребирлива
Си замислував висок, со темна коса и темен тен. Фудбалер/човек кој спортува, да не слуша некаква глупава музика, да има голема душа, да биде паметен и културен. Да има интуиција за нештата, да сака уметност и да си ги кажува директно своите мислења и желби. Да има доза на прљав ум ама со мерки. Да се смее секогаш, дури и во најтешките мигови. Да обожава да јаде. А си имам невидено мирен човек кој сака да се бориме (на зафрканција). Значи кога ми се испуштило да му кажам нешто што не треба не реагира никако, а внатре во срцето знам дека му е тешко. Тоа ме нервира невидено. Не сака спорт , но сака да јаде. Не сака да водиме љубов во природа, бидејќи сме си имале стан, пссссст. Малку не се смее постојано но јас па се смеам за двајцата. Другото скоро се ми е погодено.
Немам момче,не сум ниту имала дечко..А посакувам некој со кого би се однесувала природно без срам,страв од тоа дали ке треснам некоја зелена дали ке се вклопам во муабетот или слично. А за надворешен изглед пааааааа......да има убавка така полу полна усна,повисок барем една глава од мене...нзззззззз......битно би ми било да можам да си бидам своја кога ке сум со него, и секако да си се сакаме т.е. привлекуваме да уживаме во заедничкото дружење АХХХХХХХХХххххх !!! само сон
Поубав, позгоден, подобар и да сакав немаше да најдам, не дека е мој ама.. Висок, црна косичка, средно развиен, со најубави стомачни (добро сеа малце го пушти стомачето од пивцето ама не ми смета - имам што да штипам ), темни очиња, полно усте мх мх најубави раце и прсти, стегнато г'зе, абе најубав ми е Се што сум сакала и сакам он го поседува, од изглед до карактер
добар, да слушаме иста музика, да свири на гитара, културен, паметен, начитан, филмоман, да ме сака, да ме цени, да ме почитува, да ме гледа како нешто најважно за него... физички: виткана коса, повисок од мене, да не биде премногу слаб, ни премногу дебел... го имам
Епа... не е нешто сериозно... али ај да кажеме... Тивок е, флегматичен, се док не го бацам позади уво, не го фатам за бут и не му дишам (буквално) во врат. Тогаш се буди тоа животинско во него и спас ми нема. И таков е силен, висок и има големи раце. Моите во споредба со неговите се... ништо. И прекрасен е. Не знае да искажува чувства, ама се привикнува полека... и страствен е -многу. И фин е со тоа гитарата, права уметничка душа. И IQ-то му е високо, бајаѓи високо. Да барав подобар, немаше да јадам.
моето момче е пресно се запознаваме сеуште но тој е момче какво што сакав јас да имам има прекрасни плави очиња тело мммммммммм душа ќе му вадам средна висина кратка коса тоа е моето момче иако знај да ме изнервира понекогаш неможам да му се налутам се надевам дека ќе бидеме заедно долго долго
Одсекогаш сакав момче паа како на сликата погоре па уште и фудбалер да беше баш не ми се погоди таков но мојов умее да ме орасположи ме сака и секогаш е тука за мене мислам дека беше доволно, а да и неговите сиво-зелени очи
Сакам дечкото да ми биде повисок од мене, со кафеава коса, а најважно да не ме повредува, да ме разбира, да ме почитува.... Јас и немам некои карактериситики каков сакам да ми биде дечкото/да изгледа, туку најважно ми е да не ме повредува зошто веќе доволно ми беше од лаги и лажни намери. Секако малку да е симпатичен да личи на млад дечко како што и одговара на секоја млада и убава девојка. Инаку сум имала и колку мене висок средно и повисок и послаб и пополничок важно ми е да е примерен, не некој на кој што не може крајот да му се најде
Јас отсекогаш сум сакала висок црн дечко во чија прегратка би се игубила и да има преубава насмевка и заби... баш каков што ми беше бившиот дечко. А овој сега со кој што сум заедно 3 години, е црн, повисок од мене ама не е висок...Ама кај него пак ме привлекуваат карактерните особини и ред други работи кои се далеку поважни од моите физички идеали за совршен дечко...
Па до мене го имам баш онај кој го замислував, карактерно и физички...навистина сум среќна, не би посакала ништо повеќе....
Го најдов она кое го барав, она кое ми беше зацртано дека едно машко треба да го поседува. Сигурно не е единствен ваков, мали сме, мали се и шансите дека ќе останеме со него толку долго па да му шибнам една бурма на прст, ама никогаш не може човек да е сигурен.
Ко тинејџерка сум сакала да имам Бред Пит до мене сега имам човек кој целосно ме разбира и ми одговара.
Мојот дечко е она што од секогаш и сум го посакувала. Повисок од мене со црна коса, плави очи и темен тен значи чоколадце И потполно ме разбира во се и секогаш е со мене ме подржува во секоја моја добра одлука. Тој е тој што од секогаш сонував да го имам.
тој што ми се допага му е како брат близнак на Милан Калиник-руса коса, црни очи, убаво граден ама е зафатен, си има девојка па ке си барам друг (и повеке ми се допага руса коса, отколку црна коса кај машко)
од секогаш сум преферирала машки со зелени очи и темен тенн уфффффффф прекрасноо... дечко ми шо го имам веќе подолго време е сосема океј коа би зборела за надворешен изглед би го опишала како најпрекрасниот на светот, иако нема зелени очи, али тој е тој вистинскиот полн со разбирање, душиче, јас сум таа шо секогаш наоѓа рачка за расправа
Мојот е со светлокафеава коса и развиено тело и насмевка од шеска до шеска .. би сакала косата да му биде плава
Замислував, замислував...и искрено, добив повеќе од тоа што го посакував, подобро од тоа што замислував... Интересно е што никогаш не сум сакала плави мужи, а ова моево е плаво, дури порцеланско, секад замислував црн со зелени очи, тоа ми е идеална комбинација, предиспозиција за убавина, а имам плавуша со големи плави очиња... Отсекогаш сакав фудбалер, ама не се надевав, само ги сакав, толку колку што го сакав и фудбалот, пуно, пуно, пунооо, и види, добив фудбалерче професионален, мојот златен фудбалер Телце има ремек дело, никогаш, ама баш никогаш, неможев да се замислам со дечко кој има стомак, одвратно ми е, и затоа на коцките мои омилени неможам да им се изнагледам, ...тртлесто газе, кое конкурира на мојот претртлест гз Многу ми е убав, еми многу, само неможам од тренерки да го извадам, мака мачам, коси корнам... А карактерно...неможев ни да замислам дека постои некој што ќе знае и може да се справи со мојот темперамент и налудничав карактер на моменти, овој кога се справува, кога трпи... Клучно ми беше и да не е некоја манга, да трепка и мижурка ко блесав, да не ми глуми фраерчина, за не крши глава кога проаѓа некоја лепа цура, и тоа да не го спречувам јас, туку сам да си сака така, и фала богу така е... Сума сумарум, она што го добив, повеќекратно ги надмина моите најдлабоки, и најоптимистички очекувања...