Абе чиста спротивност од тоа што си го замислував. Сакав нежен, русокос со плави очи и по можност набилдан. Да е смирен, да се рабира од уметност и да не е опседнат со фудбал.....испадна како да реков баш ваков неќам. Налетав на црн со темни очи, ниту Н од набилдан, а ни С од смирен. Буцкаст, дрдорко главата тарабука да ти ја направи, темпераментен, вика, се смее на глас ни срам ни перде и што е најбитно за фудбал се би откажал.
Па кога бев помала, поточно кога почнав да гледам на машките со други очи, секогаш и велев на мајка ми дека мојот дечко и маж ке биде плав со плави очи. Да ви кажам и имав таков на изглед баш како што го замислував ама пак затоа по карактер ни приближно до она што сакам. НО, сега сум со црномањест дечко, кој го сакам многу и да ви кажам многу ми се поубави и посекси црните момци одколку плавите. Не знам дали е тоа така бидејки имав лошо искуство со плав, а премногу сум заљубена во црн дечко сега... ? Како и да е, кога ке видам сега на улица некој плав, првото нешто што ми пага на памет е "Леле колку е геј овој!". Значи од крајност во крајност.
Кафеаво косле и очиња црни, убав, паметен. Човек на место ми е сегашниот, значи.. незнам со што сум го заслужила и не би го сменила за никого, па дури ни за таков по каков сум мечтаела
Какво си сакам такво си имам Убаво,паметно,темпераментно,знае да ме насмее,да ме изненади,да ми го разубави денот,да ми пее некои безврска песни со текстови што врска немаат со оргиналот Се што сакам го има во него,не го давам за ништо на светов
Сакав висок,црн,добро оформен и со добро газе Карактерно зборлив како мене стално да се збори нешто,смисла за хумор,паметен и да има доволно енергија и трпение да ги истрпи сите мои бубачки оти стварно сум тешка на моменти. И го најдов сето тоа у пакет само не е црн смеѓ е,ама ќе помине
Одсекогаш ме привлекувале bad boys ми биле многу поинтересни,повозбудливо е со таквите не знаеш што да очекуваш али во врска не сум била никогаш со таков пошто мислам дека ќе полудам. Затоа си имам дечко кој што е стабилен и знае што сака во животот,убаво ми е со него ептен али некогаш кога ке видам некој bad boy онака да се закача уфффф претерано ми е sexyyy
Како мала, си имав некои критериуми за какво би требало да биде моето идно момче: висок, со руса кадрава косичка, со карирана кошула, ќе ми пишува песни, заедно ќе слушаме инди бендови... Се имам заљубено само еднаш и се затрескав во тип сосем спротивен од сите овие мои критериуми. Тип што, по сите мои непишани правила и прописи, треба да го мразам. Да ми се гади од него. Па зошто тогаш го засакав? Работата е што љубовта е чудна работа. Не прашува за време, место, критериуми. Те фаќа во тесно, неподготвен. Многупати имам речено, ех, да беше само физичкиот изглед услов за заљубување, се ќе беше многу полесно. Но не е. Ни карактерот не е, со мојон сме како минус и плус понекогаш. Љубовта е спој од многу работи. Момчето што го имам моментално ме прави среќна и убаво ми е со него, а штом сум со него, значи тој е некој што сакам да го имам. Единствената работа која успеала да се провлече низ сите мои врски, што била присутна кај сите мои симпатии и момчиња е - смислата за хумор. Тоа е, според мене, најважната работа што ја имал/ја има/мора да ја има секој мој бивш/сегашен/иден. Или, да ја цитирам Мерлинка: "If you can make a girl laugh - you can make her do anything."
Никогаш не сум имала критериуми според кој сум сакала одреден тип на момче. Сум се водела од срцето, па после од разумот ако стаса на ред. Најпрво, ваљда и нормално, сум гледала визуелно да ми се допаѓа, некогаш пак и визуелно биле тиња па сум била со нив питај Бога зашто, дур до ден денешен се прашувам: „Шо убаи очи имаш, за што ти биле ?!? Така после низа промашени љубави у животу, од нигде некаде се појави љубовта моја сегашна, која најпрво ја видов визуелно на надалеку прочуениот Фејсбук но некако не ми се допадна. Појдовме на кафе, после милионите заеднички теми и харизмата ми се допадна, но чекав малце да се зажели за мене, ипак дојде да ме избави од маките. И така после 2 недели, Лил падна. Паднав на најдоброто момче што се појави во мојот живот, најубавиот, најдобриот, оној кој ме гледа како принцеза, оној кој ме чува и пази, оној кој ме сака најмногу и повеќе од се, оној кој нема да ме понижува. И после тоа, џабе калкулации и прогнози за тоа каков треба да биде The guy кога тој доаѓа, и засекогаш останува, но доаѓа ненадејно и случајно.
За физички изгледа, сакав висок, не слаб, но не и преполнет , а за карактер сакав да е нежен, груб по потреба, внимателен, романтичен, вреден, способен за работа и да се грижи за мене, да знае да готви, а не да чека од жена(девојка) се да му спрема, да не биде типичен балканец, кој ќе лежи по цел ден и само ќе наредува, да ме сака, почитува, да не е љубоморен или пак барем да не ме задуши со болна љубомора... Дечко ми физички не е ни приближно како ова што сум го замислувала некогаш, НО затоа карактерот го има од почеток до крај. Со ова сфатив само дека ни најмалку не ми е важен физичкиот изглед, дека јас се заљубив слушајќи го него, а сега е НАЈубавиот за мене, ма и Брет Пит може вода да му носи
Значи имам дечко кој е тотална спротивност од мојот mr.perfect. Сакам (или поточно сакав) плави машки со подолги коси и со шишки на страна нешто во стилот на Zac Efron. Додека дечко ми е црн со кратка коса и црни очи. Иако не е таков како што сум посакувала сепак си го сакам најмногу
Има голема вистина во ова со оглед на тоа што сте го напишале и дозивеале http://interesno.com.mk/lubovisex/40-lo ... ojot-ideal
Имам каков што сакам да имам..Висок,Плав,Плави очи, најубава насмевкаа,нај нај нај убава устаа,развиено тело... (МмМм)
Ми беше битно да е интелигентен, со манири, начитан, амбициозен, со слични погледи кон животот...Не го добив баш тоа, но сега сфаќам дека тоа не ми ни било потребно. Добив човек кој ќе направи се за да не сум тажна, кој можеби не е начитан, ама додека јас го учев животот од книги, тој си го проживеа и научи многу повеќе лекции од мене. Човек кој се грижи за мојата иднина, во моменти кога јас не знам што очекувам од животот и што сакам да постигнам, тој се труди да ги поставам своите цели и да не лутам. Некој кој кога ќе ме погледне знам дека ме сака со цело свое срце и не би дозволил да ме изгуби. Кого сум го повредила на многу начини, а никогаш не ми пререкол, не па да ми се одмазди. Кој не ме потсетува на моите грешки, само за да не патам. Кој ме учи дека се може да се постигне, ако вистински се сака. Трпелив, грижлив, верен, реален... Лесно препознава кога сум нервозна, кога ќе се појави некоја мисла во мојот ум, спремен се да разреши очи во очи и да си ги признае грешките. Ми ги покажува чувствата, но кажува и со зборови, најбитно, се во граници. Не е претерано романтичен (ниту пак сакам), но знае да ме изненади. Се би сторил за семејството и пријателите. И додека порано не наоѓав ништо привлечно во него, сега ја сакам секоја црта од неговото лице, посебно зелените очи. Така да, слободно можам да кажам дека имам се што сакам, а сите поранешни критериуми паѓаат во вода.
Во тема како дефиниравте дека сте во врска,го напишав почетокот со дечко ми, и во почетокот баш на напишав: Значи,од мали нозе принцот што го посакував и го добив
Имам онаков каков што посакував Не многу висок,црна коса,кафени очи! Во се си сме погодени,и ми прилега Кој и да не види што недоволно не познава,не прашува дали сме брат и сестра.. Многу си личиме Баба ми вели “Грнчето си го наоѓа поклопчето’’
Вистина е тоа што викаат дека го добиваш спротивното од она што го сакаш...Јас отсекогаш сакав црни типци со црни очи, динамични..арно ама добив висок, плав со плави очи, интелегентен, но повлечен и рационален...значи поразлични не можевме да бидеме. Ама сфатив дека тоа е најдоброто нешто што ми се случило во љубовта, ептен сме јинг-јанг и тоа е тоа што не оддржува...и да, заедно сме скоро 10 години Не би менувала ништо..тој е тој.
Се што сакав го имам.во дечкоми наоѓам се што треба да има едно машко и неми треба никој друг он има се.единствен ми е.
Сакав(м) амбициозен и полн со самодоверба момак. Некој на кој преку погледот ќе можам да му прочитам што мисли и чувствува. Некој несебичен, полн со љубов и доверба, некој на кој семејството му е најбитно. Некој кој не се срами да искаже емоции. Висок, црн, со стамаче. Гурман, но да нема 200 кг Сега се гледам со не многу висок дечко, со најубавите зелени очи, со убав нос и прекрасно оцртани усни. Има стомаче, но не е дебел и нема мускулишта. Гурман си е иако секој ден се става на диета Карактерно е чуден, не го ни познавам доволно, но има некој ѕид кој ќе ми биде многу тешко да го срушам. Се плаши да не ги покаже чувствата, кога осеќа дека се зближува со некого ко да бега или го предупредува дека он не е спремен за тоа, па немој да бидеш ни ти. Нема воопшто самодоверба, не е ни амбициозен. Сака многу нешта, а не прави никаков чекор. Си го сака семејството, а верувам и кога љуби дека вистински љуби. Се на се, не е баш тоа што го сакав, но може да биде тоа што ќе го сакам.