Имам црна (фарбана ми е) до под рамениците права ми е но сепак ја припеглувам знам дека е штетно но што да се прави навика
Еве ваква,ја имам ставено и во каква фризура носите,од страна на пеглање немам проблем,ваква ми е исушена сама од себе,без фенови,пегли и слично,арно ама!!!Ми се мрси за неполни 24часа и до сега ништо не ми помогнало за тоа,нема чаре
Ја имам најчудната коса на светот и не знам дали можам да ја типизирам некако. Има периоди кога ми се мрси на коренот, ама мноогу и врвовите пукаат ко у Прва Светска и никако не можам да ја скротам. Понекогаш пак, еве моментално ми е нормализирана малце на коренот, значи не се мрси на 2 дена, ама за сметка на тоа врвовите се екстремно суви. За греота. Инаку чудна ми е и нијансата - пролет/лето руса до светло руса, а зимските периоди знае да премине и во смеѓа, дури и да закачи некоја кафеникава нијанса - менува бои подобро од камелеон, алал да и' е! Формата ми се менува зависно од тоа како ја фенирам, ако ја обрнам надоле е брановидна, ако ја сушам нормално - права, ама се витка нанадвор кај врвовите, што страшно ме нервира.
Имам најлош тип на коса. Права, слизната, препремека и средно ретка. Рок на траење на фризури - половина час. Миење - секој втор ден инаку сум џоа мокро куче што би рекол брат ми.. Единствено си ја сакам бојата и должината моментално.
Црвена,виткана природно,што не си ја сакам баш и затоа често се пеглам. И влакното ми е цврсто, и косата ми се мрси често
Си ја обожавам косата! Долгичка ми е!! не ми се мрси ама ич(да не се урочам пу пу пу)!! после миење ако ја оставам дами се исуши а да не ја начешлам е виткана со локни! а ако ја начешлам..нема некој дефиниран облик..па ако ја начешлам..или ја фаќам у плетенка/и .. ии после ја пуштам..или ја пеглам! во секој случај..и во мн теми имам кометирано..СИ ЈА САКАМ КОСАТА!
Оваа мојава не е тип, мојава е прототип. Прекршена, ни права можеш да ја носиш, ни па е доволно виткана за да излезиш од дома како наа рекламата на ваш енд го. Плус имам празно влакно или како се вика, па цела коса ми е како да те треснале 220вати наеднаш директ под уши. Сума сумарум ако не ја поминам со преса или фигаро на се личам ама на човек не.
Имам смеѓа коса, исечена на степени и не многу бујна ама не многу ретка. Мазна ми е, мека (не дотолку)... Ме нервира што ми се мрси,многу ! И што ми се плетка .. Ама ајде , среќа што имам барем ваква
Многу долга. Имам дебело и многу цврсто влакно. Имам здрава коса, и веројатно сум една од ретките на кои не им се мрси ниту има првут. Само нормална коса. Ја сакам, бидејки никогаш не ми правела проблеми.