права долга кафена коса која има некакви златникави тонови, порано влакното ми беше поквалитетно но сега веќе почна да се истенчува не знам зашо дали можеби влијае пеглањето
Права такозвана праз коса, која во коренот после првиот ден е мрсна, а врвовите суви и се опоравуваат се' уште од отровот наречен бланш на вашата коса. Тенко влакно, со среден волумен и за среќа - брзо и лесно се средува. Би сакала да си ја пуштам мојата природна боја на косата, за да ја видам, оти очињава не ми ја виделе едно 11 години природната боја, но немам толку трпение, бидејќи сум зависна од промени и експерименти со напатената ми косичка.
На коренот права при врвовите виткана, темно кафена оди накај црно, до рамена со шишки, ми беше густа но ми се изретчи во последно време - мака мачам кога ја средувам не си ја сакам
Сува, густа, природно брановидна а често пати и бајаги виткана коса, како кога, зависи на која нога ќе стане Пошто ми е прилично тешка косата, со самото тоа што моментално ми е долга, ми ги влече кадриците надолу, гравитација овај нали, и не издржуваат долго, па си помагам со креми за виткана коса. Ја мијам преку сила два пати неделно и тоа само заради тоа да не ми мириса, затоа што ми е ужас кога ќе ја измијам, особено во зима, разлетана, лав - грива, дигната до горе, волумен мислиш некој ми пуштил струја. Баш имам тип на коса кој едвај се мрси и многу поубаво се мести вториот евентуално третиот ден после миење. Ама миленичка сум им на фризерите. Секогаш пред да почнат да ми прават било што само ми ја пипкаат и ми велат колку ми дооообра, со оргазмични фаци А јас ги гледам попреку Мислење од стручњак - густа коса, со цврсто влакно, не премногу густа такозвано сено нели, туку баш таман за да можат да се прават секакви облици и фризури. Епа ај фала на комплименат и плукнете 3 пати И да, доказ дека секогаш сакаме да имаме она што го немаме, фризерот мој многу ме кара кога му велам да ми ја пегла косата евентуално фенира. И за инает го зема дифузерот чисто онака да види дали ќе му речам - остави ја гривава колку треба да платам? Умен тој
Права ми е косата природно, не ја пеглам, ама влакното ми е тенко и кршливо и е тешка за одржување баш поради тоа. Ем лесно се оштетува, а ако не ја исушам со фен ми е без волумен, сплескана, безвеза. Плус и фарбана сум. Инаку природна ми е светло кафеава.
Благо виткана (до душа оди од таласаста до убави локни,зависи),сува,порозна,особено од половината на должината,имам по некој многу мазен и мек прамен кој брзо се исправува,средно густа,накај густа повеќе тера,ретко се мрси,ама многу ја допирам па ја подзамрсувам по пат на силување ,а и ме фаќа фобија од мириси на коса,па ја мијам речиси секој ден.Брзо ја губи формата после шишање... Тешка и специфична и за одржување и за обликување...нервоза нумеро еден кога станувам насабајле...
Комплицирана. Нормално густа, ниту премногу, ниту премалку. Влакното ми е суво на врвовите, но не е оштетена, зошто редовно ја кастрам. Коренот не ми се мрси често, ама ја мијам 3 пати во неделата. После миењето е интересно. Бидејќи должината ми е до рамена, има некоја недефинирана таласеста форма ако не ја средам со фен и четка. Ама лесно се обликува и стои така до следното миење. Во лето ми осветлува за 2 нијанси. А сега како што имам остатоци од претходното бојадисување ми се прелива во некоја карамел-костен нијанси. Сега сум задоволна од неа. Затоа во есен.....
Нормална, ни сува ни мрсна. Долга (планирам уште малце да ја пуштам) и многу густа. Дури проблем ми е ова веќе. Може глупо звучи, ама и секој месец да одам на фризер и да ја ретчам, пак е како џунгла. Среќа што ми е права.. уште виткана да е, па кај ќе и биде крајот после. Баш прееска кога ја измив, доби неверојатен волумен (и не, не во позитивна смисла). Па морав да ја пеглам за да заличи на коса. До пред извесно време многу ја пеглав, скоро секој ден. Ама собрав сили и се одвикнав од тоа. Сега еве, само во екстремни случаеви ја употребувам пресата. Инаку многу споро ми расте. А душа давам за голема коса. Уште некој месец ајде.. Инаку за бојата, темно плава, смеѓа, мед боја, не знам како да ја опишам. Едно време бев и црна, па после тоа ептен плава.. ама НИКОГАШ повеќе
Темно кафеава (изгорена од сонцево ) природно виткана, мека а имам волумен и многу ми елесна за одржување, секогаш си имам фризурче и најбитно не ја пеглам еве слика
Никаква. Недефинирана, нит права, нит виткана, не е многу густа, но не е ни ретка. Потпросечна и незадоволителна. Природната боја ми е многу досадно светло кафеава со некој сив сјај и безживотна нијанса. Се средува тоа со интересни фарби. Ако не ја испеглам не сакате да знаете каква ми е. Спојлер A ако сепак сакате, еве ваква, ко од десната страна на сликата. Среќа што постои пеглата и фарбите, ај сеј.
Мојата е од оние пери-носи. Миеш, триеш со пешкир некое време и готово се исушила. Исчешлаш чисто да не ти се замрсило некое праменче, мада тенкс ту Глис-кур, немам такви маки. Права е инаку ко праз. Нема потреба од пеглање, всушност до сега никогаш и ја немам испеглано. За таласеста доволно е да ја изгужвам малку после миење и таласеста имаме..сеа за локни нормално си бара витлер-фигаро... Тенко влакно, инаку, подложно на оштетувања, како цутење у свака доба, поради што си бара мачканици. Ретка, брзо се мрси.. потреба од миење секојдневно. Ама, никој не е совршен, така да и мојата коса, која си бара поттик за да добие елан... т.е бујност иначе сме си ко кравичка да не лижнала и се заборавила во лижењето. Тоа е во главни црти. едит: ќе заборавев расте ко луда... ама си имаме проблеми на периоди со митарење никако да престанеме, како за до смрт.
Густа, сува, де виткана, де права, цврсто влакно! После миење страшна сум, ко вештерка , па затоа 2 пати неделно ја мијам. Не се мрси и чудно ама не попримува мириси. Се фарбам,зависна сум од фарбање и шишање. Сега ми е кратка, лани ми беше скроз. Фризерот мој кога ја шиша и суши, жалниот тој маки си има и ми вели замисли да ти е долга, а јас му велам замисли зошто не ми е долга . Абе лудница е, мојата најголема мака. Но ете си имам предности. Држи фризура и отворена е за секаков вид на експерименти. Ех се што нема поминато таа , но добра е, се држи. За недела дена ќе ја освежам малце, де шишање, де фарбање, потребни и се промени. Ах, заборавив, и мојата расте ко луда, и како што ја носам кратка, брзо губи од формата, но понекогаш ме изненадува па како што расте добива поубава форма, како сега на пример. Реков јас луда е мојата коса .