Висок, со кафени очи, црна коса, убав, добар карактер да има.... Веќе го имам и не би го менувала за ништо на светот
Јас имав црно момче не средно по дебелина со зелени очи,висок... Но одсекогаш сум сакала смеѓ со плави очи и плава гиткана коса
сум била со ропачиште тешко со кое навистина незнам како сум одела ,а би сакала да бидам во врска со некој кој има долга косица,тапани и слуша панк и метал(физички изглед),а од се најмногу да ме љуби искрено.
Не знам дали само мене ми предизвикува таква реакција, ама темава поинаку изразена ми звучи како - ајде да ги оговараме дечковците ? Изборот на партнер е еден од најзначајните избори, значи не се бира од старт некој сосема различен, ни пак треба да се надеваме дека нечиј карактер се моделира како пластелин. Јас сум задоволна од мојот избор, иако веројатно би си нашле и двајцата замерки ако запнеме, ама воглавно сме тука на иста или блиска фреквенција, интелектуално-уметничките карактеристики ни се совпаѓаат неверојатно, е сега иако тој е често брутално рационален (изразов е употребен за еден лик од книга за кој двајцата сметаме дека наликуваат многу еден на друг карактерно), додека јас знам да бидам фантазерот, што е очекувано како полова распределба, сепак добро излегува спојот. Ретко се караме искрено, најчесто тоа е во вид на саркастични забелешки, па се стимулираме со изјави од типот ,,можеш ти и подобро од тоа,, или ,,тоа веќе личи на тебе,, па на крај, бидејќи сарказам инволвд нели, завршуваме како се смееме...
сакам да има лешник боја на очи кафена коса или црна .Да биде висок,да биде кошаркар,да не лаже,да не е женкар ..
Jas kakov sakam takov i imam dechko mi e visok, crn i mn zgoden i so karakterot premnogu e slichen kako mene, strasten e i mnogu saka da se gali i da se gushka so mene, my dream boyfriend ))))) [mod-kirilica:2xkw5g6m][/mod-kirilica:2xkw5g6m]
Моето момче е прекрасно, ме сака, ме почитува, има кафена виткана коса (што не ми се допаѓа),повисок од мене 1 глава, не е развиен, не се дотерува по мој вкус, но работиме на тоа.... би сакала да има права коса, не толку густа и остра брада, да е секогаш во мода, развиен малку во рацете и градите се друго му е супер... но иако не е како што сакам јас, сепак го обожавам и не можам без него
Првиот ми дечко беше баш таков како што сум го замислувала и сум сакала да го имам покрај себе совршенство и пакет од убавина, шарм и интелегенција. Овој новиот дечко ми е целосно различен од мој вкус како во физички изглед така и карактерно ама па некако ми е погоден засега (пупу да не не фатат уроци ) ни се поклопуваат добар дел од размислувања, опкружувања, а тие што ни се разликуваат и ствараат празнина некако си ги потполнуваме на некој чудесен начин.
Дечко ми е баш како што сум го замислувала идеалниот, висок, црна коса, остра брада, црни очи, развиено тело, на почетокот не се погаѓавме психички, но сега напредуваме и ни е супер. Подобар и поубав не можам ни да замислам.
Јас најдов онаков каков што барав.. Сонував за добро момче, да знае да сака, да почитува, да попушта и немора да биде убав и згоден.. Ете таков е тој во моите соништа, а истиот тој ги има и во моето срце и е многу убав и згоден.. Тој е единствен кој може да се справи со мојата тврдоглавост и инает. Го сакам
мојов е црн со кафеави очи околу 175, а секогаш сум мислела за некој 185,мускулест, кафеав/плав, со зелени очи абе како мене хаха, пример, оној убавион манекен Мартин како и да се презиваше ееехее, Тасевски, мммм, или пак ако сте чуле за нашата фудбалска надеж Дориан Бабунски, јес да дечкото е 96 али е прееееееезгоден, ист кен е хаааааааа.. лигиииииииииии
Мојот дечко од соништата е русокос со кафеави очи, висок и алтетски граден. Секогаш мечтаев да имам дечко на кој јас ке му бидам центарот на светот, да биде внимателен со мене. Да си ги раскажувме деновите и секој ден (океј не мора секој ден :3) да ми кажува колко многу ме сака. Јас го најдов мојот дечко од соништата и не би го менувала за ништо на овој свет.Толку многу го сакам. Тој толку се труди со мене што во секоја расправија тој прв се извинува, кога сме излезени секогаш ме држи за рака или ме гушка. Еднаш бев слушнала разговор со еден негов другар. Бевме излезени јас и тој со друштвото. Тој и еден негов другар зборуваа нешто за девојки. Овој другаров го праша како може да биде 2 години со една девојка, без да помисли на никоја друга. Одговорот на мојот дечко ме зачуди. ,, Не можеш да го разбереш сега тоа. Ке се појави вистинската и за тебе. Некоја покрај која ке се чуствуваш безбедно и ќе знаеш дека тука ти е местото. Кога ќе ја гледаш, ќе чуствуваш како целиот свет да е тој. Јас ја сакам брат едноставно е,,- тоа беше одговорот на дечко ми. Кога го слушнав тоа срцето ми се стопли и тогаш знаев дека тој е човекот со кој сакам да го минам животот.