тенко влакно, многу ретка коса башка долга до половина значи борби водам кога ке дојде време за чешлање а пусти мерак за долга коса, покрш здравје.... тоа е трпи баба за убавина
Плава..оштетена да не речам слама..сува барут..аа и ке заборавев одоздола виткана а одозгора права со еден збор никаква,ужас, катастрофа ама каква е таква е моја си е
Долга коса, 6-7 цм над половина, кафеава, ни виткана ,ни права, нешто на средина , кршлива што најмногу ме нервира и малку расцветана на врвовите
Средна густина, права, долга до градите некаде. Ја мијам 2 пати неделно, не ми се мрси многу, нормална е, лесно се одржува. Имам некоја си плаво-кафеава нијанса. Односно надворешниот дел (ако може така да се нарече) ми е плав, со кафеави прамени, а пак внатрешниот дел ми е само кафеав. Ми се осветлува надворешниот дел поради Сонцето, па така јас секоја година станувам се' повеќе плава. И така, неможам да си одредам точна нијанса на мојата коса.
Jungle madness тип на коса Должина до над рамена, што прави да изгледам 5 години помала Виткана до тука и назад, на секое миење различно се витка и во последно време навистина не можам да си ја скротам. Одвреме-навреме ми се менува влакното, но во глобала ми е ни мрсно ни суво, онака златна средина. Мека ми е косата памук, бар за тоа си немам мака. А и врвовите не ми цветаат баш баш затоа што ја пеглам еднаш-два пати годишно.
некаде под раменаа ми беше виткана па почнав многу често да ја пеглам и почна да се исправува и сега е некако ни права ни виткана..кафеава ми е и то е то
Виткана коса до под рамениците. Не баш локни локни виткана, туку така само, прекршена. Секој прамен на своја страна си се витка До неодамна, ми беше многу оштетена, од пегли, фенови и такви работи. Отидов кај добар фризер и ми ја средија косата. Ретко ја пеглав, отидов после само врвовите ми ги потскратија. И еве сега, 2 месеци поминаа, косата не сум ја чепнала со ништо ЖЕШКО. Но сонцето ќе ја расипе, така да на крајот на август пак врвовите ќе ги потскратам. Малку офф топик отидов но кога ке се занесам...
многу густа кафена коса ,малку под рамењата.Не ја пеглам,виткам и такви ствари.Ја мијам сега за распустов на два-три дена а инаку два пати неделно зошто многу ми се мрси брзо.Често ми се заплеткува
Долга до задникот, црна (фарбана), тенко влакно, се мрси многу, се заплеткува кога ја чешлам маки мачам, кршлива па ставам секакви препарати да ја обновам и така.