Јас секогаш и сега повеќе бендисувам црни машки.........но судбата ми била таква да земам плавуша и ај не речи после дека се е пишано од порано.....а и да го спомнам и тоа дека ми е пр комшија а тоа од никогаш не сум го сакала и после тоа реков дека никогаш нема повеќе да велам НИКОГАШ
Сакав да имам романтичен, вистински да ме сака. Но, да е по ладен, да не е љубоморен. Многу да не се замара. А имам...романтичен, вистински ме сака. Но, и за ситници се замара.
Што да ви кажувам , многу сум си скромна хх , сум сакала и плави со подолга косичка и бејби фејс , убави развиени ,мускулести , црни со поширока вилица , темни очи по можност црни , може и мааалку брадичка ама и не мора , црни со плави очи или зелени и црн тен мхмх , кремци и шминкери , олд скул дечки, да свири на нешто, да глуми или да црта графити , бизнисмени во одела уфуф , и сите тие да се високи и со плочки и да ме сакаат само мене Е сега тоа се моите бивши фантазиички , сега си го имам најубавото сонце на светот со најпрекрасни темни очиња ,темен тен и косичка и најслаткото лиценце на светот ,просто да го изедеш и сега само него си го сакам
Никогаш не сум имала определени критериуми, на пример да биде бејби фејс или мачо мен или што ти уште знам. Мене тоа ми е крајно глупаво, затоа што на крај секако есапот друг ќе излезе и џабе мечтаења, а таков карактер сум, си се разочарувам па не би ми било потребно и разочарување од таков тип. Значи, посакував мојот човек да има асален карактер, да има разбирање, едноставно да ми биде поддршка и да си живееме, народски кажано. Да си бидеме и другари и партнери и љубовници и сè. На изгледот и не обраќам многу внимание, затоа што знам дека на крај сепак ќе ми биде по вкус бидејќи нели, надворешноста е она првото нешто кое паѓа в окце, па после ги гледаме и внатрешните карактеристики. Сум имала среќа, „критериумот“ е исполнет, барем во една област точно знам што сакам.
Moeto momche e mn mn dobro. Navistina ima prekrasen karakter. Trpeliv e i se dr. No negovata maana e toa shto toj ne vodi grizha za oblekuvanje. Nema stil vo negovata garderoba i epten e bez veza. Bi sakala da se grizi za negoviot izgled navistina :/ Nekogas koga iozleguvame zaedno mi e duri neprijatno. No kako da mu kazam? Nezgodno mi e :/ [mod-kirilica:1eczlqu3][/mod-kirilica:1eczlqu3]
Јас и ден денес фантазирам за принц на бел коњ,ама еве на прагот на мојов половина животен век (ако даде Бог) гледам слабо фајде од тоа.Затоа ќе си преминам на вуду,ќе си направам принц.И нема да го боцкам ветувам. А и зошто би кога ни тој мене нема да ме боцка И да ви кажам Дизни е најголемиот виновник за моите преголеми очекувања од мажите.
Се пронајдов во муабетов Мажот ми е повеќе накај плав а јас отсекогаш сум ги сакала црните машки....и ден денеска ако некој ми западни во око е некој црномурест и секогаш му викам - а бре од секогаш сум сакала црни машки а јас паднав на една плавуша .....ама чудни се некогаш патиштата на ЖИВОТОВ
Леле Луничка ,во врска со принцот на бел коњ,ме подсети на една моја пријателка(немажена) која знае да каже дека цел живот го чекала принцот на бел коњ,ама принцот никаде го немало-доаѓал само коњот.
Лејди,зошто не пробаш да му сугерираш нешто ,да направи некоја промена.Само немој директно да му кажеш,ќе се навреди сигурно.Пример некогаш натерај го да се прошетате по чаршија,почни малку по малку да му кажуваш дека добро би му стоел некој друг стил на облека,посочи му некое парче како пример,проследи ја неговата реакција ,ќе сфати и тој самиот . Речи му те бендисувам на пр во друга боја маичка,смени малце look,објасни му дека и ти сакаш да правиш промени,прашај го дали тој има некаква идеја за твојот стил на гардероба дали му се допаѓа,и така постепено ќе му кажеш без да го навредиш. Се надевам дека ти помогнав
Отсекогаш сум сакала дечко со долга темна права коса, блед тен и убава (специфична, јас си знам каков тип на) насмевка. Да биде опуштен и open-minded. Сеуште мечтаам за таков... Мојот сегашен дечко нема ниту една од овие карактеристики.
Паа има се што сакам кај едно машко да поседува но сепак уште да имаше и зелени очи ќе беше се туто комплето
Отсекогаш сакав да имам црн дечко, со длабоки црни очи, висок, со добро тело, со најубава насмевка и мистериозен изглед. А да, сакав (обавезно) да е спортист! Имав еден таков, ама пролазен. Џабе ти што ми беше како од мисли изваден, кога карактер имаше една голема 0. Разгален до немајкаде, мамичка уште г*зето што не му го бришеше. Е, сега имам исто еден висок убавец со смеѓа коса и плави очи, преубава и преслатка насмевка составена од бели запчиња подредени како бисерчиња. На прв поглед изгледа невино и нежно, и сите ме прашуваат дали нон стоп се смее?! Висок е скоро 2m и е спортист. (Најбитното! ) Ко ќе видиш само црн не е, за да биде целосно исполнета замислата моја!