Нит се тера нит се води. Ретка и безживотна, па морам да го фенирам коренот со огормни четки за да добијам малце волумен. Вториот ден (од миење) почнува да се мрси коренот, а врвовите суви фати ги и се кршат. Се фарбам некоја си лешник боја, а на врвовите од што е сува сум плавуша. Форма? Надувана, а сплескана во корен. Ако не ја исфенирам сум како треските од Македонски народни приказни.
Kaфјава,долга,густа,права,(на врвовите ми се витка)не е лесно за оформување Значи Спојлер мал ужас ама бидејки мн. ја тинтрам! Спојлер ми иде да ја исечам
Долга, густа, тешка. Убава ми е, си ја сакам, но ноќна мора ми е сушењето и чешлањето. Сушење со фен - минимум 15 минути. Да не си ја подречам, пу пу, сега овој период ми паѓа.
Леле ова мојава коса да не е . Иста, иста. Мислам нема потреба да се опишува. Многу си ја мразам косата. А кога одам на фризер, фризерката ми вели Многу убава коса имаш. Ја фарбаш? Не бре од каде фарбање, таква ми е природната боја. И кај мене во зима е никаква. Разлитана на сите можни страни. Користење препарати за волумен нема потреба. Сама си има таа волумен. Само ќе додадам како што кажа Ливинг, Господ здравје да им даде на тие што ги измислија пеглите.
Еве и јас се пронајдов тука, и мојава коса е иста како и вашата. Огромен волумен, таласи на сите страни,е само кога ќе ја испеглам си ја сакам многу и тоа после ден или два откако ќе ја измијам. Тогаш ми е најубава кога ќе се стабилизира малку. Една недела да не ја измијам нема гајле, ретко да се измрси.
Мека,средна густина,прилично тенко влакно,склона кон брзо расцветување и бидејќи ми е светла-мед боја на сонцето кога ќе светне и тоа малце што е расцветано,па мора веднаш да реагирам на алармот кој што ме упатува кај мојот фризер,обично на 3 месеци..Коренот ми се мрси брзо,а надолу останува ко пред еден саат да е миена и тоа најмногу ме нервира.Кога е фенирана или пеглана,не трепнува до наредното миење,али затоа витканото стои некои си 2-3 саати и после ни трага од виткано.Али,во глобала лесна е за справување,не ја фарбам,истата должина ја има веќе неколку години(само шишката варира со форма) и се трудам да не ја оптеретувам многу,многу со препарати.А и порано ми беше погуста и потешка,последниве неколку години откажува послушност на густината
Спојлер Должината е како на сликата. Не е ниту права, ниту виткана, а ги има карактеристиките на двете. Понекогаш е многу лесна за одржување, ама често не можам да ја доведам во ред зошто е тешка и густа. Не знам кој ја измислил пеглата за коса, ама јас му должам многу! Немам проблеми со првут. Ја мијам два-три пати неделно зошто не е сува и не се мрси брзо.
Долга и виткана на покрупни како прекршени делумно прамени, знае да ме изненади и со преубави локни, ама знае и крајот да не можам да и го најдам, дури и да се заплетка во Гордиеви или морски или што ти знам јас какви јазли, чворови дури и да зароби знае некоја четка или чешел, волумен имам вишок и како сите виткани гривни пати од сувост на влакното. И мојава коса е најинает кога е пеглана одма наоѓа начин да се разбранува и најмала влага во атмосфера и предизвикува ПУФ-ефект, читај општа наелектризираност како да сум брцнала раче во штекер.
Ne mnogu dolga i prava kosa. Nekogash znae da mi se podiskrshi, ama zatoa e tuka peglata za kosa. Inaku nemam nikakvi drugi problemi so kosava...ednostavno si ja obozavam
Коренот мрсен, врвовите суви и испукани. Нагоре права и малку сплескана, а надолу накршена. Никогаш неможам целосно да ја исправам, а ако ја виткам може да стои и 2 месеци. Темно кафена, а должината.. колку да си ја пикнам под мишки.
Кафеава кога е виткана, а кога ќе ја испеглам сосема е поинаква иде како смеѓа-хмм чудна коса иста како сопственикот инаку по должина до закопцување на градникот ( ама ви опишав ) и да си с епофалам дека си ја обожавам цела ми е локнички ситни
Кафена ми е, дарк чоколадо Не мие многу темна, но не е ни светла, инаку ми е виткана, не целата, обично повеќе на врвовите ми е
Вашата коса Мојата коса е црна малку виткана, но јас постојано ја пеглам сакам права коса,ја мијам 3 пати во неделата некогаш може да се случи и 4 пати,зависи од ситуација и користам шампон регенератор и маска за коса на Лореал, а пред пеглање ставам силиконски капки од орифлејм
Просек коса а.к.а метличе. Ми се витка нанадвор на краевите, должина: 5 сантима под раменици, значи делот кај лопатката. Шишките ми се долги, степенасто сум шишана, боја -црвена. Немам патец, ја кревам наназад, така ми расте... И ондак, средно густа накај ретка, ми се мрси на 3-4 дена, зависи од времето...
Права ,степенесто стрижена ,природно ми е кафеава со златен сјај и по некој златникав прамен ,шатирана од мајка Рамни шишки 1 цм под веѓа. Ретко се витка нанадвор ,како последица од спиењето ,се тутка во врат и така тоа... Не се плетка ,лесна е за одржување ,нормална накај ретка ,должина јадни 35 цм Моментално сум фарбана црна (горниот дел на косата) ,а од опашките ги истрижив фарбаните остатоци и сега ми само мојата природна боја. По две -три недели ќе ја шатирам ,ми здодеа да се гледам ваква еднобојна.
природно плава коса,долга и права со кркми на страна.чудно дури и што досега не сум поседувала пегла за коса хаха колку и да ја виткам пак за 1 и пол се прави.инаку ми се мрси за 2 дена одприлика...и ја мијам 3 пати во неделата.