црн со големи црни очи ко маслинки му се би сакала да беше малку повисок ама ок е и вака си одговараме шо е најбитно и штикли да ставам пак е повисок а секогаш сум се загледувала во плави со плави очи ко ангели ми се а овој мојов ѓавол за карактер дечко ми е супер некогаш ме нервира ама све у свему најбољи
Па сакав некој воедно возбудлив и начитан.Ама после сватив дека ако е начитан повеќе од мене ќе ми набие комплекс на нижа вредност.Ама никако не смее да биде глупав.Од физички аспект, задоволитено атрактивен,ништо посебно,стандард, посечен.Со стандардни six pack стомачни и натртено газе.Убава машка рака и повисок од мене.Некој што ќе дува марихуана со мене и ќе запалиме некоја нива со отпушокот..незнам секогаш замислував таков, некаков идеален.Што шмука и риба подови по боксерки, мие садови и готви мусака.Потполно го разбира ПМС-от и редовно крева на телефон.Нема женски другарки и не тргнал по швалерај.Не се пијанчи по дупки,барови,локали со расцицлени тетки.Потполно ја разбира мојата потреба да исцицам цело шише пиво дневно..од литар, литар и пол. Ама разбрав дека не е баш интересно да се биде во врска со замислен лик па си најдов вистински, кој чудно ама вистинито поседува некои од наведените карактеристики.И се разбира само затоа што е вистински има и маани ама морам да го сакам со нив.Тука со тешко срце ќе кажам дека скришум од мене Спојлер гледа турски серии
Ма каков принц на коњ ни принц со фиќо не доаѓа...а богами ни на тротинет.Ќе доползи некој колена ама не да ти изјави љубов,туку да му бидеш слуга,мајка,тетка,љубовница...по потреба...
Моето моментално момче е невидливо А сакам да биде средно висок, кратко шишан, згоден, со полна уста, со впечатлив поглед... Секое негово движење да зрачи со машкост, а во исто време да биде и многу внимателен. Да знае кога треба да биде нежен а кога груб, да има во него од се... Да не зјапа по секое женско газе , нога или гради... Да не е мн забеган во филм со другарите. Да е луд, и заебан кога треба... Да го живее животот со страст до степен на губење свест. Со неколку збора, сакам згоден, паметен и луд дечко ....
Сакав малце понизок, и кец ишишан. Инаку имам сеа повисок од мене цела глава, слабичок, и бринета моја е тој Спојлер Битно ми е дека секогаш зборува глупости, и секогаш се смеам додека сум со него.
Сакам да: - До бол да е искрена кон мене и кон себе, - да ми дава подршка кога ми е тешко и да сум првата личност од која ќе побара подршка и прегратка кога не е со сите, - Да ме прави среќен и да можам да ја насмеам до бесвест, - Да ме прави да се чувствувам посебен и во мое присуство да се чувствува сигурно и заштитено, - Да знае да одлепи со мене но и да знае да ми каже дека е време за кочење и дека ако продожам дека ќе претерам, - Да ме предупредува кога влагам во control freak фаза, и да прифаќа и иницира активности спонтано и тотално без план те. да е луда но колку мене, - Да можеме да ќутиме заедно и поради тоа да не ни е непријатно, - Да имаме исти/слични интереси или да е малку повеќе од мене упатена за уметност, музика, книги, филм, фотографија,..... - Да сака да води љубов секој ден и во секое време, - Да е мое сонце, и утро и ноќ и среќа и слатка тага, да сум со неа се, а без неа нецел.
момчето од моите соништа си го имам дефинитивно....висок,убав,црн,развиен,добар,внимателен,секогаш знае да ме развесели и насмее...еех,само да живееше поблиску голем поздрав и бакнежи до сите вас
јас порано сакав богат дечко со убава куќа и јака кола а јас да му бидам дома за украс,ама после сватив дека ова го има на филмовите знаете тоа како по мала ама сега сватив дека не е битна куќата или колата туку битно е да сме среќни тоа е сега тоа што сакам
Ахх, моето сегашно момче е многу секси! Висок, со црна коса, мале4ки о4иња и така средно развиен.. како што ми се допаѓа мене но понекогаш мечтаам и за некој повозрасен.. На пример така мускулест да биде.. ми изгледа како некој херој што сака да ме заштити.. хихих...
Сакав и си добив Се некои слабички , со кафеава коса , со малку промашен стајлинг АМА МАЛКУ отсекогаш мечтаев за дечкото што ми беше другар 1ипол година Кадрава кафеава коса , згоден згоден УПМ ! плочки на сите страни убав ептен и тоа
Момче немам, амааа се надевам во скоро време дека ќе го добијам тоа што го посакувам! Долго време чекам, не сакам да оди преку други тоа ми е многу глупо, местено. Сакав да се случи спонтано да излезам со нови луѓе во нова околина. Се случи тоа што го сакав - го најдов совршениот за мене. Кога викам совршен, мислам во моите очи. Онаков каков што сум го замислувала.. Висок - не е толку, но е повисок од мене. Брада - имаа, има. првата работа што ја приметив кај него Стил - оу јеа, раперче со смкнати панталони. знам, можеби не делува како сериозен човек но се работи за НЕтолку возрасен тип. Насмевка - ахх, кога би бил до мене цело време би го терала да се смее. Има преубава насмевка, забите исто така убаво подредени, крупни, бели.......
Го имам дечко ми од соништата!Никогаш не сум ја гледала и ставала убавината на прво место.Најубавото нешто со него ми беше едномесечното излегување онака хенгинг аут...Висок но не премногу,стилот му е скромен што најмногу ми се допаѓа,искрен,чувствителен најубаво ми е со него
Би сакала да имам дечко со кој би можела да споделам се.Да се чуствувам слободна. Не сум имала до сега некоја долга врска,а многу сакам.Се на се само две ,,мувања" Инаку за физичкиот изглед многу би сакала да е плав,а во последно време сакам и такви на 1 срижани Така добро граден,со плочки на стомакот и пожелно сини очи Ама сепак тоа е само сон.Се што сакам моментално е да најдам некој со кој можам да разговарам за се.Бидејки за мене дечкото освен дечко,прво треба да биде другар па после дечко
Дечкото од соништата, ама баш. Мислам дека нема шанси на некоја да не и се свиѓа хаха. Не е премногу висок, така средна висина ама од мене е повисок Кратко шишан, набилдан( не претерано ) ама онака згодничок си е. Си се облекува убаво, неможам да кажам не иако тоа не е битно многу. Си води лична хигиена ( пошто има некои што го запоставуваат тоа ). Карактерот ми се свиѓа исто, кога ќе почне да ме закачка па да ме зеза кога се смееме се смееме, си пиеме, излегуваме, и сриозен муабет и шала се. Никогаш не би помислила дека ќе имам ваков. А инаку, не сум мечтаела за нешто посебно не сум имала некоја замисла каков дечко би сакала. Битно ми е да ме привлекува физички значи нема везе што се зборува не е битна убавината, кога се знае дека е битно тоа , прво тоа гледаш па после тоа го запознаваш и каков е одвнатре. Сепак кој би сакал да е во врска со некој кој не му е симпатичен?! Карактер и убавина си гледам пред се Малце излегов од тема, ама се надевам нема да ми замерите
Која е поентата да имам момче што не е онакво какво што сум посакувала? За врска и те како сум пребирлива, ако не е „д уан“, со сите доблести и маани што ги сакам од партнер, не ми ни треба. Сегашниот ми е баш она што го сакам. Грижлив а мажествен, ме љуби и го љубам до бескрај, благо екцентричен стил како мојот, ист хумор. Си одговараме во секој поглед.
Па не би рекла дека е баш таков каков што сум го замислувала, ама јас и онака немам одреден тип на машко што ми се свиѓа, јас сум таква кога ќе видам некој проценувам во моментот дали ми се допаѓа (физички изглед) па после и карактер. Сум се залетувала по лоши момци, нели лоши со другите, али со мене добри ау, ама сфатив дека од нив фајде нема ,затоа овој мојов е рипче ко мене, емотивен е, мирен, не се занесува воопшто, ги остава работите спонтано да си течат.. Се разликуваме во некои работи многу, ама тоа не ни е пречка за убаво да се согласуваме. Инаку, кога подобро ќе размислам, можеби по физички изглед не е онаков каков што сум го замислувала, ама сега веќе тој физички изглед не ми е ни важен толку.. ама карактерно е супер. Ми требало некој таков мирен и добар, што ќе ме смири и ќе се грижи за мене, ќе биде тука кога ќе ми треба и секогаш ќе биде отворен за разговор.
Си го читам претходното мислење и времето кога сум го напишала коментарот и сега не би го имала истото. Имаше неколку недостатоци, а некои работи повеќе од потребно, меѓутоа го сакав и тоа не ми беше важно. Колку и да го почитувам уште, не би можела да кажам дека сме прикладни еден за друг, ниту дека го исполнува секое барање. Јас девојки сум една од ретките. I have successfully exited THE FRIEND ZONE. Спојлер Ок, и он исто. Бев претходно во врска 2 години, и мислев на него. Не можам да лажам. Знам дека е лошо, ама не можам против своите чувства. Тој требаше да студира во Канада, и надежта ми беше сведена на 0. Плус се сомневав дека е во тајна врска со една друга негова другарка. Значи една вечер од нигде никаде го тргнав на страна, му кажав се, реков Мери или сега, или никогаш. И од тогаш сум во среќна врска. Никогаш не сум имала ваков однос со некого. Се гледам со него понатаму, затоа што овој пат чувствувам нешто што доаѓа од многу подлабоко. Прв пат јас ќутам и не давам забелешка или не гледам некоја негативност, а земено предвид дека сум песимист, упорно трагам по нешто што нема да ми се допадне. Мислам дека не можев да направам подобра одлука, освен таа уште од прв пат кога почнав да имам чувства да му кажам се, место да потрошам 2 години мајчејќи се себе. И како само се плашам дека фактот што повредив двајца, сега ќе ми се џитне во фаца и ќе биде тежок шамар на карма. Јас сум човек што фантазира. Можеби повеќе од тоа што треба, меѓутоа тоа што во моите мисли беше совршено, е многу под ова што го добив. Се осеќам бедно што треперам и си се смешкам додека си пишувам за него. Карактерно е совршен. Ниту еден недостиг. Има солидно изграден речник и многу интересен стил на зборување, кој многу го сакам. Паметам уште кога бевме другари, од многу порано, го слушав и му се воодушевував на размислувањата и на беспрекорно изградениот карактер. Буквално ме фасцинира. Кога зборува ми иде како муле некое да отворам уста и да кимам со главата. Исклучително е паметен. Спојлер Уште ми стои во глава сликата на моментот кога се заљубив во него. (за карактерот зборам) Е сега нема мускули ниту некое оформено тело. Висок е што многу ми се допаѓа, затоа што до некаде имам комплекс за мојата висина. Повеќето женски сакаат мажи со мускули, стомачни, бицепси. Леле мене тоа колку ми е одбивно. Јас сакам меше. Сакам да штипкам. Ме нервира што не ми верува за ова, ама човекот не е свесен колку ме привлекува и колку не би го сменила неготово тело за ништо. Едноставна таква сум, не ме привлекува таков тип на машки. Стил? Немам запознаено човек кој се облекува поубаво од него. Немам. Ми доаѓа да му кажам teach me, master, teach me. Го сакам неговиот тип на хумор и што постојано ме задева. Јас сум намќор и за мене е многу важно да бидам околу позитивни луѓе за да ме насмеат и да се осеќам убаво. Овој човек го прави тоа без проблеми, не змам како му успева. И да не каже нешто, го гледам и се се смешкам. И на крај, ми се допаѓа како се однесува со мене, тоа што не ме брка он, ниту јас него. Едноставно имаме пријатен разговор, отвореност и еднаквост.
Ме привлекувале плави момци со плави очи, високи, со убаво обликувани раце. Никогаш не сум сакала да има силно изразени мускули, ниту плочки. Сакам да имаат убава насмевка, остар поглед. Ова физичко опишано. А додека карактерно сакам пред се‘ да е уметник, да му читам поезија, да имаме сличен вкус за музика, да чита книги и потоа заедно да ги коментираме, или да црта. Амбициозен, креативен, со свој став, да знае да ми се спротистави ако не сум во право, кога ми е тешко да му се исплачам, но не и да ми даде совет, да не е папучар и да не се согласува со се‘ што ќе речам. А добив.. па сега за сега, не се поклопува барем со се‘ што горе наведов. Иако сум посакувала плави момци, никогаш била со некој плав. И сегашниов ми е црн, висок со убави обликувани раце и убава насмевка и голема доза сериозно. И што е трагичното не е уметник , туку е спортист. Да речам природно интелегентен ќе звучи преценувачки, ама ми се допаѓа како логички размислува и додека сум голем фантазер, тој е мирен сталожен и доста трезвено размислува. И мислам дека ова му е најголемата мана(?) затоа што сум хиперактивна, избувлива и сакам да се карам, а тој се со мирен муабет сака да ги реши работите. Различен вкус за музика имаме дефинитивно и за тоа избувнуваат тие благи конфликти. Абе тотална спротивност сме во карактери, ама си се дополнуваме.